ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/8 стр. 24-25
  • Самоил го правел она што е исправно

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Самоил го правел она што е исправно
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Самоил го правел она што е добро
    Поучете ги своите деца
  • Едно мало дете му служи на Бог
    Мојата книга со библиски приказни
  • „Растеше пред Јехова“
    Угледајте се на нивната вера
  • Тој „растеше пред Јехова“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/8 стр. 24-25

Поучете ги своите деца

Самоил го правел она што е исправно

ДАЛИ си видел како другите прават нешто лошо? —a Самоил видел. Тој живеел на место каде што никој не би очекувал да се прават такви работи, во Божјиот свет шатор во градот Сило. Да видиме што се случило пред повеќе од 3.000 години, кога Самоил отишол да живее таму.

Пред да се роди Самоил, неговата мајка, Ана, многу сакала да има бебе. Еднаш, кога отишла во светиот шатор, Ана го молела Бог за тоа. Толку горливо се молела што усните ѝ трепереле. Затоа, првосвештеникот Илиј си помислил дека е пијана. Но, кога чул дека не е така, туку дека ѝ било многу тешко, тој ја благословил со зборовите: „Богот на Израел нека ти ја услиши молитвата што си му ја упатила“ (1. Самоилова 1:17).

Подоцна се родил Самоил, и Ана била толку среќна што му рекла на својот маж, Елкана: ‚Штом ќе престанам да го дојам Самоил, ќе го одведам во светиот шатор за да му служи на Бог таму‘. Така и направила! Кога го однела таму, Самоил имал околу четири-пет години.

Илиј остарел, а неговите синови, Офни и Финес, не му служеле на Јехова како што треба. Тие имале дури и неморални полови односи со жените што доаѓале во шаторот! Што мислиш, што требало да направи татко им? — Да, требало да ги искара и да не им дозволи да ги прават тие лоши работи.

Малиот Самоил растел таму и веројатно знаел за неисправните постапки на синовите на Илиј. Дали се повел по нивниот лош пример? — Не, туку продолжил да го прави она што е исправно, онака како што го научиле родителите. Меѓутоа, не е ништо чудно што Јехова му се лутел на Илиј. Тој дури му испратил еден пророк да му каже дека ќе го казни неговото семејство, особено неговите лоши синови (1. Самоилова 2:22-36).

Самоил продолжил да служи со Илиј во шаторот. Една ноќ, додека спиел, чул како некој го вика по име. Тогаш отрчал кај Илиј, но Илиј му рекол дека не го викнал тој. Истото се случило и по вторпат. Откако тоа се случило и по третпат, Илиј го поучил Самоил да каже: „Зборувај, Јехова, зашто твојот слуга слуша!“ Кога Самоил рекол така, Јехова му кажал нешто. Знаеш ли што? —

Бог му кажал и на Самоил дека има намера да го казни семејството на Илиј. Следното утро Самоил се плашел да му каже на Илиј што му рекол Јехова. Но, Илиј го молел Самоил: „Те молам, немој да криеш ништо од мене“. На крајот, Самоил му раскажал на Илиј сѐ што му рекол Јехова дека ќе направи, исто како што тоа претходно му го кажал и Божјиот пророк. Илиј одговорил: „[Јехова] нека го направи она што е добро во негови очи“. По некое време, Офни и Финес загинале, а умрел и Илиј (1. Самоилова 3:1-18).

Во меѓувреме, ‚Самоил растел, а Јехова бил со него‘. Веројатно веќе бил тинејџер, важен период од животот на младите. Мислиш ли дека му било лесно да продолжи да го прави она што е исправно кога другите го правеле токму спротивното? — Иако не било лесно, Самоил му служел на Јехова верно до крајот на животот (1. Самоилова 3:19-21).

А ти? Ќе бидеш ли како Самоил додека растеш? Ќе го правиш ли она што е исправно? Ќе се држиш ли цврсто за библиските учења и за она што те научиле родителите? Ако да, ќе се радуваат и Јехова и твоите родители!

[Фуснота]

a Ако читаш со деца, долгата црта значи дека треба да запреш и да ги пуштиш децата да одговорат на прашањето.

Прашања:

○ Како почнал Самоил да служи во Јеховиниот свет шатор?

○ Со кои работи се соочил таму?

○ Каков пример им дал Самоил на младите?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели