ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 1/4 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Сличен материјал
  • Утешни и поучни песни вдахновени од Бог
    Библијата — која е нејзината порака?
  • Избрани стихови од првата книга на Псалмите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Избрани стихови од втората книга на Псалмите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 1/4 стр. 31

Прашања од читателите

Зошто нумерирањето во книгата Псалми се разликува во различни библиски преводи?

Првата комплетна Библија што имала поделба по поглавја и стихови е францускиот превод издаден во 1553 од Робер Естјен. Меѓутоа, изгледа дека книгата Псалми имала поделби долго пред тоа, бидејќи била состав од поединечни псалми, или песни, компонирани од повеќе луѓе.

Се чини дека Јехова најпрво на Давид му дал упатство да собере збирка псалми што ќе се користат во јавното обожавање (1. Летописи 15:16—24). Се верува дека Езра, свештеник и ‚вешт книжевник‘, подоцна бил одговорен за составувањето на целата книга Псалми во нејзиниот конечен облик (Езра 7:6). Како резултат на тоа, кога била составена, книгата Псалми ја сочинувале поединечни псалми.

Во еден говор што го одржал на своето прво мисионерско патување во синагогата во Антиохија (Писидија), апостол Павле цитирал од книгата Псалми и рекол: „Како што е напишано во вториот псалм: ‚Ти си мој син, јас денес ти станав Татко‘ “ (Дела 13:33). Во денешните Библии, овие зборови сѐ уште се наоѓаат во вториот псалм, 7 стих. Меѓутоа, во различни библиски преводи има разлики во нумерирањето на многу од псалмите. Ова е затоа што некои преводи се темелат на хебрејскиот масоретски текст, додека други, пак, се темелат на грчката Септуагинта, која е превод на хебрејскиот текст и била завршена во вториот век пр.н.е. На пример, латинската Вулгата, од која потекнуваат многу католички Библии, го користи нумерирањето на псалмите што се наоѓа во Септуагинтата, додека Превод Нов свет и други преводи го следат нумерирањето од хебрејскиот текст.

Кои се конкретните разлики? Хебрејскиот текст има вкупно 150 псалми. Меѓутоа, Септуагинтата ги комбинира 9 и 10 псалм во еден и 114 и 115 псалм во еден. Понатаму, 116 и 147 псалм ги дели на два псалма. Иако вкупниот број останува ист, во Септуагинтата нумерирањето од 10 до 146 псалм е за еден поназад од хебрејскиот текст. Затоа, познатиот 23 Псалм е 22 Псалм во Свето писмо — издание на светиот архијерејски синод на македонската православна црква, кој го следи нумерирањето во латинската Вулгата, која, пак, од своја страна, ја следи Септуагинтата.

На крај, и броевите на стиховите од некои псалми можат да се разликуваат од еден превод до друг. Зошто? Затоа што, како што вели Cyclopedia на Меклинток и Стронг, некои преводи ја прифаќаат „еврејската практика натписот на псалмот да се смета како прв стих“, но други преводи не го прават тоа. Всушност, ако насловот, или натписот е долг, честопати се смета како два стиха, и според тоа се зголемува и бројот на стиховите во псалмот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели