ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 1/7 стр. 9-14
  • „Ете, Овој е нашиот Бог“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Ете, Овој е нашиот Бог“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Возвишен во моќта“
  • Јехова „ја љуби правдата“
  • ‚О длабочино на Божјата . . . мудрост!‘
  • Можно ли е ,да му се приближиш на Бог‘?
    Приближи му се на Јехова
  • Каков е Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • „Сите негови патишта се правда“
    Приближи му се на Јехова
  • Моќ да заштитува — „Бог ни е прибежиште“
    Приближи му се на Јехова
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 1/7 стр. 9-14

„Ете, Овој е нашиот Бог“

Информациите за кои се дискутира во овие две студиски статии се темелат на книгата Приближи му се на Јехова, која беше издадена на обласните конгреси што се одржаа низ целиот свет во текот на 2002 и 2003 година. (Види ја статијата „Исполни празнина во моето срце“, на 20. страница.)

„Ете, Овој е нашиот Бог, во Него се надеваме, Тој нѐ спаси; Тој е Господ“ (ИСАИЈА 25:9).

1, 2. а) Како го нарекол Јехова патријархот Авраам, и на кое прашање би можело да нѐ наведе тоа? б) Како нѐ уверува Библијата дека е возможно да се има близок однос со Бог?

„МОЈ ПРИЈАТЕЛ.“ Така Јехова, Творецот на небото и на земјата, го нарекол патријархот Авраам (Исаија 41:8, NW). Само замисли си — обичен човек да биде пријател со Суверениот Господ на универзумот! Можеби се прашуваш: ‚Зарем е можно јас да бидам толку близок со Бог?‘

2 Библијата нѐ уверува дека е возможно да се има близок однос со Бог. Авраам уживал таква блискост затоа што ‚положил вера во Јехова‘ (Јаков 2:23). И денес Јехова е „близок со праведните“ (Пословици 3:32). Во Јаков 4:8, Библијата нѐ поттикнува: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“. Јасно, ако преземеме чекори да му се приближиме на Јехова, тој ќе се оѕвие. Всушност, тој ќе ни се приближи нам. Но, дали овие инспирирани зборови значат дека ние — грешни, несовршени луѓе — го преземаме првиот чекор? Се разбира дека не. Блискоста со Јехова е можна само затоа што нашиот Бог полн со љубов презел два важни чекора (Псалм 25:14).

3. Кои два чекора ги презел Јехова за да ни овозможи да бидеме пријатели со него?

3 Прво, Јехова направил подготовка Исус „да ја даде својата душа како откупнина во замена за мнозина“ (Матеј 20:28). Таа откупна жртва ни овозможува да му се приближиме на Бог. Библијата вели: „А што се однесува до нас, ние љубиме, бидејќи тој првин нѐ љубеше нас“ (1. Јованово 4:19). Да, бидејќи Бог ‚првин нѐ љубел нас‘, тој поставил темел да стапиме во пријателство со него. Второ, Јехова ни се открил. Во секое пријателство што го градиме, врската се темели на тоа вистински да ја познаваме другата личност, да им се восхитуваме и да ги цениме нејзините карактеристични особини. Размисли што значи тоа. Кога Јехова би бил некој скриен Бог што не може да се запознае, никогаш не би можеле да му се приближиме. Сепак, далеку од тоа да се прикрива, Јехова сака да го запознаеме (Исаија 45:19). Во својата Реч, Библијата, тој се открива себеси со термини што можеме да ги разбереме — што е доказ не само дека нѐ љуби туку и дека сака да го познаваме и да го љубиме како наш небесен Татко.

4. Што ќе чувствуваме за Јехова додека подобро ги запознаваме неговите особини?

4 Дали некогаш си видел како едно мало дете им го покажува татка си на своите другарчиња, а потоа со нескриена радост и гордост им вели: „Ова е мојот тато“? Обожавателите на Бог ги имаат сите причини слично да се чувствуваат во врска со Јехова. Библијата претскажува дека ќе дојде време кога верниот народ ќе извикува: „Ете, Овој е нашиот Бог“ (Исаија 25:8, 9). Колку поголем увид во Јеховините особини ќе стекнуваме толку повеќе ќе чувствуваме дека го имаме најдобриот Татко што може да се замисли. Да, тоа што ќе ги разбереме Јеховините особини ни дава многу причини да му се приближиме. Затоа, да испитаме како Библијата ни ги открива Јеховините главни особини — моќ, правда, мудрост и љубов. Во оваа статија ќе дискутираме за првите три од овие особини.

„Возвишен во моќта“

5. Зошто е соодветно тоа што само Јехова е наречен „Семоќен“, и на кои начини тој ја користи својата моќ што влева страхопочит?

5 Јехова е „возвишен во моќта“ (Јов 37:23, NW). Во Еремија 10:6 стои: „Никој не е како Ти, Господи, Ти си велик и силно е Твоето Име“. За разлика од кое и да е суштество, Јехова има неограничена моќ. Од таа причина, само тој е наречен „Семоќен“ (Откровение 15:3). Јехова ја користи својата моќ што влева страхопочит за да создава, да уништува, да штити и да обновува. Да разгледаме само два примера — неговата создавачка моќ и неговата заштитничка моќ.

6, 7. Колку е моќно Сонцето, и за која важна вистина сведочи тоа?

6 Кога стоиш надвор некој убав летен ден, што чувствуваш на кожата? Топлината на сонцето. Но, ти всушност ги чувствуваш ефектите од Јеховината создавачка моќ. Колку е моќно сонцето? Во јадрото, неговата температура е околу 15.000.000 Целзиусови степени. Кога би можел да земеш едно парче со големина на главче од шпенадла и да го ставиш овде на земјата, не би можел да стоиш безбедно во пречник од 140 километри од тој ситен топлотен извор! Секоја секунда Сонцето емитува енергија еднаква на експлозијата на повеќе стотици милиони нуклеарни бомби. Сепак, Земјата кружи околу таа термонуклеарна печка што влева страхопочит токму на исправното растојание. Ако е преблизу, водата од Земјата ќе испари; ако е предалеку, сета ќе замрзне. Која и да е од овие крајности ќе ја направи нашата планета безживотна.

7 Иако самите нивни животи зависат од сонцето, многу луѓе го сфаќаат како нешто само по себе разбирливо. Затоа го превидуваат она што сонцето може да нѐ научи. Во Псалм 74:16 се вели за Јехова: „Ти ги зацврсти месечината и сонцето“. Да, сонцето го прославува Јехова, „Творецот на небото и на земјата“ (Псалм 146:6, NW). Сепак, тоа е само едно од многубројните созданија што нѐ учат за Јеховината огромна моќ. Колку повеќе учиме за Јеховината создавачка моќ, толку подлабока ќе станува нашата страхопочит кон него.

8, 9. а) Која нежна илустрација ни ја покажува Јеховината спремност да ги штити и да се грижи за своите обожаватели? б) Како се грижел пастирот од библиски времиња за своите овци, и што учиме од тоа за нашиот Голем Пастир?

8 Освен тоа, Јехова ја користи својата огромна моќ за да ги заштити своите слуги и да се грижи за нив. Библијата користи некои живописни, но трогателни илустрации за да ги опише Јеховините ветувања за заштитничка грижа. На пример, забележи го стихот во Исаија 40:11. Таму Јехова се споредува себеси со пастир, а својот народ со овци. Читаме: „Како пастир го пасе Своето стадо, во рацете ги зема јагнињата, ги носи во Својата прегратка, и внимателно ги негува доилките“. Можеш ли да си го замислиш она што е опишано во овој стих?

9 Малку животни се толку беспомошни како домашните овци. Пастирот во библиски времиња морал да биде храбар за да ги заштити своите овци од волци, мечки и лавови (1. Самоил 17:34—36; Јован 10:10—13). Но, имало и прилики кога заштитата и грижата за овците барале нежност. На пример, кога некоја овца се јагнела далеку од стадото, како пастирот ќе го зачувал безбедно незаштитеното ново јагненце? Го носел, можеби со денови, „во Својата прегратка“ — можеби во широките набори на својата горна облека. Но, како доаѓа едно јагненце во прегратката на пастирот? Јагнето би можело да му се приближи на пастирот, па дури и нежно да му ја поттурне ногата. Меѓутоа, пастирот е тој што мора да се наведне, да го земе јагнето и нежно да го стави во сигурноста на својата прегратка. Каква само нежна слика е тоа за спремноста на нашиот Голем Пастир да ги брани и штити своите слуги!

10. Каква заштита обезбедува Јехова денес, и зошто таквата заштита е особено важна?

10 Јехова сторил повеќе отколку само да вети заштита. Во библиски времиња, на чудесни начини покажал дека може „да ги избави од искушение луѓето со побожна оддаденост“ (2. Петрово 2:9). Како стојат работите денес? Знаеме дека сега тој не ја користи својата моќ за да нѐ заштити од несреќа. Меѓутоа, обезбедува нешто многу поважно — духовна заштита. Нашиот Бог полн со љубов нѐ штити од духовна штета на тој начин што нѐ опремува со она што ни е потребно за да ги поднесеме испитите и да го сочуваме нашиот однос со него. На пример, во Лука 11:13 стои: „Ако вие, иако сте зли, знаете како да им давате на своите деца добри дарови, колку повеќе Таткото на небото ќе им даде свет дух на оние кои го молат!“ Таа моќна сила може да нѐ направи дораснати на секое искушение или на секој проблем со кој можеби ќе се соочиме (2. Коринќаните 4:7). Така, Јехова дејствува за да ни го зачува животот, и тоа не само за неколку кратки години, туку за вечно. Имајќи го на ум тој изглед, навистина можеме на секое страдање во овој систем да гледаме како на ‚моментално и лесно‘ (2. Коринќаните 4:17). Зарем не сме привлечени кон еден Бог што со таква љубов ја користи својата моќ во наша корист?

Јехова „ја љуби правдата“

11, 12. а) Зошто Јеховината правда нѐ привлекува кон него? б) До каков заклучок дошол Давид во врска со Јеховината правда, и на кој начин можат да нѐ утешат тие инспирирани зборови?

11 Јехова го прави она што е исправно и фер, и тоа доследно, без пристрасност. Божествената правда не е некоја студена, сурова особина што нѐ одбива, туку драга особина што нѐ привлекува кон Јехова. Библијата јасно ја опишува сочувствителната природа на оваа особина. Затоа, да разгледаме три начини на кои Јехова ја практикува својата правда.

12 Прво, правдата го поттикнува Јехова да покажува верност и лојалност кон своите слуги. Псалмистот Давид од прва рака ја разбрал и научил да ја цени оваа фасета на Јеховината правда. Од сопствено искуство и од своето проучување на Божјиот начин на постапување, до каков заклучок дошол Давид? Тој изјавил: „Господ ја љуби правдата и Своите свети [лојални, NW] не ги остава. Засекогаш ќе бидат сочувани“ (Псалм 37:28). Каква само утешна гаранција! Нашиот Бог нема никогаш, ни за момент, да ги напушти оние што му се лојални. Затоа, можеме да сметаме на неговата блискост и љубезна грижа. Тоа ни го гарантира неговата правда! (Пословици 2:7, 8).

13. Како се гледа Јеховината грижа за обесправените во Законот што му го дал на Израел?

13 Второ, божествената правда е осетлива за потребите на измачените. Јеховината грижа за обесправените се гледа во Законот што Тој му го дал на Израел. На пример, во Законот имало подготовки околу грижата за сирачињата и вдовиците (Второзаконие 24:17—21). Свесен за тоа колку би можел да им биде тежок животот на таквите семејства, самиот Јехова станал нивни татковски Судија и Заштитник (Второзаконие 10:17, 18). Ги предупредил Израелците дека, ако ги малтретираат незаштитените жени и деца, тој задолжително ќе го слушне нивниот повик. „Ќе се распали Мојот гнев“, рекол тој, како што е запишано во Излез 22:22—24. Иако гневот не е негова доминантна особина, намерни дела на неправда предизвикуваат кај Јехова праведна огорченост, особено кога жртвите се ранливи (Псалм 103:6).

14. Што е навистина извонреден доказ за Јеховината непристрасност?

14 Трето, во Второзаконие 10:17, Библијата нѐ уверува дека Јехова „не е пристрасен и не се поткупува“. За разлика од многу луѓе што имаат моќ или влијание, врз Јехова не влијае материјалното богатство или надворешниот изглед. Кај Јехова нема никакви предрасуди ниту фаворитизам. Еден навистина извонреден доказ за неговата непристрасност е овој: Можноста да се стане негов вистински обожавател, со изглед за бескраен живот, не е ограничена само на елита од неколкумина. Напротив, во Дела 10:34, 35 стои: „Бог не е пристрасен, туку во секоја нација му е прифатлив оној кој се плаши од него и кој го прави она што е праведно“. Овој изглед им е отворен на сите без оглед на нивната општествена положба, бојата на кожата или земјата во која живеат. Зарем тоа не е вистинска правда од највисок степен? Навистина, подоброто разбирање на Јеховината правда нѐ привлекува кон него!

‚О длабочино на Божјата . . . мудрост!‘

15. Што е мудрост, и како ја покажува Јехова?

15 Апостол Павле бил поттикнат да извикне, како што е запишано во Римјаните 11:33: ‚О длабочино на Божјата . . . мудрост и спознание!‘ Да, додека размислуваме за различните аспекти на Јеховината огромна мудрост, не можеме а да не бидеме исполнети со страхопочит. Но, како можеме да ја дефинираме оваа особина? Мудроста претставува примена на спознанието, проникливоста и разбирањето за да се добие саканиот ефект. Црпејќи од своето широко спознание и од длабокото разбирање, Јехова секогаш ги донесува најдобрите можни одлуки, спроведувајќи ги преку најдобриот начин на постапување што може да се замисли.

16, 17. Како сведочат Јеховините созданија за неговата огромна мурост? Наведи пример.

16 Кои се некои конкретни докази за Јеховината огромна мудрост? Во Псалм 104:24 стои: „Колку се бројни Твоите дела, о Господи! Со мудрост направи сѐ: земјата е полна со Твои созданија“. Навистина, колку повеќе учиме за она што го направил Јехова, толку е поголема нашата страхопочит кон неговата мудрост. Научниците дознале многу изучувајќи ги Јеховините созданија! Дури постои и поле на инженерството, наречено биомиметика, кое настојува да ги имитира дизајните што се наоѓаат во природата.

17 На пример, можеби некогаш со воодушевување си се загледал во убавината на пајажината. Таа навистина е чудесно дизајнирана. Некои нишки, кои изгледаат толку тенки, се пропорционално појаки од челикот, поцврсти од влакната на еден панцир. Што точно значи тоа? Замисли си пајажина со размер зголемен колку големината на мрежа што се користи во рибарски чамец. Таквата пајажина би била толку јака што би можела да запре патнички авион во лет! Да, Јехова ги направил сите тие работи „со мудрост“.

18. Како се гледа Јеховината мудрост во тоа што употребил луѓе за да ја запишат неговата Реч, Библијата?

18 Најголемиот доказ за Јеховината мудрост може да се најде во неговата Реч, Библијата. Мудрите совети што се наоѓаат на нејзините страници навистина ни го покажуваат најдобриот начин на живот (Исаија 48:17). Но, Јеховината неспоредлива мудрост се гледа и во начинот на кој е напишана Библијата. Како? Во својата мудрост, Јехова избрал да употреби луѓе за да ја запишат неговата Реч. Да употребел ангели да ја запишат инспирираната Реч, дали Библијата ќе ја имала истата привлечност? Точно е дека ангелите можеле да дадат опис за Јехова од своето возвишено гледиште и да ја изразат својата лична оддаденост кон него. Но, дали ние навистина ќе сме можеле да гледаме на работите онака како што гледаат совршените духовни суштества, чие сознание, искуство и сила се супериорни во однос на нашите? (Евреите 2:6, 7).

19. Кој пример покажува дека тоа што биле користени човечки писатели ѝ дава на Библијата огромна топлина и привлечност?

19 Употребата на човечки пишувачи ѝ дава на Библијата огромна топлина и привлечност. Нејзините писатели биле луѓе со чувства како нашите. Како несовршени, тие се соочувале со испити и притисоци слични на нашите. Во некои случаи, тие пишувале во прво лице за своите сопствени чувства и борби (2. Коринќаните 12:7—10). Значи, пишувале со зборови што не можел да ги изрази ниеден ангел. Да ги земеме за пример зборовите на Давид, запишани во 51. псалм. Според натписот, Давид го компонирал овој псалм откако направил тежок грев. Тој си го излеал срцето, изразувајќи големо жалење и преколнувајќи го Бог за простување. Во 2. и 3. стих стои: „Очисти ме од мојот грев. Зашто го признавам своето беззаконие, мојот грев е секогаш пред мене“. Забележи го 5. стих: „Еве, грешен сум веќе роден, во грев ме зачна мојата мајка“. Стих 17 додава: „Смирениот дух е жртва на Бога, нема да го презреш, Боже, понизното и покајничко срце“. Зарем не можеш да ја почуствуваш болката на писателот? Кој, освен несовршен човек, би можел да изрази такви чувства?

20, 21. а) Зошто може да се рече дека, и покрај тоа што биле употребени човечки писатели, Библијата ја содржи Јеховината мудрост? б) За што ќе дискутираме во следната статија?

20 Со тоа што употребил такви несовршени луѓе, Јехова ни го дал токму она што ни е потребно — запис што е ‚инспириран од Бог‘, а сепак го задржува човечкиот елемент (2. Тимотеј 3:16). Да, тие писатели биле водени од светиот дух. Затоа ја запишале Јеховината мудрост, а не својата. Таа мудрост е совршено достојна за доверба. Толку е далеку над нашата сопствена мудрост што Божјата реч со љубов нѐ поттикнува: „Надевај се на [Имај доверба во, NW] Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум. Мисли на Него на сите свои патишта и Тој ќе ги исправи твоите патеки“ (Пословици 3:5, 6). Следејќи го тој мудар совет, му се приближуваме на нашиот семудар Бог.

21 Најпривлечна и најубава од сите особини на Јехова е љубовта. Во следната статија ќе дискутираме за тоа како Јехова покажал љубов.

Можеш ли да се сетиш?

• Кои чекори ги презел Јехова за да ни овозможи да негуваме блискост со него?

• Кои се некои примери за Јеховината создавачка моќ и за неговата заштитничка моќ?

• На кои начини Јехова ја спроведува својата правда?

• Како се гледа Јеховината мудрост во неговите созданија и во Библијата?

[Слика на страница 10]

Како пастир што носи јагне во својата прегратка, Јехова нежно се грижи за своите овци

[Слика на страница 13]

Јеховината мудрост се гледа во начинот на кој е напишана Библијата

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели