ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 1/10 стр. 29
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Сличен материјал
  • Имаш ли „слобода на говорот“?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Сакај го Богот што те сака
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 1/10 стр. 29

Прашања од читателите

Кога апостол Јован напишал дека „совршената љубов го истерува стравот“, што мислел со ‚совршена љубов‘, и кој ‚страв‘ е истеран?

„Во љубовта нема страв“, напишал апостол Јован, „но совршената љубов го истерува стравот, бидејќи стравот дејствува како препрека. Навистина, кој се плаши не е направен совршен во љубовта“ (1. Јованово 4:18).

Контекстот покажува дека Јован зборувал за слобода на говорот — конкретно за односот помеѓу љубовта кон Бог и слободата на говор со него. Ова може да се види од она што стои во 17. стих: „Така љубовта е направена совршена кај нас за да имаме слобода на говорот во денот на судот“. Степенот до кој еден христијанин го сака Бог и ја чувствува Божјата љубов кон себе има директно влијание врз неговата слобода на говор — или недостигот од неа — кога му пристапува на Бог во молитва.

Изразот ‚совршена љубов‘ е значаен. Кога е употребен во Библијата, зборот „совршен“ не значи секогаш совршенство во апсолутна смисла, т.е. во највисок степен, туку честопати значи совршенство во релативна смисла. На пример, во својата Проповед на Гората, Исус рекол: „Според тоа, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко“. Исус им рекол на своите следбеници дека ако ги сакаат само оние што нив ги сакаат, нивната љубов би била непотполна, недоволна, неисправна. Тие требало да ја усовршат, односно да ја доведат до потполна мера, нивната љубов така што ќе ги сакаат и своите непријатели. Значи, слично на тоа, кога Јован пишувал за ‚совршена љубов‘, зборувал за љубов кон Бог од сето срце, што е потполно развиена и која ги опфаќа сите аспекти од животот (Матеј 5:46—48; 19:20, 21).

Кога му пристапува на Бог во молитва, еден христијанин е сосем свесен дека е грешен и несовршен. Меѓутоа, ако неговата љубов кон Бог и чувството дека и Бог го сака него се потполно развиени, него нема да го кочи стравот дека ќе биде осуден или отфрлен. Напротив, тој има слобода на говорот да си каже сѐ што му е на срце и да побара прошка на темел на откупната жртва што Бог ја дал преку Исус Христос. Тој се чувствува сигурен дека Бог поволно ќе ги услиши неговите молби.

Како може некој да биде „направен совршен во љубовта“ и на тој начин да ‚го истера стравот‘ дека ќе биде осуден или отфрлен? „Кој ја држи неговата [Божјата] реч, навистина во него љубовта кон Бог станала совршена“, рекол апостол Јован (1. Јованово 2:5). Размисли: Ако Бог нѐ сакал уште додека бевме грешници, зарем нема да нѐ сака уште повеќе ако навистина се каеме и марливо ‚ја држиме неговата реч‘? (Римјаните 5:8; 1. Јованово 4:10). Навистина, сѐ додека сме верни, можеме да го имаме истото уверување што го имал апостол Павле кога рекол за Бог: „Оној кој не го поштеди ни својот сопствен Син, туку го предаде за сите нас, зошто тогаш со него да не ни даде љубезно и сѐ друго?“ (Римјаните 8:32).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели