ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 15/9 стр. 16-20
  • Твојот брак нека биде „трикратно јаже“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Твојот брак нека биде „трикратно јаже“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Јехова нека биде дел од твојот брак
  • Кога ќе дојде до проблеми
  • Други благослови
  • Бракот — дар од Бог
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Ти можеш да имаш среќен брак!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Бракот — дар од Бог
    Зачувај ја Божјата љубов
  • По венчавката
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 15/9 стр. 16-20

Твојот брак нека биде „трикратно јаже“

„Трикратно јаже не се кине лесно“ (ПРОП. 4:12).

1. Кој го склучил бракот помеѓу првиот маж и жена?

ОТКАКО ги создал растенијата и животните, Јехова Бог го создал првиот човек, Адам. Подоцна пуштил длабок сон врз Адам, па му зел едно ребро и од него му направил совршена помошничка. Кога ја здогледал, човекот рекол: „Најпосле, еве коска од моите коски и месо од моето месо“ (1. Мој. 1:27; 2:18, 21-23). И Јехова бил задоволен што ја создал Ева како соодветна придружничка за Адам. Тоа го покажал така што ги венчал и ги благословил (1. Мој. 1:28; 2:24).

2. Како Сатана ги нарушил односите меѓу Адам и Ева?

2 За жал, недолго потоа, на бракот, како институција што ја замислил Бог, му бил зададен удар. Како? Едно злобно духовно суштество, кое подоцна било наречено Сатана, ја прелажало Ева да јаде од единственото дрво што им било забрането. Наскоро и Адам се повел по својата жена. Со тоа, всушност, и двајцата се побуниле против Божјата праведна влада и против доброто водство што им го давал Бог (1. Мој. 3:1-7). Кога Јехова ги прашал што направиле, веднаш станало јасно дека односите меѓу нив веќе биле нарушени. Адам ја обвинил својата жена, велејќи: „Жената што ми ја даде да биде со мене, таа ми даде плод од дрвото, па јадев“ (1. Мој. 3:11-13).

3. Кое погрешно гледиште го имале некои Евреи?

3 Низ вековите што следеле оттогаш наваму, Сатана користел најразлични подли методи за ја наруши брачната хармонија. На пример, понекогаш ги користел верските водачи да шират небиблиски гледишта за бракот. Некои еврејски водачи ги омаловажувале Божјите мерила и им дозволувале на мажите да се разведуваат од своите жени за толку банални работи како, на пример, затоа што жената го пресолила јадењето. Но, Исус нагласил: „Секој што ќе се разведе од својата жена, освен поради блуд, и ќе се ожени со друга, прави прељуба“ (Мат. 19:9).

4. Во која смисла бракот е изложен на удари денес?

4 Сатана сѐ уште се труди со сите сили да ја раскине брачната врска. Брачните заедници меѓу хомосексуалци, невенчаните парови што живеат заедно и брзите разводи се доказ дека тој има голем успех во овој поглед. (Прочитај Евреите 13:4.) Како христијани, што би можеле да направиме за да не станеме жртви на извртеното гледиште за бракот? Да разгледаме неколку обележја на еден среќен и успешен брак.

Јехова нека биде дел од твојот брак

5. Што значи изразот „трикратно јаже“ кога се однесува на бракот?

5 Еден брак ќе цвета ако Јехова е вклучен во него. Неговата Реч вели: „Трикратно јаже не се кине лесно“ (Проп. 4:12). Изразот „трикратно јаже“ е симболичен. Кога се однесува на бракот, тој ја пренесува мислата дека мажот и жената, кои се првите два струка од јажето, се испреплетени со главниот струк, односно со Јехова Бог. Ако се обединети со Бог на таков начин, брачните другари ќе имаат духовна сила да се справат со проблемите, а тоа е и клучот за да постигнат најголема среќа во бракот.

6, 7. а) Што можат да прават христијаните за Бог да биде во нивниот брак? б) Што цени една сестра кај својот сопруг?

6 Но, што можат да прават брачните партнери за нивниот брак навистина да биде такво трикратно јаже? Псалмистот Давид пеел: „Задоволство ми е да ја вршам твојата волја, Боже мој, и твојот закон е длабоко во мене“ (Пс. 40:8). Љубовта кон Бог нѐ поттикнува и нас да му служиме со неподелено срце. Значи, и двајцата партнери треба да бидат многу блиски пријатели со Јехова и со задоволство да ја вршат неговата волја. Освен тоа, секој од нив треба да се труди да го поттикнува другиот уште повеќе да го сака Бог (Изр. 27:17).

7 Ако Божјиот закон навистина е длабоко во нас, тогаш ќе покажуваме вера, надеж и љубов, и овие особини ќе ни помогнат да ја зацврстуваме брачната врска (1. Кор. 13:13). Една христијанка по име Сандра, која е мажена веќе 50 години, вели: „Она што најмногу го ценам кај мојот сопруг се советите и водството што ми го дава на темел на Библијата, како и неговата љубов кон Јехова, која е посилна од љубовта кон мене“. Мажи, дали може да се каже нешто слично и за вас?

8. Што е потребно за да се добие „добра плата“ во бракот?

8 Како брачен пар, дали и двајцата го ставате Царството на прво место во животот? И дали го сметаш својот сопружник за партнер со кој заедно му служиш на Јехова? (1. Мој. 2:24). Мудриот цар Соломон напишал: „Подобро им е на двајца отколку на еден, зашто имаат добра плата за својот труд“ (Проп. 4:9). Всушност, и мажот и жената мораат да работат напорно за да добијат „добра плата“, односно да уживаат во трајна врска која е полна со љубов и е благословена од Бог.

9. а) Какви одговорности имаат сопрузите? б) Според Колошаните 3:19, како треба мажот да се однесува со својата жена?

9 Показател за тоа дали Бог е во нечиј брак е трудот што го вложуваат и мажот и жената за да постапуваат во склад со Неговите барања. Главно мажите се одговорни да се грижат за материјалните и духовните потреби на домашните (1. Тим. 5:8). Исто така, секој маж е охрабрен да се грижи и за емоционалните потреби на својата жена. Во Колошаните 3:19 читаме: „Мажи, сакајте ги своите жени и немојте да се гневите на нив“. Еден изучувач на Библијата објаснува дека изразот ‚се гневи‘ во овој контекст значи мажот „остро да зборува со [жената] или да ја удира или, пак, да не ѝ покажува дека ја сака и да не се грижи за неа, да не ѝ пружа заштита и помош“. Јасно е дека сопругот во едно христијанско семејство не би смеел да постапува на таков начин. Мажот кој со љубов го спроведува своето поглаварство, всушност, ја поттикнува својата жена спремно да му се подложува.

10. Каков став треба да покажуваат мажените христијанки?

10 И мажените христијанки кои сакаат Јехова да биде во нивниот брак мора да постапуваат во склад со Божјите барања. Апостол Павле напишал: „Жените нека им бидат подложни на своите мажи како на Господарот, зашто мажот е глава на жената како што е и Христос глава на собранието“ (Еф. 5:22, 23). Сатана ја измамил Ева со тоа што ѝ ја пласирал лагата дека независноста од Бог ќе ѝ донесе трајна среќа. Духот на независност сега јасно се гледа во многу бракови. Но, побожните жени немаат ништо против тоа да се подложуваат на поглаварството на своите мажи кои многу ги сакаат. Тие се свесни дека Јехова му ја дал Ева на Адам како дополнение, и дека тоа е почесна улога од Бог (1. Мој. 2:18). Христијанската сопруга која спремно ја врши улогата што ѝ ја доверил Бог навистина е „круна за својот маж“ (Изр. 12:4).

11. До каков заклучок дошол еден брат во врска со успехот во бракот?

11 Брачните другари ќе го задржат Бог во својот брак и ако ја проучуваат заедно Божјата реч. Џералд, кој е среќно оженет 55 години, вели: „Најважно нешто за успешен брак е да се чита и да се проучува Библијата заедно“. Тој додава: „Ако сопружниците ги прават работите заедно, особено духовните, ќе се зближат уште повеќе и еден со друг и со Јехова“. Заедничкото проучување на Библијата му помага на семејството јасно да ги задржи на ум Јеховините мерила, да го зајакнува својот однос со Него и постојано да напредува.

12, 13. а) Зошто е многу важно брачните парови да се молат заедно? б) Кои други духовни активности го зајакнуваат бракот?

12 Среќните брачни двојки исто така се молат заедно. Кога мажот му ‚го излева своето срце‘ на Јехова, молејќи го за работи што се конкретно поврзани со нивните околности, без сомнение се зајакнува брачната врска (Пс. 62:8). На пример, сигурно би ти било многу полесно да го решиш кое и да е несогласување со твојот партнер ако заедно го молите Семоќниот за водство и за совет! (Мат. 6:14, 15). Во склад со молитвите, би било многу добро и двајцата сопружници да бидат решени да си помагаат, да ‚се поднесуваат еден со друг и спремно да си простуваат еден на друг‘ (Кол. 3:13). Не заборавајте, молитвата покажува дека се потпирате на Бог. Цар Давид рекол: „Очите на сите се вперени во тебе“ (Пс. 145:15). Кога во молитва ‚ги вперуваме очите‘ во Бог, не сме толку оптоварени затоа што знаеме дека ‚тој се грижи за нас‘ (1. Пет. 5:7).

13 Друг многу важен начин на кој брачните другари можат да го задржат Јехова во бракот е ако присуствуваат на собраниските состаноци и ако заедно одат во служба. На состаноците, брачните парови учат да им се спротивстават на „сплетките“ што Сатана ги користи за да ги раздели семејствата (Еф. 6:11). А сопружниците кои редовно одат заедно во служба учат да ‚бидат постојани, непоколебливи‘ (1. Кор. 15:58).

Кога ќе дојде до проблеми

14. Што го зголемува притисокот врз бракот?

14 Можеби предлозите што беа наведени не се ништо ново за тебе, но зошто сепак не поразговараш отворено за нив со твојот сопружник? Размисли дали можеби постои некое поле од бракот на кое треба да обрнете повеќе внимание. Како што вели и Библијата, дури и оние што го имаат Бог во својот брак „ќе имаат телесни неволји“ (1. Кор. 7:28). Поради тоа што сме несовршени, како и поради лошото влијание од овој безбожен свет и замките на Ѓаволот, дури и браковите меѓу верни слуги на Бог можат да се најдат под силен притисок (2. Кор. 2:11). Но, Јехова ни помага да се справиме со таквиот притисок. Значи, можеме да го поднесеме! Верниот Божји слуга Јов го изгубил добитокот, своите слуги и сите деца. Сепак Библијата вели: „Во сето тоа Јов не згреши и не рече ништо лошо за Бог“ (Јов 1:13-22).

15. Како обично луѓето реагираат под притисок, и што треба да прави некој ако неговиот сопружник реагира на таков начин?

15 Од друга страна, пак, жената на Јов му рекла: „Зарем уште си постојан во својата беспрекорност? Проколни го Бог и умри!“ (Јов 2:9). И навистина, кога ќе дојде до трагедија или до многу тешки проблеми, човек може толку многу да биде потресен што ќе постапи непромислено. „Угнетувањето може да го наведе мудриот да постапува лудо“, рекол еден мудар човек (Проп. 7:7). Доколку твојот сопружник ти се развика и те повреди со остри зборови затоа што е под притисок или се чувствува ‚угнетуван‘, обиди се да останеш смирен. Ако реагираш на сличен начин, можеби едниот од вас или и двајцата ќе кажете нешто што уште повеќе ќе ја влоши ситуацијата. (Прочитај Псалм 37:8.) Затоа, биди спремен да преминеш преку ‚непромислените зборови‘ кои можеби се резултат на разочарување или обесхрабрување (Јов 6:3).

16. а) Како зборовите на Исус, запишани во Матеј 7:1-5, можат да се применат на бракот? б) Зошто е потребно да се биде урамнотежен во бракот?

16 Брачните другари треба да имаат реалистични очекувања. Можеби едниот гледа некои особености кај другиот и си мисли: ‚Јас ќе го променам‘. Со љубов и стрпливост, навистина би можел да му помогнеш на сопружникот постепено да се подобри. Но, сети се дека Исус го споредил оној што приговара за безначајните грешки кај другите со човек кој ја гледа „раската“ во окото на својот брат, но не ја забележува „гредата“ во своето око. Исус нѐ поттикнал: „Не судете, за да не бидете судени“. (Прочитај Матеј 7:1-5.) Ова не значи дека не треба да се укаже на сериозните слабости. Роберт, кој е женет речиси 40 години, вели: „Можеби брачните партнери ќе мораат да направат промени во животот откако отворено и искрено ќе разговараат еден со друг и ќе ги прифатат забелешките што другиот со право им ги дава“. Затоа, биди урамнотежен. Наместо да се вознемируваш што твојот сопружник нема одредени особини кои ти ги сметаш за пожелни, научи да ги цениш и да уживаш во добрите особини што тој или таа ги има сега (Проп. 9:9).

17, 18. Каде може да побараме помош кога се зголемуваат проблемите?

17 Проблеми можат да се појават и кога ќе се сменат околностите во животот. Двојката би можела да се соочи со тешкотии кога ќе се родат деца. Можеби едниот од нив или детето тешко ќе се разболи. Може да им биде потребна посебна нега на остарените родители. Можеби полнолетните деца ќе се преселат далеку од дома. Други промени можат да настапат заедно со некои нови теократски задачи и одговорности. Сите овие промени можат, во некоја мера, да предизвикаат стрес и загриженост кај брачните партнери.

18 Што да сториш ако притисокот во твојот брак е толку силен што мислиш дека повеќе не можеш да издржиш? (Изр. 24:10). Не кревај раце! Сатана многу се радува ако некој Божји слуга престане да му служи на Јехова. Уште посреќен би бил ако брачна двојка го стори тоа. Затоа, направи сѐ што можеш за твојот брак да остане трикратно јаже. Библијата содржи многу извештаи за лица кои останале верни и покрај тешки испити. На пример, Давид еднаш му го излеал своето срце на Јехова, велејќи: „Смилувај ми се, Боже, зашто смртен човек... ме угнетува“ (Пс. 56:1). Дали некогаш те угнетувал „смртен човек“? Сеедно дали притисокот што го чувствуваш доаѓа однадвор или од некој што ти е близу, запомни: Давид нашол сила да издржи, па можеш да најдеш и ти. „Го барав Јехова, и тој ми одговори“, рекол тој. „Од сите мои стравови ме ослободи“ (Пс. 34:4).

Други благослови

19. Како можеме да ги одбиеме нападите на Сатана?

19 Во ова време на крајот, брачните другари треба ‚меѓусебно да се тешат и да се изградуваат еден со друг‘ (1. Сол. 5:11). Не заборавај, Сатана тврди дека ние сме му верни на Јехова од себични причини. Тој ќе направи сѐ што е во негова моќ — па дури и ќе го нападне бракот — за да ја скрши нашата верност кон Бог. За да ги одбиеме неговите напади, мора да имаме потполна доверба во Јехова (Изр. 3:5, 6). Павле напишал: „Сѐ можам со помош на оној што ми дава сила“ (Фил. 4:13).

20. Како се благословени оние што го задржуваат Бог во својот брак?

20 Оние парови во чиј брак е Бог имаат многу благослови. Ова навистина е случај со Џоел и жена му, со која е во брак 51 година. Тој вели: „Постојано му благодарам на Јехова за мојата жена и за нашиот среќен брак. Таа ми е совршен партнер“. Во што е нивната тајна? „Секогаш се трудиме да бидеме љубезни и стрпливи еден со друг и да си покажуваме дека се сакаме.“ Никој од нас не може да го прави тоа совршено во овој поредок. Сепак, да се трудиме со сите сили да ги применуваме библиските начела и да го задржиме Јехова во својот брак. Ако правиме така, нашиот брак ќе биде како „трикратно јаже [кое] не се кине лесно“ (Проп. 4:12).

Се сеќаваш ли?

• Што значи Јехова да биде во нечиј брак?

• Што треба да прават брачните другари кога ќе дојде до проблеми?

• Како знаеме дали Бог е во нечиј брак?

[Слики на страница 18]

Заедничката молитва им помага на брачните двојки да се справат со тешки ситуации

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели