ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/8 стр. 16-17
  • За односот кон другите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • За односот кон другите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто да бидеме љубезни?
  • Зошто да простуваме?
  • Што е потребно за семејствата да бидат среќни?
  • Зошто да ги применуваме овие начела?
  • Како можеш да имаш среќен семеен живот
    Што навистина учи Библијата?
  • ‚Продолжете да си простувате спремно еден на друг‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Дали простуваш како Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • За семејниот живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/8 стр. 16-17

Што учиме од Исус

За односот кон другите

Зошто да бидеме љубезни?

Дали си љубезен дури и кога луѓето не се фини со тебе? Ако сакаме да бидеме како Исус, мора да бидеме љубезни и фини дури и со оние што нѐ мразат. Исус рекол: „Ако ги сакате оние што ве сакаат вас, каква заслуга имате? Зашто, и грешниците ги сакаат оние што ги сакаат нив... Туку, сакајте ги своите непријатели... и ќе бидете синови на Севишниот, зашто тој е милостив кон неблагодарните и кон злите“ (Лука 6:32-36; 10:25-37).

Зошто да простуваме?

Кога ќе згрешиме нешто, сакаме Бог да ни прости. Исус поучувал дека е на место да го молиме Бог да ни прости (Матеј 6:12). Меѓутоа, Исус рекол дека Бог ќе ни прости само онолку колку што и ние им простуваме на другите. Тој рекол: „Ако вие им ги простите на луѓето нивните престапи, и вашиот небесен Татко ќе ви прости вам. Но, ако вие не им ги простите на луѓето нивните престапи, ниту вашиот Татко нема да ви ги прости вам вашите престапи“ (Матеј 6:14, 15).

Што е потребно за семејствата да бидат среќни?

Иако Исус никогаш не бил женет, можеме многу да научиме од него за тоа што е потребно за семејствата да бидат среќни. И со зборови и со дела, тој ни дал пример. Да ги разгледаме следниве три работи.

1. Мажот мора да ја сака својата жена како своето тело. Исус им дал пример на мажите. На своите ученици им рекол: „Нова заповед ви давам: сакајте се еден со друг!“ Колку требало да се сакаат? „Како што јас ве сакав“, рекол тој (Јован 13:34). Применувајќи го ова начело на мажите, Библијата вели: „Мажи, сакајте ги своите жени, како што и Христос го сакаше собранието и се предаде себеси за него... Така и мажите треба да ги сакаат своите жени како своите тела. Кој ја сака својата жена, се сака самиот себе. Зашто, никој не го мрази своето тело, туку го храни и го негува, како и Христос собранието“ (Ефешаните 5:25, 28, 29).

2. Мажот и жената мора да бидат верни еден на друг. Кога некој има вонбрачни полови односи, прави грев против Бог и си го уништува семејството. Исус рекол: „Зарем не сте читале... ‚Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до својата жена, и двајцата ќе бидат едно тело‘? Така повеќе не се две, туку едно тело. Затоа, Бог што составил, човек да не разделува!.. Ви велам, секој што ќе се разведе од својата жена, освен поради блуд, и ќе се ожени со друга, прави прељуба“ (Матеј 19:4-9).

3. Децата мора да ги слушаат своите родители. Иако Исус бил совршен, а неговите родители биле несовршени, кога бил дете тој ги слушал. Еве што вели Библијата за Исус кога бил на 12-годишна возраст: „И се врати со [своите родители] и дојде во Назарет, и им беше послушен“ (Лука 2:51; Ефешаните 6:1-3).

Зошто да ги применуваме овие начела?

Во врска со поуките што им ги давал на своите ученици, Исус рекол: „Кога го знаете тоа, среќни сте ако го правите“ (Јован 13:17). За да бидеме вистински христијани, мора да ги применуваме советите што ни ги дал Исус за односот кон другите. Тој рекол: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (Јован 13:35).

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 14. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?a

[Фуснота]

a Издадена од Јеховините сведоци

[Слика на страници 16 и 17]

Од Исусовата споредба за расипничкиот син учиме колку е важно да бидеме љубезни и да простуваме (Лука 15:11-32)

[Слика на страница 17]

Мажот и жената мора да бидат верни еден на друг

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели