Катче за младите
Храброста на едно момче
Упатства: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си како изгледаат околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на главните ликови. Живо претстави си ги настаните.
АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ 1. САМОИЛОВА 17:1-11, 26, 32-51.)
Како си ги замислуваш изгледот и гласот на Голијат?
․․․․․
Иако Давид не бил во израелската војска, зошто се пријавил да се бори со Голијат? (Види го стихот 26.)
․․․․․
Зошто Давид цврсто верувал дека Јехова ќе му помогне? (Повторно прочитај ги стиховите 34-37.)
․․․․․
РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.
Користи ги публикациите за истражување што ги имаш и обиди се да откриеш:
1) Колку бил висок Голијат (1. Самоилова 17:4).
Шест лакти и една педа = ․․․․․
2) Колку тежел оклопот на Голијат (1. Самоилова 17:5).
5.000 сикли бакар = ․․․․․
3) Колку тежело сечилото на копјето на Голијат (1. Самоилова 17:7).
600 сикли железо = ․․․․․
ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...
храброста
․․․․․
довербата во Јехова наместо во својата сила
․․․․․
ПОУКА ШТО ЌЕ МИ КОРИСТИ ВО ИДНИНА.
Со какви препреки се соочуваш, кои можеби ти изгледаат големи како Голијат?
․․․․․
Кои искуства (твои или на другите) те уверуваат дека Јехова нема да те напушти?
․․․․․
ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?
․․․․․