ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 15/2 стр. 3
  • Нашата прекрасна планета

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нашата прекрасна планета
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Сличен материјал
  • Нашиот универзум кој влева стравопочитување
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Како настанал нашиот универзум? — Контроверзија
    Постои ли Творец кој се грижи за тебе?
  • Исклучителната природа на нашето Сонце
    Разбудете се! 2001
  • Како настанал нашиот уникатен сончев систем
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 15/2 стр. 3

Нашата прекрасна планета

АСТРОНОМИТЕ дошле до заклучок дека Земјата — човечкиот дом — е само едно зрнце прашинка во неизмерноста на вселенскиот бескрај. На ниту едно друго место во материјалната вселена не е откриен живот. Идеални услови за живеење има само на Земјата.

Освен тоа, ние можеме да уживаме во животот на нашата прекрасна планета. Колку е пријатно кога сончевите зраци нежно ќе нѐ стоплат во некој студен зимски ден! И кој од нас не бил восхитен од некое величествено изгрејсонце или зајдисонце? Но, сонцето не предизвикува само пријатни чувства кај нас, од него зависи и самото наше постоење.

Со милиони години, гравитацијата на Сонцето ги држи Земјата и другите планети во стабилни орбити. Но — како што се поучени младите на училиште — и целиот Сончев систем се движи во орбита околу центарот на нашата галаксија Млечен пат. Сонцето, пак, е само една од над стоте милијарди ѕвезди кои кружат во оваа галаксија заедно со него.

Млечниот пат е дел од едно галактичко јато кое се состои од околу 35 галаксии. Во поголемите јата има илјадници галаксии. Нашиот Сончев систем веројатно не би бил толку стабилен кога би се наоѓал во некое многу поголемо, погусто јато од галаксии. Но, таков каков што е, тој претставува „едно од најпогодните подрачја за ваков сложен живот во вселената“, велат Гиљермо Гонзалес и Џеј В. Ричардс во својата книга Повластена планета (The Privileged Planet).

Дали постоењето на животот на оваа планета е производ на слепата случајност, неочекуван резултат на некој дел од „првата голема експлозија“? Или, пак, животот на оваа прекрасна планета Земја има многу повозвишена смисла?

Мнозина дошле до заклучок дека нашиот земен дом бил плански создаден со сите потребни услови за во него да може да постои живот.a Пред многу векови, зборувајќи за Земјата и за небесата, еден еврејски поет напишал: „Кога ги гледам небесата твои, дело на твоите прсти, месечината и ѕвездите што си ги направил — што е смртниот човек?“ (Псалм 8:3, 4). Овој поет бил уверен дека мора да постои Творец. Дали во оваа научна ера сѐ уште е разумно да се верува во такво нешто?

[Фуснота]

a Види ја книгата Псалми, посебно Псалм 8.

[Рамка/слика на страница 3]

„Гледана оддалеку, Земјата трепери како син скапоцен камен во мрачната вселена“, се вели во The Illustrated Science Encyclopedia—Amazing Planet Earth.

[Извор на слика]

Земјина топка: U.S. Fish & Wildlife Service, Washington, D.C./NASA

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели