ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/10 стр. 11
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Треба ли да ја држиш саботата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Дали треба христијаните да го држат денот на одмор?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/10 стр. 11

Дали сте знаеле?

Зошто Евреите почнувале навечер да ја држат саботата, односно нивниот ден за одмор?

Кога Јехова му го дал на својот народ законот во врска со Денот на очистување, тој рекол: „Во тој ден немојте да работите никаква работа... Тоа нека ви биде ден за одмор, за потполн одмор... Својот ден за одмор држете го од вечер до вечер“ (3. Мојсеева 23:28, 32). Оваа заповед го одразувала гледиштето дека секој ден започнувал навечер, по зајдисонце, и завршувал со следното зајдисонце. Значи, за Евреите денот траел од една до друга вечер.

Овој метод на броење на деновите го вовел лично Бог. Во извештајот во врска со првиот симболичен ден на создавање пишува: „И дојде вечер, и дојде утро — прв ден“. Следните „денови“ се сметале на ист начин, почнувајќи од ‚вечерта‘ (1. Мојсеева 1:5, 8, 13, 19, 23, 31).

Евреите не биле единствените што ги сметале деновите на таков начин. Атињаните, Нумидијците и Феничаните се воделе по истиот принцип. Вавилонците, пак, го сметале изгрејсонцето за почеток на секој нов ден, додека Египќаните и Римјаните ги сметале деновите од полноќ до полноќ, како што ги сметаме и денес. Меѓутоа, денешните Евреи сѐ уште го започнуваат и го завршуваат своето држење на саботата со настапувањето на зајдисонцето.

Колкаво растојание се поминувало за „еден саботен ден одење“?

Откако виделе како Исус се вознел на небото додека биле на Маслинската Гора, неговите ученици се вратиле во Ерусалим, кој бил ‚оддалечен колку еден саботен ден одење‘ (Дела 1:12). Еден патник можел за еден ден да изоди околу 30, па и повеќе километри. Меѓутоа, Маслинската Гора е во близина на Ерусалим. Според тоа, што се мислело со изразот „еден саботен ден одење“?

Саботата била ден во кој Израелците требало да се одморат од своите вообичаени активности. Тој ден не смееле да запалат ни оган во своите домови (2. Мојсеева 20:10; 35:2, 3). „Секој нека остане таму каде што е“, заповедал Јехова. „Никој да не го напушта своето место во седмиот ден“ (2. Мојсеева 16:29). Овој закон требало да им даде можност на Израелците да се одморат од секојдневните активности и да посветат поголемо внимание на духовните работи во животот.

Незадоволни од начелата дадени со Јеховиниот закон, ситничавите рабини почнале да одредуваат прецизно — а понекогаш и своеволно — колкав пат смее да се изоди во сабота, на пример, за да се појде во храмот. Во врска со ова, во една енциклопедија стои: „Врз основа на строгите закони за држењето на саботата... на секој Израелец му било забрането во сабота да помине повеќе од едно одредено растојание, наречено саботен ден одење“ (Cyclopedia of Biblical, Theological, and Ecclesiastical Literature). Станувало збор за 2.000 лакти, што одговара на растојание меѓу 800 и 1.100 метри.

[Слика на страница 11]

Ерусалим гледан од маслинската гора

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели