ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w05 1/6 стр. 29-30
  • Не откажувај се да го правиш она што е добро

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Не откажувај се да го правиш она што е добро
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Помош за да го правиме она што е добро
  • Добри дела — „причина за фалба и слава“
  • Како треба да гледаме на искушенијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Продолжи ,да го правиш она што е добро‘
    Нашата служба за Царството 2001
  • Јехова ни помага кога доживуваме неволји
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
w05 1/6 стр. 29-30

Не откажувај се да го правиш она што е добро

„ЗАДРЖЕТЕ го своето добро однесување меѓу нациите“, советувал апостол Петар (1. Петрово 2:12). Грчкиот збор преведен со „добро“ значи нешто „убаво, благородно, чесно, извонредно“. Во времето во кое живееме, изгледа безнадежно нереалистично да очекуваме луѓето да се однесуваат благородно или чесно. Сепак, општо земено, Јеховиниот народ денес успева да му биде послушен на советот што го дал Петар. Всушност, насекаде во светот, тие се познати по своето добро однесување.

Ова е од особено значење кога ќе се земат предвид проблемите и грижите со кои се соочуваме во овие „критични времиња со кои тешко . . . се излегува на крај“ (2. Тимотеј 3:1). Секојдневно се справуваме со испити и со противење од лица на кои не им се допаѓа христијанскиот живот што го водиме. Освен тоа, иако некои испити се краткотрајни, други продолжуваат да траат без попуштање, па дури и се влошуваат. И покрај сѐ, апостол Павле опоменал: „Да не се откажуваме да го правиме она што е добро, бидејќи во свое време ќе пожнееме ако не се умориме“ (Галатите 6:9). Но, како можеме да го правиме — и да продолжиме да го правиме — она што е добро додека се справуваме со тешки испити и непопустливо непријателство?

Помош за да го правиме она што е добро

Јасно е дека ‚благородноста, чесноста и извонредноста‘ се особини што се поврзани со внатрешниот човек — тоа се особини на срцето. Значи, нашето добро однесување кога се соочуваме со искушенија и тешкотии не е само моментална реакција на ситуацијата туку е резултат на тоа што секојдневно ги слушаме и применуваме библиските начела во сите аспекти на животот. Кои работи можат да ни помогнат да задржиме добро однесување? Еве некои од нив.

Имај умствен став каков што имал Христос. Потребна е понизност да издржиме кога ни се чини дека ни е нанесена неправда. Мала е веројатноста дека едно лице што има високо мислење за себеси ќе може да претрпи некој лошо да се однесува со него. Но, Исус ‚се понизил и станал послушен сѐ до смрт‘ (Филипјаните 2:5, 8). Ако се угледаме на него, нема да ‚се умориме и да малаксаме‘ во нашата света служба (Евреите 12:2, 3). Покажувај понизна послушност така што спремно ќе соработуваш со оние што преземаат водство во твоето собрание (Евреите 13:17). Научи да ги гледаш другите како „подобри“ од тебе, и да го ставаш нивното добро пред твоите лични интереси (Филипјаните 2:3, 4).

Не заборавај дека Јехова те сака. Мора да се увериме дека Јехова „постои и дека ги наградува оние кои сесрдно го бараат“ (Евреите 11:6). Тој искрено се грижи за нас и сака да добиеме вечен живот (1. Тимотеј 2:4; 1. Петрово 5:7). Тоа што ќе си спомнуваме дека ништо не може да нѐ одвои од Божјата љубов ќе ни помогне да не се предадеме кога ќе се соочиме со испити (Римјаните 8:38, 39).

Имај целосна доверба во Јехова. Довербата во Бог е од пресудна важност, особено ако ни се чини дека испитите немаат крај или дека животот ни е во опасност. Мораме да имаме безусловна доверба дека Јехова нема да дозволи да бидеме искушани ‚повеќе од она што можеме да го носиме‘, дека секогаш „ќе направи и излез“ (1. Коринќаните 10:13). Ако имаме доверба во Јехова, можеме храбро да се соочиме дури и со смртна закана (2. Коринќаните 1:8, 9).

Истрај во молитва. Многу е важно да му се молиме на Јехова од срце (Римјаните 12:12). Искрената молитва е еден начин на кој му се приближуваме на Јехова (Јаков 4:8). Од лично искуство сфаќаме дека „што и да бараме . . . тој нѐ слуша“ (1. Јованово 5:14). Ако Јехова дозволува нашите искушенија да потраат и со тоа да биде испитана нашата беспрекорност, треба да се молиме да ни даде помош да издржиме (Лука 22:41-43). Молитвата помага да сфатиме дека никогаш не сме сами, и дека штом Јехова е на наша страна, секогаш ќе бидеме победници (Римјаните 8:31, 37).

Добри дела — „причина за фалба и слава“

Одвреме-навреме сите христијани се „разжалостени . . . со разни искушенија“. Сепак, не смееме ‚да се откажеме да го правиме она што е добро‘. Кога ќе се соочиш со проблеми, црпи сила од сознанието дека, на крајот, твојата верност ќе биде „причина за фалба и слава и чест“ (1. Петрово 1:6, 7). Извлечи максимална корист од сите духовни подготовки што Јехова ги прави за да те зајакне. Кога ти е потребно лично внимание, разговарај со оние што служат како пастири, учители и советници во христијанското собрание (Дела 20:28). Редовно присуствувај на сите собраниски состаноци, кои нѐ ‚поттикнуваат кон љубов и кон извонредни дела‘ (Евреите 10:24). Ако секојдневно ја читаш Библијата и ако лично проучуваш, ќе можеш да останеш буден и духовно јак. Многу ќе ти помогне и редовното учество во христијанската служба (Псалм 1:1-3; Матеј 24:14).

Колку повеќе ја вкусуваш Јеховината љубов и грижа, толку повеќе ќе расте твојата желба да бидеш „ревносен за добри дела“ (Тит 2:14). Запомни, „кој ќе истрае до крај, тој ќе биде спасен“ (Матеј 24:13). Затоа, биди одлучен да ‚не се откажеш да го правиш она што е добро‘!

[Истакната мисла на страница 29]

Мора да имаме безусловна доверба дека Јехова нема да дозволи да бидеме искушани ‚повеќе од она што можеме да го носиме‘, дека секогаш „ќе направи и излез“

[Слики на страница 30]

Ако сме зафатени со теократски активности, ќе се подготвиме да се соочиме со искушенија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели