ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/12 стр. 8
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • „Дрводелецот“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Зошто треба да работиме
    Учи од Големиот Учител
  • Јован го крштава Исус
    Мојата книга со библиски приказни
  • Да го запознаеме ‚Христовиот ум‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/12 стр. 8

Дали сте знаеле?

Што правел Исус како дрводелец?

Исусовиот очув бил дрводелец. И Исус го научил истиот занает. Кога започнал со својата служба на возраст од „околу триесет години“, тој не бил познат само како „синот на дрводелецот“ туку и како самостоен дрводелец (Лука 3:23; Матеј 13:55; Марко 6:3).

Во градот каде што израснал Исус сигурно имало голема побарувачка од рала и јареми — земјоделски алати кои главно се правеле од дрво. Меѓу другите вообичаени производи на дрводелците спаѓал и разновиден мебел: маси, столови, мали столчиња и креденци, како и врати, прозорци, дрвени брави и тавански греди. Значи, дел од работата на еден дрводелец била поврзана со градежништво.

Во една споредба, Јован Крстител спомнал секира — алатка што Исус и другите дрводелци веројатно ја користеле за да сечат дрвја. Потоа, од пресеченото дрво правеле греди на лице место или, пак, го превезувале до своите работилници. За овој дел од работата несомнено била потребна голема физичка сила (Матеј 3:10). Исаија набројува и други алатки што ги користеле дрводелците во негово време: „Дрводелецот ја растегнува мерната врвца, го оцртува со црвена креда, го обработува со длето, го мери со шестар“ (Исаија 44:13). Археолошките откритија потврдуваат дека во библиски времиња се користеле метални пили, камени чекани и бронзени клинци (2. Мојсеева 21:6; Исаија 10:15; Еремија 10:4). Разумно е да претпоставиме дека и Исус ги користел сите тие алатки.

Кои биле „банкарите“ што ги спомнал Исус во една споредба, и како работеле тие?

Исус спомнал некој господар што го прекорил својот слуга кој не му донел никаква добивка. Господарот рекол: „Требаше да ги вложиш моите сребрени пари кај банкарите, и јас, по враќањето, ќе го добиев своето со камата“ (Матеј 25:27).

Во времето на Исус не постоеле големи банки како што има денес. Меѓутоа, заемодавците уште во старо време исплатувале камата на парите што биле вложени кај нив, а давале и пари на заем со уште повисоки камати. Според еден библиски речник, до 4 век пр.н.е. во Грција било вообичаено да се даваат заеми за кои се земале високи камати (The Anchor Bible Dictionary). А во периодот на мир што го воспоставиле Римјаните, годишните каматни стапки за земен кредит низ целата Римска Империја се движеле од 4 до 6 отсто.

Мојсеевиот закон забранувал да им се дава на заем пари со камата на Израелците што биле во оскудица (2. Мојсеева 22:25). Изгледа дека ова правило главно се однесувало на заемите што им се давале на сиромашните. Но, како што покажува споредбата на Исус, било вообичаено да се земе камата за средствата што се оставале кај заемодавците, односно „банкарите“. Одовде гледаме дека и овој пат Исус користел поими што им биле познати на неговите слушатели, како што правел и секогаш.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели