ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w05 15/6 стр. 30-31
  • Можеме да го пребродиме секое искушение!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можеме да го пребродиме секое искушение!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Божјата незаслужена љубезност која се изразува на разни начини“
  • Божјата незаслужена љубезност помага да ги издржиме искушенијата
  • „Богот на секоја утеха“
  • Биди благодарен за Божјата незаслужена доброта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • И покрај испити, држи се цврсто за својата вера!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Дали си ‚управител на Божјата незаслужена доброта‘?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
w05 15/6 стр. 30-31

Можеме да го пребродиме секое искушение!

ДАЛИ во моментов се соочуваш со некое искушение во животот што ја става твојата вера на испит? Дали се чувствуваш очајно и мислиш дека си немоќен да се справиш успешно со него? Дали можеби понекогаш мислиш дека никој друг нема таков проблем како ти и дека за твојот проблем нема решение? Ако твојот одговор на овие прашања е потврден, не очајувај! Сеедно со какви искушенија се соочуваме, Библијата нѐ уверува дека Бог може да ни даде сила да ги пребродиме.

Библијата покажува дека Божјите слуги ќе ‚се соочат со разни искушенија‘ (Јаков 1:2). Да му обрнеме внимание на зборот „разни“ (грчки: poikilos). Кога се користел во минатото, овој старогрчки збор имал значење „многубројни и различни“ или „разнобојни“, при што била нагласена „разновидноста на искушенијата“. Според тоа, ‚разните искушенија‘, симболично кажано, се јавуваат во многу бои. Сепак, Јехова ни помага да се справиме со секое од нив. Зошто можеме да бидеме сигурни во ова?

„Божјата незаслужена љубезност која се изразува на разни начини“

Апостол Петар пишува дека христијаните се „разжалостени . . . со разни искушенија“ (1. Петрово 1:6). Нешто подолу во своето инспирирано писмо, тој вели дека „Божјата незаслужена љубезност . . . се изразува на различни начини“ (1. Петрово 4:10). Фразата „на различни начини“ содржи еден облик на истиот старогрчки збор. Во врска со овој израз, еден изучувач на Библијата забележува: „Ова е неверојатно длабока мисла . . . Да се каже дека Божјата милост [или: незаслужена љубезност] е poikilos значи дека нема ниедна ‚боја‘, односно ситуација во животот на човекот со која Божјата милост не може да се справи и да ја надмине“. Тој продолжува: „Не може да се замисли ниеден склоп на околности, ниедна критична или итна ситуација или, пак, потреба, до која Божјата милост нема да може да допре и нема да може со успех да ја реши и да ја преброди. Не постои ништо во животот со кое Божјата милост не може да излезе на крај. Овој живописен збор poikilos веднаш ни ја враќа во мислите ‚разнобојната‘ Божја милост која навистина ни е доволна за да издржиме сѐ“.

Божјата незаслужена љубезност помага да ги издржиме искушенијата

Петар вели дека еден начин на кој Бог ја покажува својата незаслужена љубезност е преку разните личности во христијанското собрание (1. Петрово 4:11). Секој Божји слуга има духовни дарови, или способности, што можат да послужат како извор на охрабрување за оние што се соочуваат со искушенија (Римјаните 12:6-8). На пример, некои членови во собранието поучуваат на извонреден начин. Нивните мудри зборови ги бодрат и ги мотивираат другите да издржат (Неемија 8:1-4, 8, 12). Други, пак, прават редовни пастирски посети во домовите на оние што имаат потреба од помош и поддршка. Таквите посети им даваат прилика да ги охрабрат другите, да им ги „утешат срцата“ (Колошаните 2:2). Кога надгледниците прават вакви посети за да зајакнат нечија вера, тие, всушност, даваат духовен дар (Јован 21:16). Но, во собранието има и такви што се познати по тоа дека се срдечни, сочувствителни и нежни кон оние што се ожалостени поради искушенијата со кои се соочуваат (Дела 4:36; Римјаните 12:10; Колошаните 3:10). Соживувањето и помошта на дело што со љубов ја даваат тие браќа и сестри е значаен израз, или „боја“ на Божјата незаслужена љубезност (Пословици 12:25; 17:17).

„Богот на секоја утеха“

Пред сѐ, Јехова дава утеха. Тој е „Богот на секоја утеха, кој нѐ теши во секоја наша неволја“ (2. Коринќаните 1:3, 4). Мудроста што се наоѓа во Божјата инспирирана реч и силата што ја дава преку светиот дух се главните средства што Јехова ги користи за да одговори на нашите молитви за помош (Исаија 30:18, 21; Лука 11:13; Јован 14:16). Можеме да се охрабриме од ветувањето што бил инспириран да го даде апостол Павле, кога рекол: „Бог е верен и нема да дозволи да бидете искушани повеќе од она што можете да го носите, туку заедно со искушението ќе направи и излез за да можете да го поднесете“ (1. Коринќаните 10:13).

Да, за секоја можна „боја“, или природа на нашите искушенија, постои исто таква „боја“, или израз, на Божјата незаслужена љубезност што ќе ни помогне да издржиме (Јаков 1:17). Навремената и соодветната поддршка што Јехова им ја дава на своите слуги — без оглед на тоа колку разнообразни се нивните искушенија или проблеми — не е ништо друго туку уште еден доказ за „Божјата мудрост која е многу разнолика“ (Ефешаните 3:10). Зарем не се сложуваш со ова?

[Слики на страница 31]

Јехова ни помага да ги пребродиме искушенијата

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели