ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/6 стр. 3
  • Ное и потопот — вистина, а не бајка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ное и потопот — вистина, а не бајка
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Извештајот за Ное и Потопот — дали е само мит?
    Одговор на библиски прашања
  • Зошто Бог го спасил Ное — зошто треба да знаеме?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Секој може да учи од видеокасетата Ное — тој одел со Бог
    Нашата служба за Царството 2002
  • Верата на Ное го осудува светот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/6 стр. 3

Ное и потопот — вистина, а не бајка

ДАЛИ копнееш по еден подобар свет — свет во кој луѓето ќе живеат сложно, свет без војни, криминал и без насилство? Ако да, ќе те охрабри еден историски извештај кој можеби веќе ти е добро познат. Тоа е извештајот за Ное, еден многу добар човек што изградил арка со која тој и неговата фамилија се спасиле од потоп што го зафатил целиот свет и во кој изгинале злобните луѓе.

Ретко која друга приказна е толку раширена. Извештајот за животот на Ное се наоѓа во библиската книга 1. Мојсеева, од 6. до 9. поглавје, а е прераскажан и во Коранот, како и во легендите на многу народи во целиот свет. Дали навистина имало Потоп или тој е само сказна за да се мотивираат луѓето да го прават она што е исправно? Теолозите и научниците со векови дебатираат по ова прашање. Сепак, Божјата реч, Библијата, не остава простор за никакво сомневање — овој извештај е вистина, а не бајка. Од каде знаеме?

Во 1. Мојсеева ни се кажани точната година, месец и ден кога започнал Потопот, кога и каде застанала арката и кога се исушила Земјата. И деталите во врска со арката се многу прецизни — точниот план, мерките и материјалот од кој била направена. За разлика од тоа, во бајките обично се даваат неодредени описи.

Две родословија што се запишани во Библијата потврдуваат дека Ное навистина постоел (1. Летописи 1:4; Лука 3:36). И Езра и Лука, кои ги запишале овие родословија, биле луѓе што внимателно ги истражувале фактите. Лука ги запишал имињата на предците на Исус Христос сѐ до Ное.

Ное или Потопот ги спомнале и пророците Исаија и Езекиел, како и апостолите Павле и Петар (Исаија 54:9; Езекиел 14:14, 20; Евреите 11:7; 1. Петрово 3:19, 20; 2. Петрово 2:5).

Исус Христос го спомнал Потопот кога рекол: „И како што беше во деновите на Ное така ќе биде и во деновите на Синот човечки: јадеа, пиеја, се женеа и се мажеа сѐ до денот кога Ное влезе во арката. И дојде потопот и ги уништи сите“ (Лука 17:26, 27). Да немало Потоп, не би имало никаква смисла она што го рекол Исус за „деновите на Синот човечки“.

Апостол Петар прорекол дека ќе дојдат „потсмевачи“ кои ќе се потсмеваат на она што е речено во Библијата. Тој напишал: „Намерно не согледуваат дека... тогашниот свет [светот од времето на Ное] беше уништен кога беше потопен со вода“. Дали и ние треба намерно да не го согледаме истото? Никако! Петар понатаму рекол: „А сегашните небеса и земја преку истата таа реч се зачувани за оган и се чуваат сѐ до денот на судот и уништувањето на безбожниците“ (2. Петрово 3:3-7).

Бог повторно ќе ги уништи злобните, но и тогаш ќе има преживеани. Ако се угледаме на Ное, и ние ќе можеме да бидеме меѓу праведните што ќе бидат избавени и ќе живеат во еден поубав свет.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели