ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 15/6 стр. 28
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Божјиот Израел обележан со печат
    Откровение — близу е величествената завршница!
  • Христијански сведоци со небесно живеалиште
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • ‚Божјиот Израел‘ и ‚големото мноштво‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Дали библиските пророштва се однесуваат на денешната држава Израел?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 15/6 стр. 28

Прашања од читателите

Апостол Павле изјавил дека „ќе биде спасен целиот Израел“ (Рим. 11:26). Дали сакал да каже дека ќе дојде време кога сите Евреи ќе станат христијани?

Не, Павле не сакал да го каже тоа. Како народ, потомците на Авраам не го прифатиле Исус како Месија. Во годините по смртта на Исус станало јасно дека Евреите нема масовно да се преобратат на христијанство. Сепак, изјавата на Павле дека „ќе биде спасен целиот Израел“ е точна. Во која смисла?

Исус им го рекол следново на еврејските верски водачи во неговото време: „Царството Божје ќе се земе од вас и ќе му се даде на народ кој ги донесува неговите плодови“ (Мат. 21:43). Бидејќи израелскиот народ во целина го отфрлил Исус, Јехова го свртел своето внимание кон еден нов, духовен народ. Павле го нарекол овој народ „Израелот Божји“ (Гал. 6:16).

Други стихови од Христијанските грчки списи покажуваат дека „Израелот Божји“ се состои од 144.000 христијани помазани со дух (Рим. 8:15-17; Отк. 7:4). Откровение 5:9, 10 покажува дека во оваа група се вклучени и не-Евреи, бидејќи од овие стихови се гледа дека помазаните христијани се „од секое племе и јазик и народ и народност“. Членовите на духовниот Израел биле посебно избрани за да бидат „царство и свештеници... и [да] царуваат над земјата“. Иако Јехова го отфрлил Израел како свој избран народ, поединци можеле да се помират со него. Токму ова било случај со апостолите и со многу други први христијани. Се разбира, тие Евреи, исто како и сите други луѓе, морале да бидат купени со крвта на Исус Христос (1. Тим. 2:5, 6; Евр. 2:9; 1. Пет. 1:17-19).

Иако повеќето родени Евреи во првиот век пропуштиле да станат совладетели на Исус, тоа не го спречило Бог да ја исполни својата намера. Тоа никогаш не може да се случи, бидејќи преку својот пророк Јехова изјавил: „Ќе се исполни мојата реч што излегува од мојата уста. Нема да се врати кај мене без плод, туку ќе го направи она што го сакам и ќе го изврши она поради кое сум ја испратил“ (Иса. 55:11).

Истото ова важи и за Божјата намера да им даде на 144.000 лица да владеат заедно со неговиот Син на небото. Од Библијата јасно се гледа дека Бог ќе помаже со свет дух точно 144.000 луѓе. Нема да фали ниту еден! (Отк. 14:1-5).

Значи, кога Павле напишал дека „ќе биде спасен целиот Израел“, тој не претскажал дека Евреите масовно ќе се преобратат на христијанство. Напротив, сакал да каже дека Бог ќе ја исполни својата намера 144.000 духовни Израелци да владеат заедно со неговиот Син, Исус Христос, на небото. Во време што го одредил Бог, потполниот број — „целиот Израел“ — ќе биде спасен, и на крајот сите тие ќе владеат како цареви и свештеници во месијанското Царство (Еф. 2:8).

[Слики на страница 28]

Помазаните се „од секое племе и јазик и народ и народност“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели