ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 15/8 стр. 12-17
  • Мразени без причина

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мразени без причина
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Изворот на неоправдана омраза
  • ‚Кога ве укоруваат‘
  • Да се поднесат навредите
  • Зајакни ја својата вера сега
  • Радувај го Бог со својот живот
    Што навистина учи Библијата?
  • Јов го возвишувал името на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Вмешан си во важно спорно прашање
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Ќе го задржиш ли својот интегритет?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 15/8 стр. 12-17

Мразени без причина

„Ме мразеа без причина“ (ЈОВАН 15:25).

1, 2. а) Зошто некои се збунети кога се зборува против христијаните, но зошто тоа не треба да нѐ изненади? б) Која смисла на зборот „мрази“ ќе ја разгледаме во оваа статија? (Види ја фуснотата.)

ЈЕХОВИНИТЕ сведоци се трудат да живеат според начелата од Божјата реч. Како резултат на тоа, во многу земји се на добар глас. Меѓутоа, понекогаш се погрешно претставени. На пример, еден владин службеник од Санкт Петербург (Русија) се сеќава: „Јеховините сведоци ни беа претставени како некоја илегална секта што се крие во тајност и во која се убиваат деца или во која има самоубиства“. Но, откако соработувал со Јеховините сведоци околу подготовките за еден меѓународен конгрес, истиот овој службеник рекол: „Сега гледам нормални, насмеани луѓе . . . Тие се мирољубиви и спокојни, и многу се сакаат еден со друг“. Додал: „Навистина не сфаќам зошто луѓето зборуваат такви лаги за нив“ (1. Петрово 3:16).

2 На слугите на Бог не им е мило кога се оцрнети како злосторници, но не се ни изненадени кога луѓето зборуваат против нив. Исус ги предупредил своите следбеници: „Ако светот ве мрази, знајте дека мене ме мразеше пред да ве мрази вас . . . Тоа е за да се исполни речта запишана во нивниот Закон: ‚Ме мразеа без причина‘ “a (Јован 15:18—20, 25; Псалм 35:19; 69:4). Пред тоа им рекол на своите ученици: „Ако домаќинот го нарекуваат Велзевул, колку повеќе така ќе ги нарекуваат оние од неговото домаќинство?“ (Матеј 10:25). Христијаните сфаќаат дека тоа што трпат навреди е дел од „маченичкиот столб“ што го прифатиле кога станале следбеници на Христос (Матеј 16:24).

3. Во кој обем се прогонувани вистинските обожаватели?

3 Прогонството на вистинските обожаватели има долга историја која се протега сѐ до „праведниот Авел“ (Матеј 23:34, 35). Тоа не е ограничено само на неколку поединечни случаи. Исус рекол дека неговите следбеници ќе бидат „предмет на омраза кај сите луѓе“ поради неговото име (Матеј 10:22). Освен тоа, апостол Павле напишал дека сите Божји слуги — вклучувајќи го и секого од нас — треба да очекуваат дека ќе бидат прогонувани (2. Тимотеј 3:12). Која е причината за тоа?

Изворот на неоправдана омраза

4. Како Библијата го открива изворот на сета неоправдана омраза?

4 Божјата реч открива дека уште во почетокот постоел еден невидлив подбуцнувач. Размисли за суровото убиство на првиот човек од вера, Авел. Библијата вели дека неговиот крволочен брат, Каин, ‚потекнувал од злобниот‘, Сатана Ѓаволот (1. Јованово 3:12). Каин го попримил ставот на Сатана, и Ѓаволот го искористил за да ги изврши своите злобни сплетки. Исто така, Библијата ја открива улогата на Сатана во злобните напади врз Јов и врз Исус Христос (Јов 1:12; 2:6, 7; Јован 8:37, 44; 13:27). Книгата Откровение јасно ни разоткрива од кој извор доаѓа прогонството на Исусовите следбеници кога вели: „Ѓаволот ќе фрла некои од вас во затвор за да бидете потполно искушани“ (Откровение 2:10). Да, Сатана е изворот на сета неоправдана омраза кон Божјиот народ.

5. Која е причината што Сатана ги мрази вистинските обожаватели?

5 Која е причината што Сатана ги мрази вистинските обожаватели? Во една завера од која се гледа неговата огромна самобендисаност, Сатана му се спротивставил на „Царот на вечноста“, Јехова Бог (1. Тимотеј 1:17; 3:6). Тој тврди дека, како владетел, Бог претерано ги ограничува своите творештва и дека никој не му служи на Јехова од чисти мотиви, туку дека луѓето го прават тоа само од корист. Сатана тврди дека доколку му е дозволено да ги стави луѓето на испит, може да ги натера сите до еден да не му служат на Бог (Битие 3:1—6; Јов 1:6—12; 2:1—7). Со тоа што го клевети Јехова дека е угнегувач, лажливец и губитник, Сатана се обидува да се постави на положба на сопернички владетел. Според тоа, неговиот гнев против Божјите слуги е поттикнат од неговиот копнеж да биде обожаван (Матеј 4:8, 9).

6. а) На кој начин ние лично сме вклучени во прашањето во врска со Јеховиниот суверенитет? б) Како тоа што го сфаќаме ова прашање ни помага да го задржиме нашиот интегритет? (Види ја рамката на 16. страница.)

6 Можеш ли да видиш како ова се однесува на твојот живот? Како слуга на Јехова, веројатно си увидел дека, иако е потребен сесрден напор за да се врши Божјата волја, користите од тоа се неспоредливи. Но, што ако поради околностите во животот ти е тешко, па дури и мачно, и понатаму да им бидеш послушен на Јеховините закони и начела? И што ако ти се чини дека не добиваш ништо за возврат? Дали ќе заклучиш дека не вреди да продолжиш да му служиш на Јехова? Или, пак, љубовта кон Јехова и длабокото ценење за неговите прекрасни особини ќе те поттикнат и понатаму да одиш по сите негови патишта? (Второзаконие 10:12, 13). Со тоа што му дозволува на Сатана да ни нанесе извесна мера тешкотии, Јехова му дава прилика на секој од нас лично да одговори на предизвикот на Сатана (Пословици 27:11).

‚Кога ве укоруваат‘

7. Која е една тактика што Ѓаволот ја користи за да нѐ одврати од Јехова?

7 Сега да разгледаме подетално едно од лукавите дела што Сатана ги користи за да ја докаже својата страна во спорното прашање — навреди што се темелат на лаги. Исус го нарекол Сатана „татко на лагата“ (Јован 8:44). Описното име Ѓавол, кое значи „клеветник“, го означува како главен клеветник на Бог, на неговата добра реч и на неговото свето име. За да го доведе во прашање Јеховиниот суверенитет, Ѓаволот користи инсинуации, лажни обвинувања и отворени лаги, а истите овие тактики ги користи за да ги оцрни и лојалните слуги на Бог. Со тоа што ги опсипува овие Сведоци со навреди, тој може да направи да им биде уште потешко да издржат некој тежок испит.

8. Како му нанел Сатана срам на Јов, и со каков резултат?

8 Размисли за она што го снашло Јов, чие име значи „предмет на непријателство“. Освен што предизвикал Јов да ги изгуби средствата за живот, децата и здравјето, Сатана направил Јов да изгледа како грешник што е казнет од Бог. Иако бил многу почитуван, луѓето, па дури и неговите роднини и блиските пријатели, почнале да го презираат (Јов 19:13—19; 29:1, 2, 7—11). Освен тоа, користејќи лажни тешители, Сатана се обидел да го ‚сотре [Јов] со зборови‘, најпрво алудирајќи дека сигурно направил некој тежок грев а потоа и директно осудувајќи го како престапник (Јов 4:6—9; 19:2; 22:5—10). Какво само обесхрабрување било тоа за Јов!

9. Како дошло до тоа Исус да биде прикажан како грешник?

9 Како најистакнат пример за некој што го поддржува Јеховиниот суверенитет, Божјиот Син станал главен предмет на непријателството на Сатана. Кога Исус дошол на Земјата, Сатана се обидел да ја оцрни неговата духовност, како што сторил и со Јов, така што направил Исус да изгледа како грешник (Исаија 53:2—4; Јован 9:24). Луѓето го нарекувале пијаница и ненаситник и велеле дека „има демон“ (Матеј 11:18, 19; Јован 7:20; 8:48; 10:20). Лажно бил обвинет за хулење (Матеј 9:2, 3; 26:63—66; Јован 10:33—36). Ова го вознемирило Исус зашто знаел дека тоа се одразува неповолно врз неговиот Татко (Лука 22:41—44). На крајот, Исус бил прикован на столб како некој проклет криминалец (Матеј 27:38—44). Додека го чувал својот интегритет беспрекорен, Исус претрпел многу „противен говор од грешници“ (Евреите 12:2, 3).

10. Како остатокот од помазаниците е цел на Сатана во современа доба?

10 Во современа доба, остатокот од помазаните Христови следбеници на сличен начин станале предмет на непријателството на Ѓаволот. Сатана е опишан како ‚обвинител на [Христовите] браќа, кој ги обвинува ден и ноќ пред нашиот Бог‘ (Откровение 12:9, 10). Откако бил исфрлен од небото и ограничен во близина на Земјата, Сатана ги засилил своите напори да ги прикаже Христовите браќа како изгнаници што заслужуваат презир (1. Коринќаните 4:13). Во некои земји тие клеветнички се наречени опасна секта, исто како што биле наречени и христијаните од првиот век (Дела 24:5, 14; 28:22). Како што беше спомнато во почетокот, тие се оцрнети преку пропаганда што се темели на лаги. Сепак, „преку слава и бесчестие, преку лош извештај и добар извештај“ помазаните браќа на Христос, потпомогнати од нивните придружници од ‚другите овци‘, понизно се трудат ‚да ги држат заповедите Божји и да го вршат делото на сведочење за Исус‘ (2. Коринќаните 6:8; Јован 10:16; Откровение 12:17).

11, 12. а) Која може да биде причината за некои навреди што христијаните ги доживуваат? б) На кои начини може неправедно да страда некој христијанин поради неговата вера?

11 Се разбира, навредите што слугите на Бог како поединци ги доживуваат не се секогаш „поради праведност“ (Матеј 5:10). Некои проблеми можеби се резултат на нашите несовршености. Нема некоја посебна заслуга ако ‚поднесуваме кога грешиме и нѐ удираат‘. Меѓутоа, ако еден христијанин „поради совеста пред Бог, поднесува болни работи и трпи неправедно, тоа е нешто допадливо“ во очите на Јехова (1. Петрово 2:19, 20). Под кои околности може да се случи ова?

12 Со некои се постапува навредливо затоа што не сакаат да учествуваат во небиблиски погребни обичаи (Второзаконие 14:1). Младите Сведоци непопустливо се нарекувани со погрдни имиња затоа што се придржуваат за Јеховините морални мерила (1. Петрово 4:4). Некои христијански родители неправедно се етикетирани како „немарни“ или „дека ги малтретираат своите деца“ затоа што барале бескрвно медицинско лекување (Дела 15:29). Има христијани што се отфрлени од роднините и од соседите само затоа што станале слуги на Јехова (Матеј 10:34—37). Сите тие го следат примерот што го оставиле пророците и самиот Исус кога неправедно страдале (Матеј 5:11, 12; Јаков 5:10; 1. Петрово 2:21).

Да се поднесат навредите

13. Што може да ни помогне да ја задржиме нашата духовна рамнотежа кога сме соочени со сурови навреди?

13 Кога сурово сме навредувани поради нашата вера, можеби ќе се обесхрабриме, како што се обесхрабрил пророкот Еремија, и можеби ќе се чувствуваме дека не можеме да продолжиме да му служиме на Бог (Еремија 20:7—9). Што може да ни помогне да ја задржиме нашата духовна рамнотежа? Труди се да гледаш на работите онака како што гледа Јехова. Оние што остануваат лојални под испит тој ги смета за победници, а не за жртви (Римјаните 8:37). Обиди се да си ги замислиш оние што го поддржале Јеховиниот суверенитет и покрај каков и да било срам што Ѓаволот би можел да им го нанесе — мажи и жени како Авел, Јов, мајката на Исус, Марија, и други верни лица од древни времиња, како и слугите од современа доба (Евреите 11:35—37; 12:1). Медитирај за нивниот правец на интегритет. Тој голем облак лојални слуги нѐ повикуваат да им се придружиме на победничкиот пиедестал резервиран за оние што го победуваат светот со својата вера (1. Јованово 5:4).

14. Како може горливата молитва да нѐ зајакне да останеме верни?

14 Ако ‚се соберат грижи во нашето срце‘, можеме да му се обратиме на Јехова во горлива молитва и тој ќе нѐ утеши и ќе нѐ зајакне (Псалм 50:15; 94:19). Ќе ни ја даде мудроста што ни е потребна за да се справиме со испитот и ќе ни помогне да го задржиме во фокус големото спорно прашање, Јеховиниот суверенитет, кое е причина за неоправданата омраза кон неговите слуги (Јаков 1:5). Исто така, Јехова може да ни го даде „мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла“ (Филипјаните 4:6, 7). Ова спокојство што го добиваме од Бог нѐ оспособува да останеме смирени и цврсти кога се соочуваме со огромен притисок без да попуштиме пред сомнежот или стравот. Преку неговиот дух, Јехова може да нѐ поддржи низ сѐ што ќе дозволи да нѐ снајде (1. Коринќаните 10:13).

15. Што може да ни помогне да не станеме огорчени кога страдаме?

15 Што може да ни помогне да не нѐ обземе чувство на огорченост кон оние што нѐ мразат без причина? Запомни дека нашите главни непријатели се Сатана и демоните (Ефешаните 6:12). Иако некои луѓе свесно и намерно нѐ прогонуваат, мнозина од оние што му се противат на Божјиот народ го прават тоа од незнаење или затоа што се изманипулирани од другите (Даниел 6:4—16; 1. Тимотеј 1:12, 13). Јехова сака „сите видови луѓе“ да имаат прилика „да се спасат и да дојдат до точно спознание за вистината“ (1. Тимотеј 2:4). Навистина, како резултат на тоа што го забележале нашето беспрекорно однесување, некои поранешни противници сега се наши христијански браќа (1. Петрово 2:12). Освен тоа, можеме да извлечеме поука од примерот на Јосиф, синот на Јаков. Иако многу пострадал поради неговите полубраќа, Јосиф не негувал во себе непријателство кон нив. Зошто? Затоа што увидел дека Јехова е вклучен во работите и дека тој ги води настаните за да ја исполни својата намера (Битие 45:4—8). На сличен начин, Јехова може да предизвика кое и да било неправедно страдање што го трпиме да биде за слава на неговото име (1. Петрово 4:16).

16, 17. Зошто не треба да бидеме претерано загрижени поради напорите на противниците да го спречат нашето проповедничко дело?

16 Не треба да бидеме претерано загрижени ако изгледа дека противниците успеваат за некое време да го спречат напредокот на добрата вест. Преку глобалното сведоштво што се дава Јехова сега ги затресува нациите, и доаѓаат пожелните работи од нив (Агеј 2:7, NW). Христос Исус, Добриот Пастир, рекол: „Моите овци го слушаат мојот глас, и јас ги знам, и тие ме следат. И јас им давам вечен живот . . . и никој нема да ги грабне од мојата рака“ (Јован 10:27—29). Исто така, и светите ангели се вклучени во големата духовна жетва (Матеј 13:39, 41; Откровение 14:6, 7). Затоа, ништо што противниците би го рекле или би го направиле не може да ја осуети Божјата намера (Исаија 54:17; Дела 5:38, 39).

17 Напорите на противниците честопати имаат сосема спротивен ефект. Во една африканска заедница се ширеле голем број ужасни лаги за Јеховините сведоци, меѓу кои и дека го обожаваат Ѓаволот. Поради ова, секогаш кога ќе дошле Сведоците, Грејс ќе отрчела зад куќа и се криела додека да си заминат. Еден ден, пасторот од нејзината црква држел в рака една од нашите публикации и на сите им рекол да не ја читаат зашто таа ќе ги натера да си ја напуштат верата. Тоа ја заскокоткало љубопитноста на Грејс. Следниот пат кога дошле Сведоците, наместо да се крие таа почнала разговор со нив и добила личен примерок од истата публикација. Била започната библиска студија, и во 1996 се крстила. Грејс сега го користи своето време за да најде и други што можеби се погрешно информирани за Јеховините сведоци.

Зајакни ја својата вера сега

18. Зошто е потребно да си ја зајакнеме верата пред да дојдат сурови испити, и како можеме да го направиме тоа?

18 Бидејќи Сатана може во секое време да ни се нафрли со неоправдана омраза, многу е важно сега да си ја зајакнеме верата. Како можеме да го направиме тоа? Во еден извештај од една земја каде што Јеховиниот народ бил прогонуван било кажано: „Едно нешто стана многу јасно: На оние што имаат добри духовни навики и длабоко ценење за вистината не им е проблем да останат цврсти кога ќе дојдат испити. Но, оние што во ‚поволно време‘ пропуштаат состаноци, не се редовни во службата на теренот и што прават компромиси во малите работи честопати паѓаат кога ќе дојде некој ‚жесток‘ испит“ (2. Тимотеј 4:2). Ако гледаш дека има подрачја на кои треба да се подобриш, вложи напор да го направиш тоа без одложување (Псалм 119:60).

19. Што постигнува интегритетот на Божјите слуги и покрај неоправданата омраза?

19 Интегритетот на вистинските обожаватели и покрај омразата со која Сатана покосува сѐ наоколу е жив доказ за законитоста, заслуженоста и праведноста на Јеховиниот суверенитет. Нивната верност го радува срцето на Бог. Иако луѓето можеби ќе ги опсипуваат со навреди, оној чиешто достоинство е над земјата и небото „не се срами од нив да го повикуваат како свој Бог“. Навистина, за таквите лојални со право може да се рече: „Светот не беше достоен за нив“ (Евреите 11:16, 38).

[Фуснота]

a Во Писмото, зборот „мрази“ има неколку различни нијанси во значењето. Во некој контекст едноставно значи да сакаш во помала мера. Исто така, „мрази“ може да значи силна одбивност, но без намера да се нанесе штета, туку со намера некој или нешто да се одбегнува поради чувство на презир. Меѓутоа, зборот „мрази“ може да укажува и на силно непријателство, долго подгревана омраза честопати проследена со злоба. Во оваа статија ќе ја разгледаме токму оваа смисла на зборот.

Можеш ли да објасниш?

• Која е причината за неоправданата омраза кон вистинските обожаватели?

• Како Сатана ги употребил навредите кога се обидел да го скрши интегритетот на Јов и на Исус?

• Како нѐ зајакнува Јехова за да останеме цврсти и покрај сатанската омраза?

[Рамка/слика на страница 16]

Тие сфатиле за што навистина се работи

Еден Јеховин сведок од Украина, каде што делото на проповедање на Царството беше забрането повеќе од 50 години, забележал: „Ситуацијата во која се најдоа Јеховините сведоци не треба да се гледа само од аспект на човечки односи . . . Повеќето од службените лица едноставно си ја вршеа работата. Кога се смени владата, службените лица ја променија својата лојалност, но ние останавме исти. Сфативме дека вистинскиот извор на нашите проблеми е разоткриен во Библијата.

Не се сметавме само за невини жртви на сурови луѓе. Она што ни помогна да истраеме беше јасното разбирање на спорното прашање покренато во градината Еден — спорното прашање во врска со правото на Бог да владее . . . Ние зазедовме став во едно спорно прашање кое не е поврзано само со личните интереси на луѓето туку и со интересите на Суверенот на универзумот. Имавме многу подлабоко разбирање за она за што навистина се работеше. Тоа нѐ зајакна и нѐ оспособи да го задржиме нашиот интегритет во крајно тешки околности“.

[Слика]

Виктор Попович, уапсен во 1970

[Слика на страница 13]

Кој стоел зад навредите на коишто бил изложен Исус?

[Слики на страница 15]

Јов, Марија и Божјите слуги во современа доба, како што е Стенли Џонс, го поддржале Јеховиниот суверенитет

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели