Прилози што го радуваат Бог
ПРИКАЗНАТА не е баш убава. Царицата Готолија го присвоила престолот на Јуда со помош на измама и убиство. Доаѓајќи до погрешен заклучок дека сите законски наследници се убиени, се устоличила за царица. Една друга жена, принцезата Јосавеа, која многу го сакала Јехова и неговиот Закон, смело скрила едно од царските деца, бебето Јоас. Јосавеа и маж ѝ, првосвештеникот Јодај, шест години го криеле наследникот во нивните простории во храмот (2. Цареви 11:1-3).
Кога Јоас наполнил седум години, првосвештеникот Јодај бил подготвен да го спроведе својот план да ја тргне царицата од престолот на кој дошла со измама. Го извел момчето што го криел и го крунисал како законски наследник на царството. Потоа царските стражари ја одвлечкале злобната царица Готолија надвор од храмскиот имот и ја убиле, на олеснување и радост на народот. Со своите постапки, Јодај и Јосавеа дале голем придонес за обновување на вистинското обожавање во Јуда. Но, што е уште поважно, придонеле да се продолжи царската лоза на Давид, од која дошол Месијата (2. Цареви 11:4-21).
И новоустоличениот цар требало да даде свој придонес за да го израдува Бог. На Јеховиниот дом очајно му биле потребни поправки. Поради неконтролираната амбиција на Готолија да биде единствен владетел на Јуда, храмот не само што бил запоставен туку бил и опљачкан. Затоа, Јоас цврсто решил повторно да го изгради и да го обнови. Без одложување, издал наредба да се соберат средства за обновување на Јеховиниот дом. Рекол: „Сите сребреници од посветените дарови што се донесени во Господовиот Дом; сребрениците што му се наметнати некому со преценка и сребрениците што некој ги донесува по своја волја во Господовиот Дом, свештениците нека земат секој од својот познат, и тие нека го поправат со тоа Домот, каде што ќе се најде некакво оштетување“ (2. Цареви 12:4, 5).
Луѓето доброволно дале прилози. Меѓутоа, свештениците не ја извршувале со сета душа својата должност во поправањето на храмот. Затоа, царот решил да ги земе работите во свои раце и наредил сите прилози да бидат ставани директно во една посебна кутија. Оваа одговорност му ја дал на Јодај, и во извештајот се вели: „Тогаш свештеникот Јодај зеде ковчег, засече отвор врз капакот и го стави покрај жртвеникот, десно од влезот во Господовиот Дом. Свештениците, чуварите на вратата, ги ставаа во него сите сребреници собрани во Господовиот Дом. Кога ќе се видеше дека во ковчегот има многу сребреници, ќе дојдеше царевиот тајник со великиот свештеник, та ќе ги преброеја и ќе ги врзеа сребрениците што се наоѓаа во Господовиот Дом. Преброените сребреници му беа врачувани на управителите на работите за поправката на Господовиот Дом, а тие им исплаќаа на дрводелците и на градежниците, кои работеа во Господовиот Дом, и на ѕидарите и на делкачите на камен, и за набавување на дрво и на делкан камен, одредени за поправка на Господовиот Дом, накратко: за трошоците за поправката на Домот“ (2. Цареви 12:9-12).
Луѓето давале од сѐ срце. Јеховиниот дом на обожавање бил поправен за обожавањето да продолжи на достоинствен начин. Значи, сите приложени средства биле употребени како што треба. Царот Јоас се погрижил да биде токму така!
Денес, Јеховината видлива организација внимателно гледа сите приложени средства да бидат исправно употребени за да напредува обожавањето на Јехова, а вистинските христијани даваат исто како и тие древни Израелци — од сѐ срце. Можеби и ти си меѓу оние што изминатата службена година дале прилози за да се поддржат активностите на Царството. Да разгледаме некои начини на кои биле искористени твоите прилози.
ИЗДАВАШТВО
Низ целиот свет, за проучување и дистрибуирање беа издадени следниве публикации:
• Книги: 47.490.247
• Џебни брошури: 6.834.740
• Брошури: 167.854.462
• Календари: 5.405.955
• Списанија: 1.179.266.348
• Трактати: 440.995.740
• Видеокасети: 3.168.611
Се печати во Африка, Северна, Централна и Јужна Америка, Азија, Европа и на островските земји во Пацификот — вкупно во 19 земји.
„Се викам Кејтлин Меј и имам осум години. Имам 28 долари и сакам да ви ги дадам за да платите за печатарските машини. Вашата мала сестра, Кејтлин.“
„Се собравме како семејство за да разговараме за новите печатарски машини. Нашите деца, на возраст од 11 и 9 години, решија да дадат нешто од своите заштедени пари. Среќни сме што можеме да ви ги испратиме нивните прилози заедно со нашиот.“
ИЗГРАДБА
Ова се некои градежни проекти што се преземени за да се поддржи активноста на Јеховините сведоци:
• Сали на Царството во земји со ограничени средства: 2.180
• Конгресни сали: 15
• Подружници: 10
• Меѓународни доброволци во полновремена служба: 2.342
„Овој викенд го одржавме првиот состанок во нашата нова Сала на Царството. Пресреќни сме што имаме соодветно место во кое можеме да му оддаваме слава на нашиот Татко, Јехова Бог. Благодарни сме му на Јехова и вам што размислувате за нашите потреби и градите уште Сали на Царството. Навистина, нашата Сала на Царството вистински ја разубавува населбата“ (Чиле).
„Браќата и сестрите многу ја ценат помошта од Јеховината организација. До ден-денес раскажуваме колку убаво си поминавме со екипата за градба“ (Молдавија).
„Јас и жена ми неодамна ја прославивме 35-годишнината од нашиот брак. Мислевме што да си подариме по тој повод, но решивме да му возвратиме на Јехова и на неговата организација, зашто без нивната помош, веројатно нашиот брак немаше да успее. Би сакале парите што ви ги праќаме да бидат употребени за да се изгради Сала на Царството во некоја посиромашна земја.“
„Неодамна добив наследство, и бидејќи моите ‚желби‘ се мали, а ‚потребите‘ уште помали, би сакал парите што ви ги праќам да бидат употребени за изградба на Сали на Царството, кои во многу земји се навистина потребни.“
ПОМОШ ПРИ НЕСРЕЌИ
Во овие последни денови, несреќите честопати се случуваат без никакво предупредување. Многу Јеховини сведоци даваат дополнителни доброволни прилози за светското дело за да им се помогне на нивните браќа во погодените подрачја. Еве некои места каде што Јеховините сведоци им помогнаа на жртвите на несреќи:
• Африка
• Азија
• Карибите
• Островите во Пацификот
„Јас и маж ми сакаме многу да ви се заблагодариме што испративте помош за штетите предизвикани од ураганот. Можевме да ставиме нов покрив на куќата. Навистина сме ви благодарни што толку брзо реагиравте.“
„Се викам Конор и имам 11 години. Кога видов што се случи кога удри бранот цунами, сакав да помогнам. Се надевам дека ова ќе им помогне на моите браќа и сестри.“
СПЕЦИЈАЛНИ ПОЛНОВРЕМЕНИ СЛУГИ
Голем број христијани полновремено служат во проповедањето или во бетелските домови. Некои полновремени доброволци се издржуваат со доброволни прилози, а меѓу нив спаѓаат:
• Мисионери: 2.635
• Патувачки надгледници: 5.325
• Бетелски работници: 20.092
„Бидејќи сега не можам да служам во Бетел [петгодишно момче], сакам со многу љубов да ви го испратам овој прилог. Кога ќе пораснам, ќе одам во Бетел и вредно ќе работам.“
За да се шири библиското образование
Исус Христос им заповедал на своите следбеници да ‚прават ученици од луѓето од сите нации‘ (Матеј 28:19). Послушни на овие зборови, Јеховините сведоци се зафатени со проповедање и поучување за библиската порака во 235 земји. Издаваат и дистрибуираат библиска литература на 413 јазици.
Навистина, времето е највредното нешто што еден христијанин може да го даде за да им помогне на што повеќе луѓе да научат за Бог и за Неговите намери. Јеховините сведоци трошат голем дел од своето време и сили за да им помогнат на ближните. Исто така, великодушно даваат и парични донации, и сите нивни прилози на различни начини помогнале да се објават Јеховиното име и намери по целата Земја. Јехова нека го благослови овој труд што се вложува за да им се помогне на другите да научат повеќе за него (Пословици 19:17). Таквата спремност да се помага многу го радува! (Евреите 13:15, 16).
[Рамка на страници 28-30]
Начини на кои некои избираат да даваат
ПРИЛОЗИ ЗА СВЕТСКОТО ДЕЛО
Мнозина ставаат настрана или, пак, планираат некој износ од својот буџет кој го пуштаат во кутиите за прилози со натпис „Матеј 24:14“.
Секој месец, собранијата го испраќаат овој износ до подружницата во нивната земја. Доброволните парични донации можат да се испратат директно до подружницата во твојата земја. Може да се дарува и накит или, пак, други скапоцености. Таквите прилози треба да бидат проследени со едно кратко писмо во кое се наведува дека се работи за целосен подарок.
ДОБРОТВОРНО ПЛАНИРАЊЕ
Постојат некои методи на давање во корист на службата за Царството низ светот. Тие вклучуваат:
Осигурување: Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да биде именувана како корисник на полиса за животно или пензиско осигурување.
Банковни сметки: Кај Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница можат да се дадат банковни сметки, уверенија за депозити или поединечни пензиски сметки како депонирани или, пак, да се направат наплатливи по смртта, во согласност со локалните банкарски барања.
Вредносни хартии и обврзници: Вредносни хартии и обврзници можат да се подарат на Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница како целосен подарок.
Недвижен имот: На Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да се подари недвижен имот што може да се продаде, било како целосен подарок или, пак, да се задржи на доживотно користење од страна на донаторот, кој може и понатаму да живее во него до крајот на својот живот. Контактирај со подружницата во твојата земја пред да ѝ пренесеш каков и да било недвижен имот.
Тестаменти и полномоштија: Имот или пари можат да бидат завештани на Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница со законски верифициран тестамент или, пак, Заедницата може да биде именувана како корисник на договор за ополномоштување. Полномоштието во корист на религиозна организација може да обезбеди извесни даночни погодности.
Ако си заинтересиран за некоја од овие подготовки за добротворно планирање, треба да стапиш во контакт, или телефонски или писмено, со подружницата во којашто сакаш да го дадеш својот прилог.
Адреса:
Јеховини сведоци —Христијанска верска заедница
П.ф. 800
1 000 Скопје
Телефон: (02) 3090 580
[Извор на слика на страница 27]
Видеокасета Верни: Сталин: U.S. Army photo