„Колку навистина е моќна Божјата реч!“
„РЕЧТА Божја е жива и врши силно влијание“ (Евреите 4:12). Сведочејќи за моќта на Божјата реч, во Календарот на Јеховините сведоци за 2003 беа дадени шест вистински животни приказни на луѓе од различни делови од светот. Под насловот „Пред и потоа“, календарот покажа како образовното дело на Јеховините сведоци им помага на луѓето да го подобрат својот морал, да го остават погубниот животен стил, да го зајакнат својот семеен живот и да негуваат личен однос со Бог.
Беа добиени повеќе писма со благодарност за календарот за 2003. Еве некои од тие коментари:
„Овој календар им е сведоштво на вистинските христијани дека има и други како нив што морале да водат тешка борба за верата. Сега можат да гледаат на сликите како на потсетувања за промените што некои ги направиле“ (Стивен, Соединети Држави).
„Навистина сакав да ги напишам овие неколку зборови за да ви кажам колку ме трогна календарот за 2003. Никогаш ниеден календар немал толку силно влијание врз мене. Овие животни приказни ќе станат дел од материјалот што ќе го носам во мојата чанта за сведочење за да им покажам на луѓето жив и впечатлив доказ за влијанието што Библијата може да го има врз луѓето“ (Марк, Белгија).
„Бев толку трогната од календарот. Се душев од емоции кога читав и гледав како Јехова ги преобразил овие поединци. Како резултат на тоа, подбудена сум да продолжам да правам промени во мојот живот. Сега, повеќе од кога и да е порано, се чувствувам како дел од нашето светско братство (Мери, Соединети Држави).
„Исус бил длабоко трогнат од лошата духовна состојба на мноштвата. Ви благодарам што го имитирате примерот на Христос со тоа што ги објавивте животните приказни во календарот за 2003. Никогаш во животот ниеден календар не ме трогнал до солзи“ (Касандра, Соединети Држави).
„Кога имав 11 години, почнав да пушам; подоцна земав дрога. Често размислував да се самоубијам. Кога го запознав Јехова, ми беше помогнато да се одвикнам од тие навики. Овој календар многу ми значи. Примерите на моите браќа и сестри од различни делови од светот ме зајакнуваат. Сега знам дека не сум сама во оваа борба и дека најважно нешто е љубовта кон Јехова и службата за него со цело срце“ (Маргарет, Полска).
„Ох, колку навистина е моќна Божјата реч! Кога го добив календарот за 2003, одвај се воздржав да не се расплачам. Овие искуства, заедно со сликите, многу ја зајакнуваат верата“ (Дарлин, Соединети Држави).
„Поранешниот начин на живот на некои од овие луѓе е многу сличен на мојот поранешен начин на живот. Јехова ми даде сила да се откажам од навидум ненадминливи пороци. Многу ви благодарам за овие вистински животни приказни“ (Вилијам, Соединети Држави).