ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 1/2 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Сличен материјал
  • Армагедон — среќен почеток
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Армагедон — Божја војна што ќе им стави крај на сите војни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 1/2 стр. 31

Прашања од читателите

Што е „војната... на Семоќниот Бог“ во Ар-Магедон и каков ќе биде исходот? (Откровение 16:14, 16)

Едноставно кажано, војната Ар-Магедон е битка што ќе се случи во иднина и ќе ја опфати целата Земја. Во неа Јеховиниот именуван Цар, Исус Христос, ќе ги уништи Божјите непријатели. Библијата објаснува дека овие непријатели, „царевите од целиот свет“, се повикани преку „изјави вдахновени од демони“ и се собираат заедно „за војната која ќе се случи во големиот ден на Семоќниот Бог... на местото кое на хебрејски се вика Ар-Магедон“ (Откровение 16:14, 16).

Местото каде што ќе се соберат завојуваните страни не е вистинско. Името Ар-Магедон, кое во некои Библии е преведено со „Армагедон“, значи „ридот кај Мегидо“ (Откровение 16:16, фуснота). Никогаш не постоел рид со такво име. Освен тоа, „земните цареви и нивните војски“ не би можеле дословно да се соберат на едно место (Откровение 19:19). Всушност, местото се однесува на состојбата во која ќе бидат доведени политичките владетели на Земјата и оние што ги поддржуваат — тие ќе им се противат на Јехова и на „небесните војски“ кои се под воена заповед на Исус Христос, ‚Царот над царевите и Господарот над господарите‘ (Откровение 19:14, 16).

Вредно е да се забележи тоа што изразот „Ар-Магедон“ е поврзан со древниот израелски град Мегидо. Бидејќи се наоѓал на добро стратешко место источно од планината Кармил, Мегидо господарел со главните трговски и воени патишта во тоа време. Тој бил и место каде што се воделе решавачки битки. На пример, покрај „водите на Мегидо“, израелскиот судија Варак ја победил моќната ханаанска војска предводена од генералот Сисара (Судии 4:12-24; 5:19, 20). Исто така, во близина на тоа место, судијата Гедеон ги поразил Мадијамците (Судии 7:1-22). Со тоа што го поврзува Мегидо со претстојната војна, Библијата нѐ уверува дека Бог, преку својот Син, во потполност ќе ги победи сите непријателски сили.

Каков ќе биде исходот? Војната Ар-Магедон ќе ја ослободи Земјата од сета расипаност и злоба. Така ќе започне најславната ера во сета човечка историја (Откровение 21:1-4). Под љубезното водство на Божјето Царство, Земјата ќе биде претворена во рај, во кој праведниците ќе живеат засекогаш (Псалм 37:29).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели