ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 15/2 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Сличен материјал
  • Секој ден разгледувај ја Јеховината реч!
    Нашата служба за Царството 2000
  • Како Јехова ни помага да истраеме со радост
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Биди подготвен, верен управителу!
    Исус — патот, вистината и животот
  • Да останеме цврсти како да го гледаме Невидливиот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 15/2 стр. 31

Прашања од читателите

Зошто Исаија 30:21 зборува за Јеховиното слово како да доаѓа од „зад тебе“, кога претходниот стих го сместува Јехова напред со тоа што вели: „Очите ќе ти Го гледаат твојот Учител“?

Во Исаија 30:20, 21 стои: „Веќе нема да се крие твојот [Голем, NW] Учител — очите ќе ти Го гледаат твојот [Голем, NW] Учител. И твоите уши ќе чујат слово како зборува зад тебе: ‚Тоа е патот, одете по него‘, било да тргнувате надесно или налево“.

Ако стихот се разгледува дословно, читателот го гледа Јехова, Големиот Учител, пред себе, но го слуша Неговиот глас одзади. Меѓутоа, зборовите се симболични и треба да се сфатат како такви.

Стилската фигура што е употребена во 20 стих ни создава во умот слика на слуга што му служи на својот господар, секогаш спремен да постапи според упатствата од својот господар. Исто како што еден слуга внимателно ја набљудува раката на својот господар за да забележи што и да било што би укажувало на неговата волја, Јеховиниот народ денес внимателно ги свртува очите кон прогресивните упатства темелени на Библијата што Јехова ги дава преку својата земна организација (Псалм 123:1, 2). Да, тие постапуваат според неговите упатства, будни на сѐ на што укажува Јехова преку „верниот и разборит роб“ (Матеј 24:45—47).

Но, што е тогаш со словото што неговите слуги го слушаат одзади? Разумно е да заклучиме дека гласот одзади е гласот на Бог од минатото, кој зборува преку својата пишана Реч што ја разјаснува преку својот ‚верен настојник‘ (Лука 12:42). Современите слуги на Бог го слушаат неговиот глас така што марливо ја проучуваат Библијата и ги применуваат нејзините начела во својот живот со помош на публикациите што ги подготвува „верниот и разборит роб“, „верниот настојник“. Со тоа што се потпираат и внимаваат на навремените упатства кои Големиот Учител ги дава и со тоа што ја проучуваат Божјата реч, напишана пред многу векови, неговите слуги фигуративно го гледаат пред себе и го слушаат неговиот глас одзади (Римјаните 15:4).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели