ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 15/1 стр. 3-7
  • „Појди по мене!“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Појди по мене!“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто да го следиме Исус?
  • Покажувај мудрост како Исус
  • Биди понизен како Исус
  • Биди ревносен како Исус
  • Да се следи Исус значи да се сакаат другите
  • „Појди по мене!“ — што сакал да каже Исус?
    „Појди по мене!“
  • Зошто да го следиме Христос?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Дали ќе одговориш на Исусовата љубов?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Исус дал пример за понизност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 15/1 стр. 3-7

„Појди по мене!“

„Ако некој сака да оди по мене, нека се одрече од себе и секој ден нека го зема својот маченички столб и нека појде по мене!“ (ЛУКА 9:23)

1, 2. а) Каква љубезна покана упатил Исус? б) Како си одговорил ти на поканата од Исус?

КОН крајот на својата служба, Исус сведочел во Переја, област која се наоѓа од другата страна на реката Јордан, североисточно од Јудеја. Таму му пристапил еден младич и го прашал што мора да прави за да добие вечен живот. Откако дознал дека младичот навистина верно го држи Мојсеевиот закон, Исус му упатил една извонредна покана, велејќи: „Оди, продај сѐ што имаш и парите дај им ги на сиромасите, па ќе имаш богатство на небото. Тогаш дојди и оди по мене“ (Мар. 10:21). Замисли си — младиот човек добил покана да го следи Исус, единородниот Син на Највишиот Бог!

2 Иако тој млад човек ја одбил Исусовата покана, други ја прифатиле. Некое време пред тоа, Исус му рекол на Филип: „Појди по мене!“ (Јован 1:43). Филип прифатил, и подоцна станал апостол. Исус му упатил покана и на Матеј, па и тој ја прифатил (Мат. 9:9; 10:2-4). Всушност, Исус им ја упатил истата покана на сите што ја сакаат праведноста, кога рекол: „Ако некој сака да оди по мене, нека се одрече од себе и секој ден нека го зема својот маченички столб и нека појде по мене!“ (Лука 9:23). Значи, секој може да оди по Исус ако навистина го сака тоа. Дали и ти сакаш да го следиш Исус? Повеќето од нас веќе спремно ја прифатиле оваа љубезна покана, а кога проповедаме, им ја пренесуваме и на другите.

3. Што да правиме за да не дозволиме други работи да ни го одвлечат вниманието, па да престанеме да го следиме Исус?

3 За жал, некои што во почетокот покажале интерес за библиската вистина престануваат да ја проучуваат Божјата реч. Постепено забавуваат, дозволуваат други работи да им го ‚одвлечат‘ вниманието и, на крајот, престануваат да го следат Исус (Евр. 2:1). Како да ја избегнеме оваа стапица? Би било добро да се прашаме: ‚Зошто воопшто сум одлучил да го следам Исус? И што значи, всушност, да се биде негов следбеник?‘ Ако ги имаме на ум одговорите на овие две прашања, ќе бидеме уште поцврсто решени да останеме на добриот пат што сме го избрале. Освен тоа, ова ќе ни помогне да ги поттикнеме и другите да го следат Исус.

Зошто да го следиме Исус?

4, 5. Зошто Исус е најспособен да биде Водач?

4 Пророкот Еремија изјавил: „Добро знам, Јехова, дека патот на земниот човек не е во негова власт. Човекот кој оди не може да управува со своите чекори“ (Ерем. 10:23). Историјата потврдува дека овие зборови на Еремија се точни. Станува сѐ поочигледно дека несовршените луѓе не можат успешно да владеат со други луѓе. Ние ја прифативме поканата да го следиме Исус бидејќи дознавме дека тој е најспособен да биде наш Водач. Ниту еден човек не може да се спореди со него во овој поглед. Да разгледаме некои причини зошто можеме да го кажеме ова.

5 Прво, лично Јехова го избрал Исус за Месија и Водач. Кој друг знае подобро од нашиот Творец кого да го постави на таа положба? Второ, Исус има особини на кои им се восхитуваме, а и самите би требало да ги стекнеме. (Прочитај Исаија 11:2, 3.) Тој ни дал совршен пример (1. Пет. 2:21). Трето, Исус е многу заинтересиран за оние што го следат, и тоа го покажал кога го положил својот живот за нив. (Прочитај Јован 10:14, 15.) Освен тоа, тој покажува дека е грижлив пастир со тоа што нѐ води во подобар живот — живот што ќе ни донесе среќа уште денес и ќе трае засекогаш (Јован 10:10, 11; Отк. 7:16, 17). Од овие и од други причини, ние сме донеле мудра одлука кога сме решиле да го следиме. Но, што сѐ е вклучено во тоа?

6. Што значи да се следи Исус?

6 За навистина да се следи Христос не е доволно само да тврдиме дека сме христијани. Денес, околу две милијарди луѓе на планетава тврдат дека се христијани, но нивните постапки откриваат дека тие, всушност, ‚прават беззаконија‘. (Прочитај Матеј 7:21-23.) Кога некои покажуваат интерес да ја прифатат поканата од Исус и да го следат, ние им објаснуваме дека вистинските христијани го обликуваат целокупниот живот според неговите учења и неговиот пример, и тоа го прават цел живот, од ден на ден. За да видиме што значи ова, да размислиме за некои работи што ги знаеме за Исус.

Покажувај мудрост како Исус

7, 8. а) Што е мудроста, и зошто Исус бил толку мудар? б) Како покажал Исус дека е мудар, и како можеме и ние да бидеме како него?

7 Исус имал голем број извонредни особини, но ние ќе им посветиме внимание само на четири: неговата мудрост, понизност, ревност и љубов. Најпрво, да ја разгледаме неговата мудрост, односно способност да го примени во пракса она што го знае и што го разбира. Апостол Павле напишал: „Во [Исус] се скриени сите богатства на мудроста и знаењето“ (Кол. 2:3). Од каде ја добил Исус таа мудрост? Самиот тој одговорил: „Зборувам така како што ме научи Таткото“ (Јован 8:28). Бидејќи изворот на неговата мудрост е Јехова, воопшто не нѐ изненадува тоа што Исус има способност непогрешливо да ги процени работите.

8 На пример, Исус добро проценил кој е најдобриот начин на живот. Тој решил да живее едноставно и потполно се посветил само на една работа — да ја врши Божјата волја. Мудро ги трошел своето време и сила за Царството. Ние го следиме примерот на Исус ако се трудиме да задржиме едноставно око и ако не се оптоваруваме со непотребни работи кои би можеле да ни одземат премногу сила и внимание (Мат. 6:22, фус.). Многу христијани презеле чекори да си го поедностават животот за да имаат повеќе време за служба. Некои почнале да служат како пионери. Ако си и ти еден од нив, заслужуваш пофалба. Тој што ‚најнапред го бара царството‘ е навистина среќен и задоволен! (Мат. 6:33).

Биди понизен како Исус

9, 10. Како ја покажал Исус својата понизност?

9 Сега ќе разгледаме уште една особина што ја поседувал Исус — понизноста. Кога на несовршени луѓе им е дадена моќ или власт, тие обично стануваат надуени и вообразени. Колку голема е разликата меѓу нив и Исус! Иако имал главна улога во исполнувањето на Јеховината намера, кај него немало ни трошка вообразеност. Поттикнати сме да се угледаме на него и во овој поглед. Апостол Павле напишал: „Размислувајте така како што размислуваше и Христос Исус, кој, иако беше во Божји облик, не помислуваше да се граба — да биде еднаков со Бог. Напротив, се одрече од самиот себе и зеде облик на роб и стана сличен на луѓето“ (Фил. 2:5-7). Што значело ова?

10 Исус имал огромна чест да живее на небото со својот Татко, но спремно ‚се одрекол од самиот себе‘. Неговиот живот бил пренесен во матката на една еврејска девица, каде што се развивал девет месеци, сѐ додека не се родил како беспомошно бебе во семејството на еден обичен дрводелец. Таму пораснал и станал младич. Иако бил безгрешен, за сето тоа време им бил послушен на грешни човечки родители (Лука 2:51, 52). Каква извонредна понизност!

11. Како можеме да бидеме понизни како Исус?

11 Можеме да бидеме понизни како Исус со тоа што спремно ќе прифаќаме задачи кои можеби ни се чинат ниски. Да ја земеме, на пример, нашата задача да ја проповедаме добрата вест. Ова можеби изгледа понижувачки, особено кога луѓето се рамнодушни и кога нѐ исмеваат или нѐ напаѓаат. Сепак, ако истрајно проповедаме, другите ќе можат да ја прифатат поканата на Исус и да го следат. Така помагаме да се спасат животи. (Прочитај 2. Тимотеј 4:1-5.) Друг пример за понизност е кога учествуваме во чистењето на Салата на Царството. Меѓу другото, можеби ќе треба да ги испразниме корпите за ѓубре, да го бришеме подот, да ги чистиме тоалетите итн. Сите овие задачи можеби ни изгледаат ниски. Сепак, ние сме свесни дека му вршиме света служба на Јехова и кога ја одржуваме Салата на Царството — која е средиште на обожавањето на вистинскиот Бог во нашето место. Кога спремно извршуваме задачи што навидум се ниски, покажуваме понизност, и на тој начин одиме по стапките на Христос.

Биди ревносен како Исус

12, 13. а) Како Исус покажал ревност, и од кои мотиви? б) Што ќе нѐ мотивира нас да бидеме ревносни во службата?

12 Размисли и за тоа колку Исус бил ревносен во службата. Тој правел многу работи кога бил на Земјата. Кога бил млад, веројатно работел како дрводелец заедно со својот очув Јосиф. Во текот на својата служба правел чуда: ги лекувал болните, ги воскреснувал мртвите и слично. Но, неговото главно дело било да ја проповеда добрата вест и да ги поучува оние што спремно го слушале (Мат. 4:23). Како негови следбеници, и ние го вршиме истото дело. Тогаш, како можеме да го следиме неговиот пример? Еден начин е да проповедаме од исти мотиви како Исус.

13 Пред сѐ, љубовта кон Бог го мотивирала Исус да проповеда и да поучува. Но, тој ги сакал и вистините за кои ги поучувал другите. Бидејќи за него тие вистини биле бесценето богатство, имал голема желба да ги сподели со другите. Ние, како ‚учители‘, го чувствуваме истото. Размисли само за некои од скапоцените вистини што сме ги научиле од Божјата реч! Го знаеме спорното прашање за тоа кој има право да владее со творештвото и знаеме како ќе биде разрешено. Јасно ни е што учи Светото писмо за состојбата на мртвите, а знаеме и какви благослови ќе излее Бог во новиот свет. Сеедно дали сме ги дознале овие вистини од неодамна или ги знаеме прилично долго време, нивната вредност не се намалува — тие се право скапоцено богатство! (Прочитај Матеј 13:52.) Кога со жар им проповедаме на луѓето, и тие можат да видат колку се важни работите за кои нѐ поучува Јехова.

14. На кој начин можеме да поучуваме како Исус?

14 Забележи и како поучувал Исус. Тој постојано го насочувал вниманието на слушателите кон Светото писмо. Честопати, пред да каже нешто важно, ќе речел: „Напишано е“ (Мат. 4:4; 21:13). Во неговите зборови што се запишани во Библијата, тој директно цитирал или индиректно укажал на повеќе од половина од книгите во Хебрејските списи. Исто како Исус, ние постојано ја користиме Библијата во службата и се трудиме да им укажеме на луѓето на Светото писмо секогаш кога е можно. На тој начин им помагаме на искрените лица да се уверат од прва рака дека ги поучуваме за Божји мисли, а не за наши идеи. Пресреќни сме кога некој ќе се согласи да прочита нешто од Библијата и да разговара за вредноста и значењето на Божјата реч! А кога таквите ќе ја прифатат поканата да го следат Исус, нашата радост нема граници.

Да се следи Исус значи да се сакаат другите

15. Која извонредна особина ја имал Исус, и какво влијание може да има врз нас тоа што ќе размислуваме за неа?

15 На крајот, ќе го разгледаме најубавиот аспект од личноста на Исус — неговата љубов кон луѓето. Апостол Павле напишал: „Христовата љубов нѐ тера“ (2. Кор. 5:14). Длабоко сме трогнати кога размислуваме за тоа колку многу Исус ги сака луѓето воопшто, а и нас како поединци, и ова нѐ тера да го следиме неговиот пример.

16, 17. На кои начини покажал Исус дека ги сака луѓето?

16 Како покажал Исус дека ги сака луѓето? Тој спремно го дал својот живот за нас, и ова е најголемиот доказ за тоа колку многу нѐ сака (Јован 15:13). Но, во текот на својата служба, Исус покажал љубов и на други начини. На пример, тој сочувствувал со оние што страдале. Кога ги видел Марија и луѓето околу неа како плачат за починатиот Лазар, Исус бил длабоко трогнат. Иако знаел дека набрзо ќе го воскресне Лазар, сето ова толку го погодило што ‚почнал да рони солзи‘ (Јован 11:32-35).

17 Некое време откако почнал со својата служба, му пристапил еден лепрозен човек и го молел: „Ако сакаш, можеш да ме исчистиш“. Што направил Исус? Извештајот вели: „Тој го сожали“. А потоа направил нешто многу необично. ‚Ја протегнал раката, го допрел и му рекол: „Сакам, исчисти се!“ И лепрата веднаш му се изгубила, и тој станал чист.‘ Според Мојсеевиот закон, лепрозните биле нечисти, а Исус сигурно можел да го излекува овој човек без да го допре. Меѓутоа, со тоа што го излекувал на ваков начин, тој му овозможил да го почувствува допирот на друго човечко суштество, можеби за првпат по многу години. Колку нежно сочувство покажал Исус! (Мар. 1:40-42).

18. Како можеме да покажеме сочувство кон другите?

18 И од нас, како следбеници на Христос, се бара да покажуваме љубов така што ќе бидеме „сочувствителни“ кон другите (1. Пет. 3:8). Можеби не ни е лесно да ги разбереме чувствата на некој соверник што страда од хронична болест или е во тешка депресија — особено ако самите не сме поминале низ такво нешто. Но, Исус се соживувал со болните иако самиот никогаш не бил болен. Како можеме и ние да покажеме такво сочувство? Така што стрпливо ќе слушаме кога некој што е потиштен ќе ни го отвори срцето и ќе ни каже како се чувствува. Би можеле да се прашаме: ‚Како би се чувствувал јас да сум во негова кожа?‘ Ако секогаш се трудиме да забележиме и да разбереме како се чувствуваат другите, ќе можеме подобро да ‚ги тешиме потиштените души‘ (1. Сол. 5:14). Така ќе одиме по стапките на Исус.

19. На кои начини влијае врз нас примерот на Исус?

19 Колку многу работи можеме да научиме ако ги проучуваме зборовите и делата на Исус Христос! Колку повеќе учиме за него, толку повеќе ќе сакаме да бидеме како него и да им помагаме и на другите да го следат. Затоа, дај сѐ од себе и понатаму со радост да го следиш месијанскиот Цар — сега и во сета вечност!

Можеш ли да објасниш?

• Како можеме да покажеме мудрост како Исус?

• На кои начини можеме да покажеме понизност?

• Како можеме да останеме ревносни во службата?

• Како можеме да покажуваме љубов кон другите исто како Исус?

[Рамка/слика на страница 5]

ПУБЛИКАЦИЈА ШТО НИ ПОМАГА ДА СЕ УГЛЕДАМЕ НА ИСУС

На Обласниот конгрес во 2007 год. беше објавено излегувањето на книгата од 192 страници, со наслов: „Појди по мене!“ Целта на оваа публикација е да им помогне на христијаните да го насочат своето внимание на Исус, а особено на неговите особини и постапки. По двете воведни поглавја, во првиот дел е даден краток преглед на извонредните особини што ги покажал Исус — неговата понизност, храброст, мудрост, послушност и истрајност.

Во вториот дел е разгледано што правел Исус како учител и проповедник на добрата вест, а во третиот дел се објаснети некои од начините на кои ја покажал својата голема љубов. Целата книга содржи информации што можат да им помогнат на христијаните да го следат примерот на Исус.

Уверени сме дека оваа публикација ќе нѐ поттикне сите нас да се преиспитаме и да се прашаме: ‚Дали јас навистина го следам Исус? Како можам да го правам тоа во уште поголема мера?‘ Освен тоа, ќе им помогне и на сите оние ‚кои исправно гледаат на вечниот живот‘ да станат следбеници на Христос (Дела 13:48).

[Слика на страница 4]

Исус спремно дошол на Земјата и се родил како бебе. Која особина му била потребна за да го направи ова?

[Слика на страница 6]

Што ќе нѐ мотивира да бидеме ревносни во службата?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели