ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 15/5 стр. 3
  • Еден многу интересен бродски дневник

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Еден многу интересен бродски дневник
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Сличен материјал
  • Бродскиот дневник на Ное — има ли значење за нас?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Извештајот за Ное и Потопот — дали е само мит?
    Одговор на библиски прашања
  • Верата на Ное го осудува светот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Арката на Ное
    Поуки од Библијата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 15/5 стр. 3

Еден многу интересен бродски дневник

ОД 1928 до 1956, истражувачот Ричард Е. Бирд бил на пет експедиции на Антарктикот. Затоа што водел личен дневник и точни бродски дневници, тој и неговите екипи можеле да ги одредат движењата на ветрот, да подготват мапи и да добијат значителен број информации за континентот Антарктик.

Експедициите на Бирд ја покажуваат вредноста на водењето бродски дневник. Во еден бродски дневник, извештајот е составен од детали за некое патување. Овие информации подоцна можат да се искористат за да се испита што се случило или за да се анализираат информациите што ќе бидат од корист за некои наредни патувања.

Писмото дава многу интересен извештај за Потопот во времето на Ное. Глобалниот Потоп траел повеќе од една година. Во подготовката за Потопот, Ное, неговата жена, нивните три сина и нивните жени поминале 50 или 60 години градејќи арка — огромен брод со зафатнина од околу 40.000 кубни метри. Со која цел? Да се спасат некои луѓе и животни од Потопот (Битие 7:1—3).

Всушност, библиската книга Битие го содржи она што може да се нарече бродски дневник на Ное за тоа што се случувало од почетокот на Потопот па сѐ додека тој и неговото семејство не излегле од арката. Дали тој содржи нешто што е од значење за нас денес?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели