ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w05 15/12 стр. 30
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Сличен материјал
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Кој бил Понтиј Пилат?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Армагедон — среќен почеток
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Дали Армагедон ќе почне во Израел? Што вели Библијата?
    Разно
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
w05 15/12 стр. 30

Се сеќаваш ли?

Уживаше ли додека ги читаше неодамнешните изданија на Стражарска кула? Тогаш, види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

• Зошто може првиот грев — непослушноста на Адам — да се спореди со наследна болест?

Гревот е како болест затоа што Адам им го пренел на своите потомци. Затоа сме го наследиле гревот како маана, исто како што некои деца наследуваат некоја болест од своите родители (15.8., страница 5).

• Кои се основните причини за сѐ поголемото насилство денес?

Сатана се обидува да ги оддалечи луѓето од Јехова настојувајќи да посее дух на насилство во нивните срца, како на пример, преку филмовите, музиката и компјутерските игри што ги тераат играчите да се внесат во незамислива бруталност и убиства. Така, насилството што се прикажува во медиумите придонело за многу случаи на насилство (1.9., страница 29).

• Кој бил Понтиј Пилат?

Тој бил Римјанин, ситен благородник, кој веројатно служел во војската. Во 26 од н.е., римскиот император Тибериј го поставил Пилат за управител на провинцијата Јудеја. На судењето на Исус, Пилат ги чул обвиненијата на еврејските водачи. За да му угоди на мноштвото, го одобрил погубувањето на Исус (15.9., страници 10-12).

• Кој е знакот што се спомнува во Матеј 24:3?

Овој знак се состои од неколку аспекти, кои заедно сочинуваат едно комбинирано обележје. Тој вклучува војни, глад, болести и земјотреси, и врз основа на овој знак следбениците на Исус ќе можат да ја препознаат неговата „присутност“, како и „завршетокот на системот на работи“ (1.10., страници 4, 5).

• Што била дијаспората, и кои места ги опфаќала?

Овој термин се однесува на Евреите што не живеле во Палестина. Во првиот век, главните еврејски центри се наоѓале во Сирија, Мала Азија, Вавилон и Египет, а имало и помали заедници во европскиот дел на Римското Царство (15.10., страница 12).

• Може ли еден христијанин да има чиста совест ако прифати вработување за кое треба да носи оружје?

Секој треба самиот да одлучи дали ќе се вработи на место каде што треба да носи огнено или друго оружје. Меѓутоа, на таквите работни места вработениот е изложен на опасност да биде виновен за крв доколку треба да го употреби оружјето или, пак, да биде повреден или да загине кога е нападнат или при одмазда. Христијанинот што носи такво оружје не ги исполнува условите да извршува посебни одговорности во собранието (1. Тимотеј 3:3, 10; 1.11., страница 31).

• Бидејќи зборот „Армагедон“ доаѓа од изразот „планина Мегидон“, дали битката Армагедон ќе се води на некоја планина на Блискиот исток?

Не. Планина Мегидо не постои, само еден мал рид кој се издига над соседната рамнина во Израел. На тоа подрачје не би можеле да се соберат сите ‚цареви на земјата и нивните војски‘. Божјата голема војна ќе се води по целата Земја и ќе им стави крај на сите војни.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели