ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/5 стр. 5-6
  • 2. Добро запознај го Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 2. Добро запознај го Бог
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Сличен материјал
  • Јехова ви ги изброил „сите влакна на главата“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Кој е Бог?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • 2. Бог не се интересира за нас — точно или не?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Која е вистината за Бог?
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/5 стр. 5-6

2. Добро запознај го Бог

„За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог“ (Јован 17:3)

ЗОШТО НЕ Е ЛЕСНО? Некои велат дека Бог не постои. Други мислат дека Бог е безлична сила што се наоѓа насекаде. А, пак, оние што веруваат дека тој навистина постои, шират противречни доктрини во врска со тоа кој е тој и какви особини има.

КАКО ДА УСПЕЕШ? Еден начин да го запознаеш Бог е да го набљудуваш она што го создал. Апостол Павле рекол: „[Божјите] невидливи својства, имено неговата вечна моќ и божество, јасно се гледаат уште од создавањето на светот, бидејќи се распознаваат по она што е создадено“ (Римјаните 1:20). Ако внимателно ја набљудуваш природата, ќе научиш многу за мудроста и моќта на нашиот Творец (Псалм 104:24; Исаија 40:26).

Меѓутоа, за добро да го запознае Бог како личност, секој поединец треба да ја отвори Божјата реч, Библијата, и самиот да ја испита. Немој пасивно да дозволиш другите да ти го обликуваат мислењето. Наместо тоа, послушај го библискиот совет: „Не дозволувајте и понатаму да ве обликува овој свет, туку преобразете се така што ќе го обновите својот ум, за да утврдите која е Божјата волја — што е добро, прифатливо и совршено“ (Римјаните 12:2). На пример, размисли за следниве факти што ги открива Библијата за Бог.

Бог има лично име. Божјето лично име во почетокот стоело на илјадници места во Библијата. Денес, некои преводи го содржат во Осија 12:5, каде што пишува: „Господ е Бог Саваот; Јехова е името Негово“ (Превод на МПЦ).

Јехова Бог има чувства, врз кои влијаат и постапките на луѓето. Откако Јехова ги ослободил Израелците од ропството во Египет, тие понекогаш ги занемарувале неговите мудри совети. Поради нивната бунтовност, тој ‚се жалостел‘. Нивните постапки ‚му нанесувале болка на Израеловиот Светец‘ (Псалм 78:40, 41).

Јехова се грижи за секој поединец. Исус им рекол на своите апостоли: „Не се продаваат ли две врапчиња за една паричка? А сепак ниту едно од нив не паѓа на земја без да знае вашиот Татко. А вам и секое влакно на главата ви е изброено. Затоа, не плашете се, вие сте повредни од многу врапчиња“ (Матеј 10:29-31).

Бог не е пристрасен кон некоја раса или култура. Апостол Павле им рекол на Грците во Атина дека Бог ‚од еден човек го направил целиот човечки род за да живее по целото лице на земјата‘. Исто така, рекол дека Бог „не е далеку од никого од нас“ (Дела 17:26, 27). И апостол Петар рекол: „Бог не е пристрасен, туку во секој народ го прифаќа оној што се бои од него и го прави она што е праведно“ (Дела 10:34, 35).

КОЈА Е КОРИСТА? Некои „ревносно се трудат да му угодат на Бог, но не знаат точно што е неговата волја“ (Римјаните 10:2). Ако знаеш што навистина вели Библијата за Бог, нема да може некој да те измами и ќе можеш ‚да му се приближиш на Бог‘ (Јаков 4:8).

Нешто повеќе на оваа тема можеш да прочиташ во 1. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?,a со наслов „Која е вистината за Бог?“

[Фуснота]

a Издадена од Јеховините сведоци.

[Слика на страница 6]

Еден начин да го запознаеш Бог е да го набљудуваш она што го создал

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели