ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 1/5 стр. 27-31
  • Лојално да му служиме на царот Христос

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Лојално да му служиме на царот Христос
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Цар што мотивира на лојалност
  • Како да станеме поданици
  • Поданици што се послушни на законот
  • Лојалноста ставена на испит
  • Вечни награди за лојалните поданици
  • „Само ти си лојален“
    Приближи му се на Јехова
  • Гледај на лојалните!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Положување на испитот на лојалноста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Да се служи лојално со Јеховината организација
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 1/5 стр. 27-31

Лојално да му служиме на царот Христос

„Нему Му беше предадена власта, честа на царството, за да Му служат сите народи, племиња и јазици“ (ДАНИЕЛ 7:14).

1, 2. Од каде знаеме дека Христос не почнал потполно да владее како цар во 33 година од н.е.?

КОЈ владетел би можел да го даде својот живот за своите поданици, а сепак повторно да живее за да владее како цар? Кој цар би можел да живее на Земјата, каде што ќе ја стекне довербата и лојалноста на своите поданици, а потоа да владее од небото? Единствениот што го може ова — и многу повеќе од тоа — е Исус Христос (Лука 1:32, 33). На Пентекост 33 година од н.е., откако Христос умрел, воскреснал и се вознел на небото, Бог ‚го поставил за глава над сите работи во собранието‘ (Ефешаните 1:20-22; Дела 2:32-36). Така Христос почнал да владее, но не добил целосна власт. Неговите први поданици биле христијаните помазани со свет дух, кои го сочинувале духовниот Израел, „Израелот Божји“ (Галатите 6:16; Колошаните 1:13).

2 Речиси 30 години по Пентекост 33 година од н.е., апостол Павле потврдил дека Христос сѐ уште не почнал потполно да владее како Цар, туку бил „откај десницата на Бог, чекајќи оттогаш додека неговите непријатели не бидат положени како подношка за неговите нозе“ (Евреите 10:12, 13). Подоцна, некаде кон крајот на првиот век од н.е., остарениот апостол Јован видел една визија во која Јехова, Врховниот владетел на целата вселена, го поставува Исус Христос за Цар на штотуку воспоставеното небесно Царство (Откровение 11:15; 12:1-5). Од денешна гледна точка, можеме да ги разгледаме огромните докази што потврдуваат дека во 1914 година Христос почнал да владее како месијански Цар на небото.a

3. а) Кој нов аспект го вклучува добрата вест за Царството од 1914 година? б) Кои прашања можеме да си ги поставиме?

3 Да, од 1914 година, добрата вест за Царството вклучува еден возбудлив нов аспект. Христос активно владее како Цар на Божјето небесно Царство, иако владее ‚среде своите непријатели‘ (Псалм 110:1, 2; Матеј 24:14; Откровение 12:7-12). Освен тоа, низ целата Земја, неговите лојални поданици ревносно ја признаваат неговата власт со тоа што учествуваат во светската библиска образовна програма каква што немало никогаш досега во човечката историја (Даниел 7:13, 14; Матеј 28:18). Христијаните помазани со дух, „синовите на царството“, служат како „пратеници кои го застапуваат Христос“. Нив лојално ги поддржува едно сѐ поголемо мноштво од Христови „други овци“, кои имаат улога на претставници на Божјето Царство (Матеј 13:38; 2. Коринќаните 5:20; Јован 10:16). Сепак, секој од нас треба да се преиспита дали ја признава Христовата власт. Дали сме му лојални по секоја цена? Како можеме да му бидеме лојални на некој Цар што владее од небото? Најнапред да поразговараме за тоа зошто можеме да му бидеме лојални на Христос.

Цар што мотивира на лојалност

4. Што постигнал Исус како иден Цар додека ја извршувал својата служба на Земјата?

4 Нашата лојалност кон Христос е израз на благодарноста за она што го направил, како и за неговите извонредни особини (1. Петрово 1:8). Додека бил на Земјата, Исус како иден Цар покажал во мали размери што ќе прави кога ќе владее како Цар во глобални размери кога ќе дојде времето што го одредил Бог. Тој ги хранел гладните. Ги лекувал болните, слепите, сакатите, глувите и немите. Својата моќ ја употребил и за да ги врати мртвите во живот (Матеј 15:30, 31; Лука 7:11-16; Јован 6:5-13). Освен тоа, ако научиме нешто повеќе за Исусовиот живот на Земјата, ќе знаеме какви особини ќе има како иден Владетел на Земјата, меѓу кои највпечатлива е неговата самопожртвувана љубов (Марко 1:40-45). Во врска со ова, се вели дека Наполеон Бонапарта рекол: „Александар, Цезар, Карло Велики и јас создадовме империи, но на што се темелат нашите генијални успеси? На сила. А Исус Христос го основал своето царство на љубов, па дури и денес милиони луѓе би умреле за него“.

5. Зошто Исусовата личност толку многу им се допаѓала на другите?

5 Бидејќи Исус бил со благ нарав и понизен во срцето, оние што биле измачени од притисоци и товари биле освежени од неговите изградувачки учења, љубезност и добрина (Матеј 11:28-30). На децата им било убаво кога биле со него. Понизните, проникливи луѓе веднаш станувале негови ученици (Матеј 4:18-22; Марко 10:13-16). Со својата обѕирност и почит ја стекнал лојалноста на многу богобојазливи жени, од кои многу посветиле време и вложиле многу напори и материјални средства за да се грижат за него додека ја извршувал својата служба (Лука 8:1-3).

6. Какви нежни чувства открил Исус кога умрел Лазар?

6 Христос открил некои од своите најнежни чувства кога умрел неговиот драг пријател Лазар. Толку го погодила болката на Марија и Марта што болно воздивнал и ‚почнал да рони солзи‘. ‚Се вознемирил‘ од длабока болка и голема тага, иако знаел дека за кратко време ќе го врати Лазар во живот. Тогаш, поттикнат од љубов и сочувство, Исус ја употребил моќта што му ја дал Бог и го подигнал Лазар од мртвите (Јован 11:11-15, 33-35, 38-44).

7. Зошто Исус заслужува да му бидеме лојални? (Види ја рамката на страница 31.)

7 Восхитени сме од Исусовата силна љубов кон она што е исправно и силна омраза кон лицемерството и злобата. Два пати храбро презел нешто за да го исчисти храмот од лакомите трговци (Матеј 21:12, 13; Јован 2:14-17). Освен тоа, додека бил човек на Земјата, доживеал секакво непријателство, и со тоа лично искусил како е да се трпат притисоците и проблемите што ги имаме и ние денес (Евреите 5:7-9). Исто така, Исус знаел што значи да се биде жртва на омраза и неправда (Јован 5:15-18; 11:53, 54; 18:38—19:16). И на крајот, храбро претрпел сурова смрт за да ја исполни волјата на својот Татко и за да им даде вечен живот на своите поданици (Јован 3:16). Зар ваквите особини на Христос не те поттикнуваат лојално да му служиш? (Евреите 13:8; Откровение 5:6-10). Но, што треба да направиме за да станеме поданици на Царот Христос?

Како да станеме поданици

8. Што се бара од поданиците на Христос?

8 Размисли за следнава споредба: За да се стане државјанин на некоја земја, обично треба да се исполнат некои основни услови. Од идните државјани може да се бара да бидат чесни луѓе и да исполнат извесни здравствени барања. Слично на тоа, и поданиците на Христос треба да задржат високи морални мерила и да имаат добро духовно здравје (1. Коринќаните 6:9-11; Галатите 5:19-23).

9. Како можеме да покажеме дека сме му лојални на Христос?

9 Исус Христос исто така со право бара неговите поданици да му бидат лојални нему и на неговото Царство. Тие покажуваат таква лојалност со тоа што живеат во склад со она што ги поучил кога бил на Земјата како иден Цар. На пример, ги ставаат интересите на Царството и Божјата волја пред материјалните интереси (Матеј 6:31-34). Исто така, со сите сили се трудат да ги покажуваат особините што ги имал Христос, дури и во многу тешки околности (1. Петрово 2:21-23). Понатаму, Христовите поданици го следат неговиот пример со тоа што преземаат иницијатива да им прават добро на другите (Матеј 7:12; Јован 13:3-17).

10. Како може да се покаже лојалност кон Христос а) во семејството, и б) во собранието?

10 Исусовите следбеници покажуваат лојалност и со тоа што во своето семејство ги покажуваат особините што ги имал тој. На пример, сопрузите покажуваат лојалност кон својот небесен Цар со христијанскиот начин на кој постапуваат со својата сопруга и децата (Ефешаните 5:25, 28-30; 6:4; 1. Петрово 3:7). Сопругите покажуваат лојалност кон Христос со своето чесно однесување и со својот ‚тивок и благ дух‘ (1. Петрово 3:1-4; Ефешаните 5:22-24). Децата му се лојални на Христос кога го следат него како пример за послушност. Кога бил мал, Исус им бил подложен на своите родители, иако биле несовршени (Лука 2:51, 52; Ефешаните 6:1). Христовите поданици лојално се трудат да се угледаат на него со тоа што ‚покажуваат сочувство и имаат братска наклоност‘ и со тоа што се ‚нежно сочувствителни‘. Настојуваат да бидат како Христос, ‚со понизност на умот, не враќајќи зло за зло ни навреда за навреда‘ (1. Петрово 3:8, 9; 1. Коринќаните 11:1).

Поданици што се послушни на законот

11. На кои закони се подложуваат Христовите поданици?

11 Исто како што идните државјани на една држава се подложуваат на законите на нивната нова земја, Христовите поданици се подложуваат на „законот на Христос“ со тоа што живеат во склад со сѐ што поучувал и заповедал Исус (Галатите 6:2). Тие особено живеат лојално според „царскиот закон“ на љубовта (Јаков 2:8). Што вклучуваат овие закони?

12, 13. Како лојално се подложуваме за „законот на Христос“?

12 Христовите поданици не се без маани и слабости (Римјаните 3:23). Затоа, тие треба да негуваат „нелицемерна братска наклоност“ за да ‚се љубат еден со друг горливо од срце‘ (1. Петрово 1:22). „Ако некој има причина за поплака против друг“, христијаните лојално го применуваат законот на Христос со тоа што ‚се поднесуваат еден со друг и си простуваат спремно еден на друг‘. Послушноста на овој закон им помага постојано да преминуваат преку мааните на другите и да наоѓаат причини да се сакаат. Зар не си благодарен што си меѓу луѓе што лојално му се подложуваат на нашиот грижлив Цар и се облекуваат во љубов, која е „совршена врска на единство“? (Колошаните 3:13, 14).

13 Освен тоа, Исус објаснил дека љубовта за која дал пример тој е поголема од љубовта што луѓето обично си ја покажуваат меѓу себе (Јован 13:34, 35). Ако ги сакаме само оние што нѐ сакаат нас, не правиме ништо „особено“. Во тој случај нашата љубов би била нецелосна и недоволна. Исус нѐ поттикнал да се угледаме на љубовта на неговиот Татко со тоа што ќе покажуваме љубов дури и кон непријателите што нѐ мразат и нѐ прогонуваат (Матеј 5:46-48). Исто така, оваа љубов ги мотивира поданиците на Царството лојално да истраат додека ја извршуваат нивната главна задача. Која е таа?

Лојалноста ставена на испит

14. Зошто е толку важно да проповедаме?

14 Поданиците на Божјето Царство сега имаат една многу важна задача — ‚да даваат темелно сведоштво за Божјето царство‘ (Дела 28:23). Тоа е многу важно затоа што месијанското Царство ќе го оправда правото на Јехова да владее со целата вселена (1. Коринќаните 15:24-28). Кога ја проповедаме добрата вест, оние што ја слушаат имаат прилика да станат поданици на Божјето Царство. Покрај тоа, начинот на кој луѓето реагираат на пораката е мерило според кое ќе им суди Христос, Царот (Матеј 24:14; 2. Солуњаните 1:6-10). Значи, главен начин на кој покажуваме дека сме му лојални на Христос е да ја извршуваме неговата заповед да им кажуваме на другите за Царството (Матеј 28:18-20).

15. Зошто лојалноста на христијаните е ставена на испит?

15 Се разбира, Сатана се противи на проповедничкото дело на секој можен начин, а човечките владетели не ја признаваат власта што Христос ја добил од Бог (Псалм 2:1-3, 6-8). Затоа, Исус ги опоменал своите ученици: „Робот не е поголем од својот господар. Ако ме прогонуваа мене, ќе ве прогонуваат и вас“ (Јован 15:20). Значи, Христовите следбеници водат една духовна битка што ја става на испит нивната лојалност (2. Коринќаните 10:3-5; Ефешаните 6:10-12).

16. Како поданиците на Царството го плаќаат „Божјето на Бог“?

16 Сепак, поданиците на Божјето Царство му остануваат лојални на својот невидлив Цар без да покажат непочитување кон човечките власти (Тит 3:1, 2). Исус рекол: „Плаќајте го цезаровото на цезарот, а Божјето на Бог“ (Марко 12:13-17). Затоа, Христовите поданици ги слушаат владините закони што не се во судир со Божјите закони (Римјаните 13:1-7). Меѓутоа, кога еврејскиот врховен суд ги погазил Божјите закони наредувајќи им на Исусовите ученици да престанат да проповедаат, тие цврсто но со почит рекле дека мораат ‚повеќе да го слушаат Бог како владетел отколку луѓето‘ (Дела 1:8; 5:27-32).

17. Зошто можеме храбро да се соочиме со испитите на лојалност?

17 Се разбира, Христовите поданици треба да бидат многу храбри за да му останат лојални на својот Цар и покрај прогонството. Сепак, Исус рекол: „Среќни сте кога поради мене ве укоруваат, и прогонуваат и лажно зборуваат секакво зло против вас. Радувајте се и потскокнувајте од радост, бидејќи голема е вашата награда на небесата“ (Матеј 5:11, 12). Христовите следбеници од првиот век ја искусиле вистинитоста на овие зборови. Дури и кога биле тепани затоа што продолжиле да проповедаат за Царството, тие се радувале ‚што биле сметани за достојни да бидат посрамени поради неговото име. И секој ден во храмот и од куќа до куќа продолжиле без престан да поучуваат и да ја објавуваат добрата вест за Христос, Исус‘ (Дела 5:41, 42). И ти си за пофалба, бидејќи и ти го покажуваш истиот дух на лојалност кога се соочуваш со тешкотии, болест, жалост или противење (Римјаните 5:3-5; Евреите 13:6).

18. Што покажуваат зборовите што му ги кажал Исус на Понтиј Пилат?

18 Додека сѐ уште не бил Цар иако веќе бил назначен за Цар, Исус му објаснил на римскиот управител Понтиј Пилат: „Моето царство не е дел од овој свет. Ако беше моето царство дел од овој свет, моите слуги ќе се бореа за да не им бидам предаден на Евреите. Но моето царство не е одовде“ (Јован 18:36). Значи, поданиците на небесното Царство не земаат оружје против никого ниту заземаат страна во некој човечки судир. Лојални на ‚Кнезот на Мирот‘, тие остануваат сосема неутрални во разединувачките работи на светот (Исаија 2:2-4; 9:6, 7).

Вечни награди за лојалните поданици

19. Зошто можат Христовите поданици со доверба да гледаат на иднината?

19 Лојалните поданици на Христос, ‚Царот на царевите‘, со доверба гледаат на иднината. Тие со радост го чекаат времето кога тој ќе ја покаже својата натчовечка моќ, а тоа ќе биде многу скоро (Откровение 19:11—20:3; Матеј 24:30). Остатокот од лојални, помазани со дух ‚синови на царството‘ со радост чекаат да го добијат своето скапоцено наследство — да бидат цареви со Христос на небото (Матеј 13:38; Лука 12:32). Христовите лојални „други овци“ желно очекуваат нивниот Цар со одобрување да изјави: „Дојдете, вие кои сте благословени од мојот Татко, наследете го [рајот на Земјата што ќе биде под власта на] царството кое е подготвено за вас од основањето на светот“ (Јован 10:16; Матеј 25:34). Според тоа, сите поданици на Царството нека бидат решени да продолжат лојално да му служат на Царот Христос.

[Фуснота]

a Види Расправљање на темељу Писма, „Зошто Јеховините сведоци велат дека Божјето Царство било воспоставено во 1914?“, страници 88-91, објавена од Јеховините сведоци.

Можеш ли да објасниш?

• Зошто Христос заслужува да му бидеме лојални?

• Како Христовите поданици покажуваат дека му се лојални?

• Зошто сакаме да му бидеме лојални на Царот Христос?

[Рамка на страница 31]

ИЗВОНРЕДНИТЕ ОСОБИНИ НА ХРИСТОС

Непристрасност — (Јован 4:7-30).

Сочувство — (Матеј 9:35-38; 12:18-21; Марко 6:30-34).

Самопожртвувана љубов — (Јован 13:1; 15:12-15).

Лојалност — (Матеј 4:1-11; 28:20; Марко 11:15-18).

Сожалување — (Марко 7:32-35; Лука 7:11-15; Евреите 4:15, 16).

Разумност — (Матеј 15:21-28).

[Слика на страница 29]

Ако покажуваме љубов меѓу себе, лојално го применуваме „законот на Христос“

[Слики на страница 31]

Дали Христовите особини те поттикнуваат лојално да му служиш?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели