ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/1 стр. 25
  • Татко на кој му нема рамен

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Татко на кој му нема рамен
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Јехова, нашиот Татко, многу нѐ сака!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Како да бидеш добар татко
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дали го гледаш Јехова како Татко?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • ,Синот сака да го открие Таткото‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/1 стр. 25

Приближи му се на Бог

Татко на кој му нема рамен

Матеј 3:16, 17

„ТАТКО.“ Ретко кој друг збор буди подлабоки емоции кај луѓето. Еден татко што вистински ги сака своите деца им помага успешно да пораснат. Со добра причина Библијата го нарекува Јехова Бог „Татко“ (Матеј 6:9). Каков Татко е Јехова? За да одговориме на ова прашање, да видиме подетално што му рекол Јехова на Исус кога Исус се крштавал, бидејќи начинот на кој еден татко зборува со своите деца ни кажува многу за тоа каков родител е тој.

Некаде во октомври 29 год. од н.е., Исус отишол на реката Јордан за да се крсти. Во Библијата е запишано што се случило: „Кога се крсти, Исус веднаш се крена од водата. И гледај, небесата се отворија, и Јован виде како Божјиот дух слегува како гулаб и доаѓа на Исус. И гледај, се чу глас од небото кој рече: ‚Ова е мојот сакан Син, кој ми е по волја!‘“a (Матеј 3:16, 17). Овие нежни зборови, кои ги кажал Јехова лично, откриваат многу за тоа каков Татко е тој. Забележи кои три работи Јехова му ги кажал на својот Син.

Прво, со зборовите ‚ова е мојот Син‘, Јехова сакал да каже ‚горд сум што сум ти Татко‘. Еден прониклив татко ја задоволува желбата на своите деца да бидат прифатени и да им се обрне внимание. На децата им е потребно некој да ги увери дека се ценети како незаменливи членови на семејството. Замисли си колку му значело на Исус — иако бил возрасен човек — тоа што добил таква потврда од својот Татко!

Второ, нарекувајќи го својот Син „сакан“, Јехова отворено ја покажал својата љубов кон Исус. Во некоја смисла, Таткото како да рекол: ‚Те сакам‘. Еден добар татко им кажува на своите деца дека многу ги сака и дека многу му се мили. Тие зборови — придружени со татковски изрази на наклоност — им помагаат на децата успешно да растат. Колку ли му било мило на Исус кога чул како неговиот Татко му вели дека го сака!

Трето, со зборовите „кој ми е по волја“, Јехова покажал дека е задоволен од својот Син. На некој начин, Јехова како да велел: ‚Сине, добро е тоа што го направи‘. Грижливиот и нежен татко бара прилики да им каже на своите деца дека е задоволен со она што го велат или прават. Децата се зајакнуваат и се охрабруваат кога родителот ќе ги пофали. Сигурно и Исус бил многу охрабрен кога чул дека му е по волја на својот Татко!

Јехова е навистина Татко на кој му нема рамен. Дали и ти копнееш по еден таков татко? Ако да, нека те утеши тоа што можеш да се зближиш со Јехова. Ако со вера учиш за него и од сѐ срце се трудиш да ја вршиш неговата волја, тој ќе ти возврати. Библијата вели: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“ (Јаков 4:8). Што може да ти даде поголемо чувство на сигурност од тоа да бидеш близок со Јехова Бог, најдобриот Татко што постои?

[Фуснота]

a Според извештајот за истиот настан, кој е запишан во Евангелието по Лука, Јехова ја употребил личната заменка „ти“, велејќи: „Ти си мојот сакан Син, ти си по мојата волја“ (Лука 3:22).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели