ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 1/5 стр. 2-4
  • Што би сакал да го прашаш Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што би сакал да го прашаш Бог?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Кој навистина си ти, Боже?
  • Зошто има толку многу страдање?
  • Зошто сум тука? Која е смислата на животот?
  • Како некои добиле одговори
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Која е вистината за Бог?
    Што навистина учи Библијата?
  • Кое е Божјето име?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Дали Бог се грижи за нас?
    Дали Бог се грижи за нас?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 1/5 стр. 2-4

Што би сакал да го прашаш Бог?

ЛУЃЕТО низ целата земја имаат сериозни прашања во врска со животот. Дали имаш и ти? Мнозина им ги поставиле своите прашања на религиозни учители, но не добиле задоволувачки одговори. Други, пак, самите длабоко размислувале за овие прашања. Некои се молеле за водство. Дали е навистина можно да добиеш одговори од Бог за работите што те збунуваат? Меѓу работите за кои многумина рекле дека би сакале да го прашаат Бог се следниве.

Кој навистина си ти, Боже?

Врз начинот на кој луѓето гледаат на Бог влијае нивната култура, религијата на нивните родители и веројатно нивниот сопствен избор. Некои луѓе користат име за тоа Божество; други едноставно го нарекуваат Бог. Дали тоа е навистина важно? Дали има само еден вистински Бог што ни се открива себеси и своето име?

Зошто има толку многу страдање?

Ако поради непромислен или неморален начин на живот некој човек си го уништил здравјето или западнал во сиромаштија, тој можеби ќе се жали. Но, добро знае зошто страда.

Меѓутоа, многу други тешко страдаат не по своја вина. Некои имаат хронични болести. Други се борат со навидум ненадминливи тешкотии за да имаат покрив над главата и доволно храна за своите семејства. Милиони се жртви на криминал, војни, секаков вид насилство, природни катастрофи или неправда од страна на луѓе што имаат авторитет.

Разбирливо е што многумина се прашуваат: ‚Зошто ваквите услови станаа толку раширени? Зошто Бог го допушта сето ова страдање?‘

Зошто сум тука? Која е смислата на животот?

Овие прашања честопати произлегуваат од фрустрацијата што ја чувствува некој човек чија секојдневна активност не успева да му донесе вистинско задоволство — а тоа важи за многу луѓе. Милиони други веруваат дека животниот пат на секој човек е на некој начин предодреден од Бог. Дали е тоа точно? Ако Бог навистина има некоја посебна цел за тебе, без сомнение ќе сакаш да знаеш која е таа цел.

Од сите книги во светот, има една што јасно кажува дека е инспирирана од Бог. Како што и би очекувал од една порака за сите луѓе што навистина е од Бог, оваа книга е достапна на многу повеќе јазици од која и да било друга книга што некогаш била напишана. Тоа е Светата Библија. Во неа, Творецот на небото и земјата, самиот Бог, открива кој е тој и кое е неговото име. Го знаеш ли тоа име? Знаеш ли што вели Библијата за тоа каква Личност е Бог? Знаеш ли што вели таа за тоа што бара Бог од тебе?

[Извор на слика на страница 2]

НАСЛОВНА СТРАНИЦА: Chad Ehlers/Index Stock Photography

[Извор на слика на страница 3]

Планина: Chad Ehlers/Index Stock Photography

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели