ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/1 стр. 11-13
  • Се плашиш ли од мртвите?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се плашиш ли од мртвите?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали мртвите живеат?
  • „Демони“, или нечисти духови
  • Како да се победи стравот
  • Спротивстави им се на злите духовни сили
    Спознание кое води до вечен живот
  • Моќта на злите духови
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Духовни суштества — како влијаат врз нас
    Што навистина учи Библијата?
  • Јехова ќе ти помогне да им се спротивставиш на злите духови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/1 стр. 11-13

Се плашиш ли од мртвите?

НА ОВА прашање многумина би одговориле едноставно со: „Не, зошто би се плашел?“ Според нив, оние што починале навистина се мртви. Меѓутоа, милиони други луѓе се уверени дека мртвите продолжуваат да живеат како духови.

Во Бенин, западна Африка, мнозина веруваат дека мртвите можат да се вратат за да ги убијат другите членови на своето семејство. Луѓето продаваат што имаат или се задолжуваат за да платат за животинските жртви и за обредите што се прават со цел да се смилостиват мртвите роднини. Некои прибегнуваат кон спиритизам, бидејќи сметаат дека духот на човекот преживува при смртта и може да комуницира со живите. Трети, пак, доживеале ужасни работи за кои си мислат дека им ги направиле духовите на мртвите.

Такво искуство имал Агбула, кој живее во близина на границата меѓу Бенин и Нигерија. Еве што ни раскажа тој: „Во нашето место спиритизмот е секојдневна работа. Обичај е церемонијално да се искапе телото на мртовецот за да се подготви за духовниот свет. Честопати го собирав сапунот што остануваше и го мешав со некои тревки. Потоа, додека ја мачкав ловечката пушка со таа смеса, гласно кажував каков дивеч сакам да уловам. Вакви работи се вообичаени и изгледаше дека се доста ефикасни. Но, некои аспекти од спиритизмот се страшни.

По таинствената смрт на двајца мои синови, се посомневав дека некој ми прави магии. За да се уверам во тоа, отидов кај еден стар човек, кој беше познат по својата спиритистичка моќ. Тој ми ги потврди сомневањата. Што е уште полошо, ми рече дека моите синови сега чекаат во духовниот свет за да му станат слуги на својот убиец кога тој ќе умре. Старецот ми кажа и дека мојот трет син ќе го снајде истата судбина. И навистина, по неколку дена ми умре и тој син.“

По ова, Агбула го сретнал Џон, Јеховин сведок од соседна Нигерија. На темел на Библијата, Џон му објаснил во каква состојба се умрените. Тоа објаснување му го сменило животот на Агбула. Може да го смени и твојот.

Дали мртвите живеат?

Кој може најдобро да одговори на ова прашање? Не би можел да одговори некој човек, колку и да е познат по својата спиритистичка моќ. Одговорот го знае само Јехова, оној што создал сѐ живо „на небесата и на земјата, видливо и невидливо“ (Колошаните 1:16). Тој ги создал ангелите за да живеат во духовното подрачје, како и човекот и животните за да живеат на Земјата (Псалм 104:4, 23, 24). Целокупниот живот зависи од Него (Откровение 4:11). Затоа, разгледај што вели за смртта Божјата реч, Библијата.

Јехова прв кажал нешто за смртта. Тој ги предупредил Адам и Ева дека ќе умрат ако не му бидат послушни (1. Мојсеева 2:17). Што значело тоа? Јехова му објаснил на Адам: Ти „си прав, и во прав ќе се вратиш“ (1. Мојсеева 3:19). Кога некој ќе умре, телото почнува да се распаѓа — се враќа во прав. Животот престанува.

Адам и Ева намерно не послушале и затоа биле осудени на смрт. Меѓутоа, не биле првите луѓе што умреле. Прв умрел нивниот син Авел, кого го убил неговиот постар брат, Каин (1. Мојсеева 4:8). Каин не се плашел дека неговиот мртов брат ќе му се одмазди. Напротив, се плашел од она што можеле да му го направат живите луѓе (1. Мојсеева 4:10-16).

По многу векови, цар Ирод се разлутил кога астролозите му рекле дека „еврејскиот цар“ се родил во областа со која владеел тој. Со намера да го убие својот иден соперник, Ирод сковал план да се погубат сите машки деца на возраст од две години и надолу кои живееле во Витлеем. Но, еден ангел го предупредил Јосиф да ги земе Исус и Марија и да ‚избега во Египет‘ (Матеј 2:1-16).

Кога умрел Ирод, ангелот му рекол на Јосиф да се врати во Израел, ‚зашто умреле оние што ја барале душата на детето‘ (Матеј 2:19, 20). Ангелот, кој бил духовно суштество, знаел дека Ирод повеќе не може да му наштети на Исус. Јосиф не се плашел од мртвиот цар Ирод. Меѓутоа, се плашел од она што можел да го направи неговиот син, тиранинот Архелај. Затоа, со своето семејство се населил во Галилеја, каде што Архелај немал никаква власт (Матеј 2:22).

Овие извештаи ни помагаат да видиме дека мртвите се немоќни. Тогаш, како може да се објасни она што им се случило на Агбула и на други луѓе?

„Демони“, или нечисти духови

Кога Исус бил возрасен човек, се соочил со зли духовни суштества. Тие го препознале и му се обратиле со зборовите „Сине Божји“. И Исус знаел кои биле тие. Тоа не биле духовите на мртви луѓе. Напротив, Исус рекол дека тие се „демони“, односно нечисти духови (Матеј 8:29-31; 10:8; Марко 5:8).

Библијата зборува за духовни суштества што му се верни на Бог, но и за духовни суштества што се побуниле против Него. Во библиската книга 1. Мојсеева стои дека, кога Јехова ги истерал непослушните Адам и Ева од еденската градина, поставил херувими, односно ангели, источно од градината за да не дозволат никому да влезе во неа (1. Мојсеева 3:24). Изгледа дека тогаш луѓето првпат можеле да видат духовни суштества со свои очи.

По извесно време, некои ангели дошле на Земјата и се појавиле во човечки облик. Јехова не ги испратил да извршат некоја задача на Земјата. Наместо тоа, тие сами ‚го напуштиле своето вистинско живеалиште‘ во духовниот свет (Јуда 6). Тоа го направиле од себични причини. Си зеле жени, и децата што се раѓале во таквите мешани бракови биле наречени нефили. Нефилите и нивните бунтовни татковци ја наполниле Земјата со насилство и секакви лоши работи (1. Мојсеева 6:1-5). Поради тоа, Јехова го нанел глобалниот Потоп во времето на Ное. Водите од потопот ги уништиле злобните мажи и жени, а исто така и нефилите. Но, што се случило со ангелите?

Поради Потопот, тие биле принудени да се вратат во духовниот свет. Меѓутоа, Јехова не им дозволил пак да ја заземат „својата првобитна положба“ (Јуда 6). Во Библијата стои: „Бог не ги поштеди ангелите кои згрешија, туку ги фрли во тартар и ги предаде во мрачни јами за да бидат чувани за суд“ (2. Петрово 2:4).

Тартар не означува некое посебно место, туку е симбол за понижена состојба, како некој затвор, во која е ограничена активноста на тие бунтовници. Демоните повеќе не можат да се појавуваат во човечки облик, но сепак, сѐ уште имаат голема моќ и можат да влијаат врз мислите и животот на луѓето. Можат да опседнуваат луѓе и животни (Матеј 12:43-45; Лука 8:27-33). Исто така, ги заведуваат луѓето на тој начин што се преправаат дека се духови на мртвите. Зошто? За да ги спречат да му служат на Јехова онака како што сака Тој и за да ги збунат во врска со вистинската состојба на мртвите.

Како да се победи стравот

Агбула увидел колку се разумни библиските објаснувања во врска со смртта и сфатил кои, всушност, се духовите. Увидел дека треба да научи уште повеќе работи. Почнал да ја чита Библијата и библиските публикации заедно со Џон. Агбула се утешил од мислата дека неговите синови спијат во гробот, а не чекаат во духовниот свет за да му станат слуги на својот убиец (Јован 11:11-13).

Освен тоа, Агбула сфатил дека треба сосема да расчисти со спиритизмот. Ги запалил сите предмети што биле поврзани со окултизам (Дела 19:19). Некои соседи го предупредиле дека духовите ќе му се налутат. Но, Агбула не се уплашил. Го послушал советот од Ефешаните 6:11, 12: „Облечете ја сета Божја воена опрема... Зашто, ние... се бориме против злите духовни сили“. Во оваа духовна воена опрема спаѓаат вистината, праведноста, добрата вест на мирот, верата и духовниот меч, Божјата реч. Оваа опрема ни ја дава Бог и многу е моќна!

Кога Агбула расчистил со обичаите поврзани со спиритизмот, некои негови пријатели и роднини почнале да го избегнуваат. Меѓутоа, во блиската Сала на Царството на Јеховините сведоци, тој си нашол нови пријатели, кои веруваат во она што го учи Библијата.

Сега Агбула знае дека наскоро Јехова ќе ја исчисти Земјата од злите луѓе и ќе стави крај на сето дејствување на демоните. На крајот, ќе ги уништи (Откровение 20:1, 2, 10). Бог ќе ги воскресне овде на Земјата „сите оние што се во гробовите“ (Јован 5:28, 29). Меѓу нив ќе бидат Авел, невините деца што ги убил цар Ирод, како и милиони други лица. Агбула е цврсто уверен дека ќе воскреснат и неговите три сина. Меѓу воскреснатите веројатно ќе бидат и твоите блиски што умреле. Сите тие воскреснати ќе потврдат дека од својата смрт до своето воскресение не биле свесни за ништо — за никакви обреди што биле вршени за нив.

Нема потреба да се плашиш од мртвите. Напротив, можеш со радост да го чекаш времето кога повторно ќе бидеш со своите сакани што умреле. Во меѓувреме, би можел да ја проучуваш Библијата за да си ја зајакнеш верата. Дружи се со оние што веруваат во она што го учи Библијата. Ако имаш некаква врска со спиритизмот, веднаш прекини ја. Заштити се од демоните со тоа што ќе ја имаш на себе „сета Божја воена опрема“ (Ефешаните 6:11). Јеховините сведоци со радост ќе ти помогнат во тоа. Тие бесплатно ќе ја проучуваат Библијата со тебе, користејќи ја книгата Што навистина учи Библијата?a

Агбула повеќе не се плаши од мртвите, а научил и како да им се спротивстави на демоните. Тој вели: „Не знам кој ја предизвика смртта на моите три сина. Но, откако му служам на Јехова, ми се родија уште седум деца. Никој од духовниот свет не им наштетил“.

[Фуснота]

a Издадена од Јеховините сведоци.

[Истакната мисла на страница 13]

Агбула повеќе не се плаши од мртвите, а научил и како да им се спротивстави на демоните

[Слика на страница 12]

Каин не се плашел дека неговиот мртов брат ќе му се одмазди

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели