ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 15/4 стр. 4-7
  • Кога Божјата волја ќе се врши на Земјата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога Божјата волја ќе се врши на Земјата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Божјата волја во време на побуна
  • ‚Да се врши волјата твоја‘ — потполно
  • Божјето Царство — новото владетелство над Земјата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Дали Земјата ќе биде уништена?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • ”Гледај, сѐ ново создавам!“
    „Гледај! Сѐ ново создавам!“
  • Клучот за еден среќен свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 15/4 стр. 4-7

Кога Божјата волја ќе се врши на Земјата

КОГА ги поучил своите ученици да се молат: „Нека биде волјата твоја, како на небото така и на земјата“, Исус зборувал како некој што имал живеено на небото со Таткото (Матеј 6:10; Јован 1:18; 3:13; 8:42). Во текот на своето претчовечко постоење, Исус го видел времето кога сѐ што се случувало и на небото и на земјата било во склад со Божјата волја. Тоа биле прекрасни времиња исполнети со достигнувања и задоволство (Пословици 8:27—31).

Првите творби на Бог биле духовни суштества, ‚Негови ангели, моќни во силата, кои го исполнуваат Неговиот збор‘. Тие биле и се ‚Негови слуги, што ја исполнуваат Неговата волја‘ (Псалм 103:20, 21). Дали секој од нив си имал своја сопствена волја? Да, при создавањето на земјата, овие ‚Божји синови извикувале од радост‘ (Јов 38:7, NW). Нивната радост покажувала дека и тие лично биле задоволни со намерата на Бог, и ја довеле својата волја во склад со неговата.

Откако ја создал Земјата, Бог ја подготвил за на неа да живеат луѓе и на крајот ги создал првиот човек и првата жена (Битие, 1. поглавје). Дали и ова било нешто достојно за радост? Инспирираниот извештај вели: „И Бог виде сѐ што направи, и ете, беше многу добро“, да, беспрекорно, совршено (Битие 1:31).

Која била Божјата волја за нашите први родители и за нивните потомци? Според Битие 1:28, и таа била нешто многу добро: „Бог ги благослови и им рече Бог: ‚Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја! Владејте над рибите во морето и над птиците во воздухот и над сите живи суштества што лазат по земјата!‘“ За да го исполнат тој прекрасен налог, нашите први родители требало да продолжат да живеат — засекогаш — а исто и нивните потомци. Ништо не навестувало несреќа, неправда, болка или смрт.

Тоа било време кога Божјата волја се вршела и на небото и на Земјата. Оние што ја извршувале неговата волја можеле да најдат задоволство во тоа. Што тргнало наопаку?

Се појавил еден неочекуван предизвик на Божјата волја. Не, тоа не бил предизвик за кој немало одговор. Сепак, тоа бил почетокот на еден долг период на болка и тага што ќе донесе голема збрка во врска со тоа која е Божјата волја за човештвото. Сите ние сме жртви на таа болка и тага. Кој бил тој предизвик?

Божјата волја во време на побуна

Еден од духовните „Божји синови“ увидел можност да ја попречи Божјата волја за човештвото, со намера да извлече корист за себе. Колку повеќе ова духовно суштество размислувало за таа идеја толку поостварлива му се чинела и попривлечна му станувала (Јаков 1:14, 15). Можеби размислувал дека кога би ја натерал првата човечка двојка да го слуша него наместо Бог, тогаш Бог ќе биде принуден да толерира соперничко владеење. Можеби заклучил дека Бог нема да ја погуби двојката зашто тоа би значело дека Божјата намера не успеала. Наместо тоа, Јехова Бог ќе треба да ја промени својата намера и да ја прифати положбата на овој духовен син на кого сега ќе му биде послушно Неговото човечко творештво. Соодветно, тој бунтовник подоцна бил наречен Сатана, т.е. „Противник“ (Јов 1:6).

Во склад со својата желба, Сатана ѝ пришол на жената. Ја наговарал да ја игнорира Божјата волја и да стане морално независна, велејќи: „Навистина, не ќе умрете . . . ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото“ (Битие 3:1—5). На жената ова ѝ се чинело како ослободување и го прифатила она што ѝ изгледало како подобар начин на живот. Подоцна, го убедила и својот маж да ѝ се придружи (Битие 3:6).

Тоа не било Божја волја за двојката. Тоа било нивна волја. А таа донела катастрофални последици. Бог веќе им кажал дека таквиот правец ќе води до смрт (Битие 3:3). Тие не биле создадени да бидат успешни независно од Бог (Еремија 10:23). Освен тоа, ќе станат несовршени, а несовршеноста и смртта ќе се пренесат на нивните потомци (Римјаните 5:12). Сатана не можел да ги смени овие последици.

Дали овие настани засекогаш ја промениле намерата, или волјата, на Бог за човештвото и за Земјата? Не (Исаија 55:9—11). Но, сепак покренале спорни прашања што требало да се одговорат: Можат ли луѓето да „бидат како Бога, распознавајќи го доброто и злото“, како што тврдел Сатана? Или со други зборови, доколку имаме доволно време, можеме ли самите да увидиме што е добро а што зло, што е корисно а што штетно, на секое подрачје во животот? Дали Бог заслужува да му бидеме потполно послушни затоа што неговиот начин на владеење е најдобриот начин? Дали неговата волја заслужува да ѝ бидеме потполно послушни? Како би одговорил ти?

Имало само еден начин да се решат овие спорни прашања пред очите на сите интелигентни творби: Да им се дозволи на оние што бараат независност да се обидат да успеат во тоа. Со тоа што едноставно ќе бидат убиени нема да се решат покренатите спорни прашања. Работите ќе се решат ако ѝ се даде доволно време на човечката раса, зашто резултатите ќе станат очигледни. Бог укажал дека ќе ги среди работите на овој начин кога ѝ рекол на жената дека ќе има деца. Така започнала човечката фамилија. Благодарение на тоа, ние денес постоиме! (Битие 3:16, 20).

Меѓутоа, ова не значело дека Бог ќе им дозволи на луѓето и на бунтовниот духовен син да прават сѐ како што сакаат тие. Бог не се откажал од својата сувереност ниту, пак, од својата намера (Псалм 83:18). Ова го дал јасно на знаење со тоа што прорекол дека на крај подбуцнувачот на побуната ќе биде здробен а сите лоши последици ќе бидат отстранети (Битие 3:15). Значи уште од почетокот, на човечката фамилија ѝ било ветено ослободување.

Во меѓувреме, нашите први родители се оддалечиле себеси и своето потомство од Божјето владеење. За да ги спречи сите лоши последици од нивната одлука, Бог би требало да им ја наметне својата волја на секој нивни чекор. Тоа би било исто како воопшто да не им дозволи да се обидат да бидат независни.

Се разбира, поединци можеле да го изберат Божјето владеење. Тие можеле да дознаат која е Божјата волја за луѓето во текот на тој период и да се придржуваат за неа колку што можат потесно (Псалм 143:10). Сепак, немало да бидат имуни на проблеми сѐ додека прашањето за потполна независност на човештвото останува нерешено.

Последиците од личниот избор станале очигледни рано во човечката историја. Првородениот од човечката фамилија, Каин, го убил својот брат Авел затоа што „неговите дела [на Каин] беа зли, а делата на неговиот брат — праведни“ (1. Јованово 3:12). Тоа не било Божја волја зашто Бог го предупредил Каин а подоцна и го казнил (Битие 4:3—12). Каин ја избрал моралната независност што ја нудел Сатана; според тоа ‚потекнувал од злобниот‘. И други постапиле слично.

По 1.500 години од човечката историја ‚земјата се расипала; земјата се наполнила со насилства‘ (Битие 6:11). За да се заштити Земјата од уништување била потребна одлучна акција. Бог презел акција на тој начин што предизвикал глобален потоп и го заштитил единственото праведно семејство што останало живо — Ное, неговата сопруга, неговите синови и нивните сопруги (Битие 7:1). Сите ние сме нивни потомци.

Оттогаш наваму, низ човечката историја Бог обезбедувал водство за оние што искрено сакале да ја знаат неговата волја. Инспирирал лојални мажи да ги запишат неговите соопштенија за сите што му се обраќале за водство. Овие соопштенија се запишани во Библијата (2. Тимотеј 3:16). Тој со љубов им дозволил на верни луѓе да имаат добар однос со него, дури и да станат негови пријатели (Исаија 41:8). Исто така, им ја дал и силата што им била потребна за да ги поднесат тешките испити што ги претрпело човештвото во текот на овие милениуми на независност (Псалм 46:1; Филипјаните 4:13). Колку само можеме да бидеме благодарни за сето ова!

‚Да се врши волјата твоја‘ — потполно

Она што Бог го направил досега не е целата негова волја за човештвото. Христијанскиот апостол Петар напишал: „Според неговото ветување очекуваме нови небеса и нова земја, и во нив ќе престојува праведност“ (2. Петрово 3:13). Овој симболичен јазик се однесува на една нова влада над човештвото и едно ново човечко општество под таа влада.

Користејќи јасен јазик, пророкот Даниел напишал: „Во времето на овие цареви Небесниот Бог ќе подигне Царство кое никогаш нема да пропадне . . . Тоа ќе ги разбие и ќе ги уништи сите оние царства, а самото ќе стои довека“ (Даниел 2:44). Ова пророштво го претскажува крајот на денешниот неуспешен систем на работи и замената на овој систем со Божјето Царство, или влада. Колку добра вест е ова! Судирите и себичноста што го исполнуваат денешниот свет со насилство и кои се закануваат повторно да ја уништат Земјата, еден ден ќе останат само минато.

Кога ќе се случат овие работи? Учениците на Исус прашале: „Кажи ни: Кога ќе бидат овие работи, и што ќе биде знакот на твојата присутност и на завршетокот на системот на работи?“ Како дел од одговорот, Исус рекол: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целата населена земја за сведоштво на сите нации; и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:3, 14).

Добро е познато дека ова проповедничко дело сега се извршува низ целиот свет. Веројатно си го видел тоа и во твоето соседство. Во својата книга These Also Believe (И овие веруваат), професор Чарлс С. Брејден пишува: „Јеховините сведоци дословно ја прекрија Земјата со своето сведочење . . . Ниту една религиозна група не покажала поголема ревност и истрајност во обидот да ја рашири добрата вест за Царството како Јеховините сведоци“. Сведоците активно ја објавуваат оваа добра вест во повеќе од 230 земји и на речиси 400 јазици. Ова проречено дело никогаш порано не се извршувало во вакви глобални размери. Тоа е еден од многуте докази дека се приближува времето кога ова Царство ќе ги замени човечките влади.

Царството за кое Исус рекол дека ќе се проповеда е токму она Царство за кое што нѐ поучил да се молиме во пример-молитвата: „Нека дојде царството твое. Нека биде волјата твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:10). Да, тоа Царство е средството што Бог ќе го употреби за да ја исполни својата намера, својата волја, за човештвото и за Земјата.

Што значи тоа? Нека одговори Откровение 21:3, 4: „Чув еден силен глас од престолот како вели: ‚Гледај, Божјиот шатор е со луѓето, и тој ќе престојува со нив, и тие ќе бидат негови народи. И самиот Бог ќе биде со нив. И тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ниту ќе има веќе тага ни пискот ни болка. Поранешните работи поминаа‘“. Тогаш Божјата волја навистина ќе се врши и на Земјата и на небото — потполно.a Зарем не би сакал да бидеш дел од тоа?

[Фуснота]

a Ако сакаш да дознаеш повеќе за Божјето Царство, те молиме, контактирај со Јеховините сведоци во твојата околина или пиши на една од адресите наведени на 2. страница од ова списание.

[Слика на страница 5]

Независноста од Бог донела трагедија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели