ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/8 стр. 26
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Довршена е службата во храмот
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Археологијата неопходна за вера?
    Разбудете се! 2003
  • Повторно доживување на Исусовите последни денови на Земјата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/8 стр. 26

Дали сте знаеле?

На кој јазик зборувал Исус?

Стручњаците имаат различни мислења за тоа на кој јазик зборувал Исус. Меѓутоа, додека живеел како човек на Земјата, изгледа дека Исус зборувал на еден облик на хебрејскиот и еден дијалект на арамејскиот јазик. Кога дошол во Назарет, во областа Галилеја, и влегол во синагогата, тој читал од пророштвото на Исаија, кое најверојатно било напишано на хебрејски. Во Библијата не се спомнува дека Исус ги преведувал тие стихови на арамејски јазик (Лука 4:16-21).

Во врска со јазиците што се користеле во Палестина кога Исус Христос бил на Земјата, професор Џ. Ернест Рајт вели: „Изгледа дека грчкиот и арамејскиот биле вообичаени јазици... римските војници и службеници зборувале на латински, а ортодоксните Евреи веројатно зборувале на една подоцнежна варијанта на хебрејскиот јазик“. Сега е јасно зошто знакот што Пилат го поставил на маченичкиот столб на Исус бил испишан на три јазици — хебрејски, латински и грчки (Јован 19:20).

Во својата книга Откритија од времето на Исус (Discoveries From the Time of Jesus), Алан Милард вели: „Додека ги извршувале своите секојдневни должности, римските управители очигледно зборувале на грчки, и можно е Исус да му одговарал на Пилат на грчки јазик за време на неговото судење“. Иако Библијата не покажува дали навистина било така, интересно е да се забележи дека не е спомнато дека во тој разговор се користел и толкувач (Јован 18:28-40).

Според професор Рајт, „нема сигурен начин да дознаеме дали [Исус] зборувал на грчки или на латински, но, додека поучувал, редовно го користел или арамејскиот или народниот хебрејски јазик, кој содржел големи примеси од арамејскиот“ (Biblical Archaeology, 1962, страница 243).

Колкави биле храмските камења во Ерусалим?

Кога зборувале со Исус за храмот во Ерусалим, учениците рекле: „Учителе, гледај! Какви камења, какви градби!“ (Марко 13:1). Колку биле големи некои од тие камења?

Кога Исус бил на Земјата, цар Ирод го направил Храмското брдо двапати поголемо отколку што било во времето на Соломон. Тоа било најголемата платформа направена од човек во древниот свет. Зафаќала површина од 480 на 280 метри. Се вели дека некои од делканите камења што се користеле во изградбата биле долги 11 метри, високи 3 метри и широки 5 метри. Некои тежеле и над 50 тони. Еден таков камен тежел приближно 400 тони, и еден стручњак рекол дека „во целиот древен свет немало друг камен со толкави димензии“.

Исус одговорил на прашањето што му го поставил еден од учениците: „Ги гледаш ли овие величествени градби? Овде нема да биде оставен ниту камен на камен, сѐ ќе биде урнато“ (Марко 13:2). Многу од тие огромни камења сѐ уште лежат онаму каде што ги оставиле римските војници откако ги разлабавиле со лостови и ги турнале во 70 год. од н.е.

[Слика на страница 26]

Храмски камења турнати од храмското брдо, Ерусалим

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели