ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 1/1 стр. 25-30
  • „Првото воскресение“ — сега е во тек!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Првото воскресение“ — сега е во тек!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Какво тело?“
  • Сега е во тек?
  • „Секому од нив му беше дадена бела долга облека“
  • Што значи сето ова за нас?
  • Надежта во воскресение има сила
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Воскресение — за кого и каде?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • ‚Смртта ќе биде уништена‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Што е воскресение?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 1/1 стр. 25-30

„Првото воскресение“ — сега е во тек!

„Најпрво ќе станат оние што се мртви во единство со Христос“ (1. СОЛУЊАНИТЕ 4:16).

1, 2. а) Каква е надежта за оние што умреле? б) На темел на што веруваш во воскресението? (Види ја фуснотата.)

„ЖИВИТЕ се свесни дека ќе умрат“. Тоа е факт уште откако згрешил Адам. Секој жив човек во историјата знаел дека еден ден ќе умре, и многумина се прашувале: ‚А што ќе биде потоа? Во каква состојба се мртвите?‘ Библијата ни го дава одговорот: „Мртвите не се свесни за ништо“ (Проповедник 9:5).

2 Според тоа, постои ли некаква надеж за оние што умреле? Да. Всушност, мора да постои за да може да се исполни она што во почетокот Бог го наумил за луѓето. Низ вековите, верните слуги на Бог верувале дека ќе се исполни Јеховиното ветување дека ќе се појави едно потомство што ќе го уништи Сатана и ќе ја отстрани сета штета што ја нанел тој (1. Мојсеева 3:15). Повеќето од нив сега се умрени. За да го видат исполнувањето на тоа и на други ветувања што ги дал Јехова, треба да станат од мртвите (Евреите 11:13). Дали е возможно такво нешто? Да, возможно е. Апостол Павле рекол: „Бог ќе ги воскресне и праведните и неправедните“ (Дела 24:15). Еднаш, Павле воскреснал еден млад човек по име Ефтих, кој паднал од прозорецот на третиот кат и бил „мртов“. Тоа е последното од деветте воскресенија што се запишани во Библијата (Дела 20:7-12).a

3. Каква утеха си извлекол ти лично од Исусовите зборови запишани во Јован 5:28, 29, и зошто?

3 Овие девет воскресенија ни даваат темел да веруваме во она што го рекол Павле. Тие ја зајакнуваат нашата доверба во Исусовото уверување: „Доаѓа часот во кој сите оние што се во гробовите ќе го чујат [Исусовиот] глас и ќе излезат“ (Јован 5:28, 29). Колку охрабрувачки зборови! И колку се утешни за милионите луѓе на кои смртта им одзела некој од најмилите!

4, 5. Какви воскресенија се спомнати во Библијата, и за кое воскресение ќе стане збор во оваа статија?

4 Повеќето од оние што ќе бидат воскреснати ќе се вратат во живот на една Земја во која ќе владее мир под власта на Божјето Царство (Псалм 37:10, 11, 29; Исаија 11:6-9; 35:5, 6; 65:21-23). Меѓутоа, пред да се случи тоа, требало да има и други воскресенија. Најнапред требало да воскресне Исус Христос за да може да ја принесе пред Бог вредноста на својата жртва во наша полза. Исус умрел и воскреснал во 33 година од н.е.

5 Како следно, помазаните припадници на „Израелот Божји“ мора да му се придружат на Господарот Исус Христос во небесна слава, каде што ‚ќе бидат секогаш со Господарот‘ (Галатите 6:16; 1. Солуњаните 4:17). Тој настан е наречен „пораното воскресение“, или „првото воскресение“ (Филипјаните 3:10, 11; Откровение 20:6). Кога ќе заврши тоа воскресение, ќе дојде време милиони луѓе да воскреснат и да бидат повторно на Земјата, со можност да добијат вечен живот во рај. Значи, сеедно дали имаме небесна или земна надеж, ние сме живо заинтересирани за „првото воскресение“. Какво е тоа воскресение? Кога настапува?

„Какво тело?“

6, 7. а) Што мора да се случи пред да можат да одат на небото помазаните христијани? б) Со какво тело ќе воскреснат?

6 Во своето прво писмо до коринќаните, Павле поставува едно прашање во врска со првото воскресение: „Како ќе воскреснат мртвите? И какво тело ќе имаат?“ Потоа дава одговор: „Она што го сееш нема да оживее ако најпрвин не умре... Бог му дава тело какво што сака... поинаква е славата на небесните, а поинаква е славата на земните [тела]“ (1. Коринќаните 15:35-40).

7 Зборовите на Павле покажуваат дека христијаните што се помазани со свет дух мора да умрат пред да ја добијат својата награда на небото. Кога ќе умрат, нивното физичко тело се враќа во прав (1. Мојсеева 3:19). Во време што го одредил Бог, тие воскреснуваат со тело што е соодветно за живот на небото (1. Јованово 3:2). Бог им дава и бесмртност. Тоа не е нешто што го имаат од раѓање, како да им била вдахната некаква таканаречена бесмртна душа. „Ова што е смртно мора да се облече во бесмртност“, вели Павле. Бесмртноста е дар од Бог, и ‚ја облекуваат‘ оние што се вклучени во првото воскресение (1. Коринќаните 15:50, 53; 1. Мојсеева 2:7; 2. Коринќаните 5:1, 2, 8).

8. Од каде знаеме дека Бог не ги избира 144-те илјади од членови на различни религии?

8 Само 144.000 се вклучени во првото воскресение. Јехова почнал да ги избира на Педесетница 33 година од н.е., кратко откако го воскреснал Исус. Сите тие „го имаат [Исусовото] име и името на неговиот Татко напишано на своите чела“ (Откровение 14:1, 3). Значи, тие не се избрани од многу различни религии. Сите се христијани, и сите гордо го носат името на Таткото — Јехова. Кога воскреснуваат, добиваат задача на небото. Тие се воодушевени кога ќе помислат на тоа дека ќе му служат на Бог на еден толку директен начин.

Сега е во тек?

9. Како ни помагаат стиховите од Откровение 12:7 и 17:14 да го дознаеме приближното време кога започнува првото воскресение?

9 Кога се одвива првото воскресение? Има силни докази што покажуваат дека сега веќе е во тек. На пример, да споредиме две поглавја од Откровението. Најнапред да го разгледаме 12. поглавје од Откровение. Таму читаме дека новоустоличениот цар Исус Христос, заедно со своите свети ангели, води војна против Сатана и неговите демони (Откровение 12:7-9). Како што честопати има покажано ова списание, таа битка започнала во 1914 година.b Но, забележи дека за никој од Христовите помазани следбеници не е речено дека е со Исус во таа војна на небото. Сега да го разгледаме 17. поглавје од Откровението. Таму читаме дека по уништувањето на „Големиот Вавилон“, Јагнето ќе ги победи народите. Потоа читаме: „А ќе ги победат и оние што со него се повикани и избрани и верни“ (Откровение 17:5, 14). Оние што се „повикани и избрани и верни“ мора веќе да биле воскреснати за да можат да бидат со Исус кога на Сатановиот свет ќе му биде нанесен конечен пораз. Значи, логично е да се заклучи дека помазаниците што умираат пред Армагедон воскреснуваат некаде помеѓу 1914 година и Армагедон.

10, 11. а) Кои се 24-те старешини, и што му открива на Јован еден од нив? б) Што можеме да заклучиме од тоа?

10 Можеме ли попрецизно да кажеме кога започнува тоа прво воскресение? Интересен показател што ни помага да дојдеме до одговорот на ова прашање наоѓаме во Откровение 7:9-15, каде што апостол Јован раскажува дека во едно видение видел едно „големо мноштво луѓе, кои никој не можеше да ги изброи“. Кој го сочинува тоа големо мноштво му открил на Јован еден од 24-те старешини, а тие старешини ги претставуваат 144-те илјади сонаследници со Христос во нивната небесна славаc (Лука 22:28-30; Откровение 4:4). Јован имал небесна надеж, но бидејќи во времето кога старешината зборувал со него тој сѐ уште бил човек на Земјата, очигледно е дека во видението Јован ги претставува помазаниците на Земјата што сѐ уште не ја добиле својата небесна награда.

11 Значи, што можеме да заклучиме од тоа што еден од 24-те старешини му открива на Јован кој го сочинува големото мноштво? Изгледа дека воскреснатите од групата од 24 старешини се вклучени во пренесувањето на Божјите вистини во денешно време. Зошто е важно тоа? Затоа што, на кого точно се мисли со изразот „големо мноштво“ им било откриено на Божјите помазани слуги на Земјата дури во 1935 година. Ако еден од 24-те старешини бил употребен за да ја пренесе таа важна вистина, сигурно морал да биде воскреснат на небото барем некое време пред 1935 година. Тоа би значело дека првото воскресение започнало некаде помеѓу 1914 и 1935 година. Можеме ли да бидеме уште малку попрецизни?

12. Објасни зошто би можело да се рече дека првото воскресение започнало пролетта 1918 година.

12 За таа цел, ајде да разгледаме една библиска паралела. Исус Христос бил помазан како иден Цар на Божјето Царство есента во 29 година од н.е. По три и пол години, пролетта 33 година од н.е., бил воскреснат како моќно духовно суштество. Може ли врз основа на ова да се заклучи дека, бидејќи Исус бил устоличен есента 1914 година, воскресението на неговите верни помазани следбеници започнало по три и пол години, пролетта 1918 година? Тоа е интересна веројатност. Иако тоа не може да биде директно потврдено со нешто што го пишува во Библијата, таквиот заклучок е во согласност со други библиски стихови што покажуваат дека првото воскресение настапило кратко откако започнала Христовата присутност.

13. На кој начин зборовите од 1. Солуњаните 4:15-17 покажуваат дека првото воскресение настапило кратко откако започнала Христовата присутност?

13 На пример, Павле напишал: „Ние живите, кои преостануваме до времето на присутноста на Господарот [а не до крајот на неговата присутност], нема да ги престигнеме оние што се умрени, зашто, самиот Господар ќе слезе од небото со заповеднички повик, со глас на архангел и со Божја труба, и најпрво ќе станат оние што се мртви во единство со Христос. Потоа ние живите, кои ќе преостанеме, заедно со нив ќе бидеме однесени во облаците за да се сретнеме со Господарот во воздухот. И така ќе бидеме секогаш со Господарот“ (1. Солуњаните 4:15-17). Според тоа, помазаните христијани што умреле пред да започне Христовата присутност, воскреснале за живот на небото пред оние што сѐ уште биле живи за време на Христовата присутност. Ова значи дека првото воскресение мора да настапило кратко откако започнала Христовата присутност, и продолжува „за време на неговата присутност“ (1. Коринќаните 15:23). Првото воскресение се одвива во текот на извесно време, а не се случува наеднаш.

„Секому од нив му беше дадена бела долга облека“

14. а) Кога се исполниле виденијата запишани во Откровение 6. поглавје? б) Што е прикажано во Откровение 6:9?

14 Да ги разгледаме и доказите што ги има во Откровение, 6. поглавје. Таму Исус е прикажан дека јава на коњ како Цар што победува (Откровение 6:2). Народите водат војни во светски размери (Откровение 6:4). Насекаде владее глад (Откровение 6:5, 6). Човештвото го мачат смртоносни болести (Откровение 6:8). Сите овие проречени настани јасно се совпаѓаат со условите што завладеале од 1914 година наваму. Но, се случува уште нешто. Вниманието ни е насочено кон еден жртвеник. На неговото подножје се „душите убиени поради речта Божја и поради сведочењето што им беше доверено“ (Откровение 6:9). Бидејќи „душата [или животот] на телото е во крвта“, она што се вели дека е во подножјето на жртвеникот е, всушност, крвта на верните слуги на Исус што биле убиени поради тоа што сведочеле смело и ревносно (3. Мојсеева 17:11).

15, 16. Објасни зошто зборовите од Откровение 6:10 и 11 се однесуваат на првото воскресение.

15 Исто како крвта на праведниот Авел, и крвта на тие христијански маченици вика за правда (1. Мојсеева 4:10). „И викаа на сет глас: ‚До кога, Севишен Господару, свет и вистинит, нема да им судиш и нема да им се одмаздуваш за нашата крв на оние што живеат на земјата?‘“ Што следи потоа? „Секому од нив му беше дадена бела долга облека и им беше кажано да чекаат уште малку, додека не се пополни бројот на нивните соробови и на нивните браќа, кои треба да бидат убиени како и тие“ (Откровение 6:10, 11).

16 Дали овие бели облеки им биле дадени на локвите крв што биле во подножјето на жртвеникот? Се разбира дека не! Тие облеки им биле дадени на оние чија крв, така да се каже, била пролеана на жртвеникот. Тие ги жртвувале своите животи во името на Исус и сега биле воскреснати како духовни личности. Од каде го знаеме тоа? Претходно во книгата Откровение читаме: „Оној што ќе победи, ќе биде облечен во бели облеки, и нема да го избришам неговото име од книгата на животот“. Исто така, сети се дека 24-те старешини биле „облечени во бели облеки, со златни круни на главите“ (Откровение 3:5; 4:4). Значи, откако низ Земјата почнале да беснеат војните, гладот и болестите, припадниците на 144.000 што умреле, кои се претставени со крвта на подножјето на жртвеникот, биле воскреснати за небесен живот и биле облечени во симболични бели облеки.

17. Во која смисла мораат „да чекаат“ оние што добиваат бели облеки?

17 Оние кои штотуку воскреснале мораат стрпливо „да чекаат“ додека не дојде Божјиот ден на одмазда. Нивните „соробови“, помазаните христијани што сѐ уште се на Земјата, треба допрва да докажат дека ќе останат верни и покрај сите испити. Кога ќе дојде времето да биде извршена Божјата пресуда, тоа ‚чекање‘ ќе заврши (Откровение 7:3). Тогаш, заедно со Господарот Исус Христос, воскреснатите ќе ги уништат злобните, вклучувајќи ги и тие што ја пролеале крвта на недолжните христијани (2. Солуњаните 1:7-10).

Што значи сето ова за нас?

18, 19. а) Врз основа на што можеш да заклучиш дека сега е во тек првото воскресение? б) Како се чувствуваш откако подобро го разбра првото воскресение?

18 Божјата реч не кажува некој конкретен датум кога настапува првото воскресение, но ни кажува дека тоа се одвива низ извесен временски период, односно во текот на Христовата присутност. Првите што воскреснуваат се помазаните христијани што умреле пред да започне Христовата присутност. Како што тече Христовата присутност, помазаните христијани што верно го завршуваат својот живот на Земјата доживуваат промена „за миг“ и стануваат моќни духовни суштества (1. Коринќаните 15:52). Дали сите помазаници ќе ја добијат својата небесна награда пред да започне Армагедон? Тоа не го знаеме. Но, знаеме дека во време што го одредил Бог, сите 144.000 ќе стојат на небесната планина Сион.

19 Исто така, знаеме дека повеќето од тие 144.000 веќе се заедно со Христос. Само релативно мал број се останати на Земјата. Тоа е голем показател дека брзо се приближува времето кога ќе бидат извршени Божјите пресуди! Наскоро ќе биде уништен целиот свет на Сатана. И самиот Сатана ќе биде фрлен в бездна. Потоа ќе започне општото воскресение, и верните луѓе ќе можат, на темел на Исусовата откупна жртва, да станат совршени, каков што бил Адам. Јеховиното пророштво запишано во 1. Мојсеева 3:15 се исполнува на прекрасен начин. Колку голема чест имаме што живееме во ова време!

[Фусноти]

a За другите осум воскресенија можеш да прочиташ во 1. Царевите 17:21-23; 2. Царевите 4:32-37; 13:21; Марко 5:35, 41-43; Лука 7:11-17; 24:34; Јован 11:43-45; Дела 9:36-42.

b Библиски докази дека Христовата присутност започнала во 1914 година можеш да најдеш во книгата Што навистина учи Библијата?, страници 216-218, издадена од Јеховините сведоци.

c Информации за тоа од каде знаеме дека тие 24 старешини ги претставуваат помазаните христијани на нивната небесна положба можеш да најдеш во книгата Откровение — близу е величествената завршница!, 77. страница, издадена од Јеховините сведоци.

Можеш ли да објасниш?

Како ни помагаат следниве библиски стихови да сфатиме кога се одвива „првото воскресение“?

• Откровение 12:7; 17:14

• Откровение 7:13, 14

• 1. Коринќаните 15:23; 1. Солуњаните 4:15-17

• Откровение 6:2, 9-11

[Слики на страница 26]

Кои воскресенија ќе настапат пред да бидат вратени во живот луѓето на Земјата?

[Слика на страница 29]

Во која смисла им се дава бела облека на некои што спијат во смртен сон?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели