ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 15/12 стр. 3-4
  • Сочувство во бесчувствителен свет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сочувство во бесчувствителен свет
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Сличен материјал
  • Покажувај сочувство како Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • „Длабокото сочувство на нашиот Бог“
    Приближи му се на Јехова
  • Бидете сочувствителни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Бидете нежно сочувствителни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 15/12 стр. 3-4

Сочувство во бесчувствителен свет

ЕДЕН човек во Бурунди паѓа тешко болен од маларија. Треба итно да се префрли во болница. Но, како? Никој нема автомобил за да го однесе. Двајца блиски пријатели му доаѓаат на помош. Го седнуваат на велосипед и со мака го туркаат цели пет часа по планински пат. Го качуваат на автобус со кој стигнува до најблиската болница. По неколку дена, тој се чувствува многу подобро.

Во друг крај на светот, по налетот на ураганот Катрина, кој во август 2005 год. го опустоши американскиот брег на Мексиканскиот Залив, група доброволци наидуваат на куќа врз која паднале неколку дрвја. Иако воопшто не ги познаваат сопствениците на куќата, тие цел ден ги отстрануваат паднатите дрвја и шутот. „Не знам како да им се заблагодарам на овие луѓе“, вели жената.

Ваквите сочувствителни и љубезни постапки честопати поминуваат незабележани од страна на медиумите, бидејќи тие во ударните вести главно известуваат за разни злосторства и ѕверства. Но тоа не го менува фактот дека луѓето низ целиот свет копнеат по љубов, пријателска наклоност и сомилост. Ние сме гладни за сочувство! Во многу западни земји, такви чувства луѓето обично покажуваат за време на божиќните празници, кога многумина зборуваат или пеат за ‚мир и добра волја меѓу луѓето‘ (Лука 2:14, Превод на МПЦ).

Не е лесно да се биде сочувствителен во овој суров и ладен свет. Денес преовладува ставот дека, за да успееш во животот, мора да бидеш груб и бесчувствителен. Изгледа дека повеќето луѓе живеат со ставот: попаметно е да си свиреп отколку сочувствителен. Алчноста и егоизмот ја задушуваат сочувствителноста кај луѓето.

Поради тоа, многумина мислат само на себе и воопшто не им е гајле за чувствата или потребите на другите. Машките спортисти и јунаците од светот на забавата честопати се претставени како „вистински мажи“ (мачо типови) кои не покажуваат нежност. И некои политичари се однесуваат на сличен начин.

Затоа, добро е да се запрашаме: ‚Зошто треба да бидеме сочувствителни? Дали таа особина е корисна? Што ќе ни помогне да покажеме сочувство?‘ Во следната статија ќе биде даден одговор на овие прашања.

[Рамка на страница 3]

•Дали е слабост да бидеме сочувствителни?

•Што се постигнува со сочувствителност?

•На кои практични начини можеме да покажеме сочувство?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели