ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 1/6 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Сличен материјал
  • „Јеховиниот закон е совршен“
    Приближи му се на Јехова
  • Врвни точки од книгата Левит
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Исправно цени го дарот на живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Се сеќаваш ли?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 1/6 стр. 31

Прашања од читателите

Зошто, според Мојсеевиот закон, одредени природни функции на половите органи го правеле човекот „нечист“?

Бог го создал сексот за да можат луѓето да се размножуваат, а и да им донесе задоволство на брачните парови (Битие 1:28; Пословици 5:15-18). Но, во 12. и 15. поглавје од Левит се дадени конкретни закони во врска со нечистотијата која е резултат на течење семе, на менструација и на породување (Левит 12:1-6; 15:16-24). Ваквите одредби ги поттикнувале Израелците да водат здрав живот, да се држат за високи морални мерила, а ја истакнувале и светоста на крвта и потребата од очистување на гревовите.

Барањата во Мојсеевиот закон кои се однесувале на функциите на половите органи придонеле, меѓу другото, за добрата здравствена состојба на целата израелска заедница. Во книгата Библијата и современата медицина (The Bible and Modern Medicine) пишува: „Одредбата со која се забранувале интимните односи во периодот на менструацијата се покажала како ефикасна превентива за одредени полови болести... и дефинитивно како заштита од појава и развој на рак на грлото на матката“. Овие закони го штителе Божјиот народ од болестите што можеби им биле непознати или што не можеле ни да ги забележат. Исправната хигиена на половите органи ја зголемила плодноста на овој народ на кој Бог му ветил пораст и благосостојба (Битие 15:5; 22:17). Во исто време, овие закони помагале Божјиот народ да биде заштитен и во емоционален поглед. Со тоа што им биле послушни, сопружниците се учеле да ја контролираат сексуалната страст.

Но, најважна од сите работи што биле означени како нечисти, а е во поврзаност со половите органи, било течењето или губењето крв. Јеховините закони во врска со крвта ја врежале во умовите на Израелците не само светоста на крвта туку и посебното место што таа го зазема во обожавањето на Јехова, имено, во принесувањето жртви и очистувањето на гревовите (Левит 17:11; Второзаконие 12:23, 24, 27).

Значи, деталните барања на Законот во овој поглед се тесно поврзани со човечкото несовршенство. Израелците знаеле дека Адам и Ева — по гревот што го направиле — не можеле да раѓаат совршени деца. Сите нивни потомци биле осудени да страдаат од последиците на наследениот грев — несовршеноста и смртта (Римјаните 5:12). Поради ова, родителите можат да пренесат само несовршен и грешен живот, иако органите за размножување кај човекот во почетокот биле создадени да пренесуваат совршен живот во рамките на една брачна заедница.

Според тоа, барањата за очистување изложени во Законот не ги потсетувале Израелците само на нивната наследена грешност туку и на потребата од откупна жртва која ќе ги покрие гревовите и ќе им ја врати совршеноста на луѓето. Се разбира, ова не можело да се постигне со животинските жртви што ги давале (Евреите 10:3, 4). Целта на Мојсеевиот закон била да ги води до Христос и да им помогне да разберат дека единствено преку совршената жртва на Исус било возможно вистински да им биде простено, и така да се отвори патот сите верни да живеат вечно (Галатите 3:24; Евреите 9:13, 14).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели