ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/6 стр. 27
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Сличен материјал
  • Јехова го цени твоето „амин“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Да ја разбереме уникатната улога на Исус во Божјата намера
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/6 стр. 27

Дали сте знаеле?

Зошто се вели „амин“ на крајот на молитвата?

Зборот „амин“, и на македонски и на грчки јазик, е транскрипција од хебрејскиот збор. Овој збор, кој обично во еден глас го кажуваат на крајот оние што ќе слушнат некоја молитва, заклетва, благослов или проклетство, во основа значи „навистина е така“ или „така нека биде“. Оној што го изговара покажува дека се согласува со тоа што било кажано. Според една енциклопедија, „тој ја содржи мислата за сигурност, вистинитост, верност и отсуство на секакво сомневање“. Во библиски времиња, човекот што ќе кажел „амин“ правно се обврзувал да се држи за некој завет или сојуз и да ги сноси последиците ако не го исполни тоа што го ветил (5. Мојсеева 27:15-26).

Кога проповедал и поучувал, Исус започнувал некои свои изјави со зборот „амин“. На тој начин потенцирал дека е потполно точно она што имал намера да го каже. Во тие случаи, грчкиот збор амин е преведен со „вистина“ (Матеј 5:18; 6:2, 5). Кога Исус го кажувал по двапати, како што е случај на повеќе места во Евангелието според Јован, овој израз е преведен како „вистина, вистина“ (Јован 1:51). Се вели дека ова е единственото место во светата литература каде што зборот „амин“ се употребува на ваков начин.

Во Христијанските грчки списи, Исус е ословен со титулата „Амин“ за да се покаже дека неговото сведоштво е ‚верно и вистинито‘ (Откровение 3:14).

Што биле Урим и Тумим?

Изгледа дека Урим и Тумим се користеле во древниот Израел за да се види која е Јеховината волја во врска со работи што го засегале Израел или неговите водачи. Овие предмети му биле доверени на првосвештеникот, кој ги чувал во џебот на „судскиот наградник“ (2. Мојсеева 28:15, 16, 30). Иако во Библијата никаде не е опишано како изгледале овие предмети или како точно се користеле, различни библиски стихови покажуваат дека се користеле како ждрепка што давала одговор со „да“ или „не“, или, пак, не давала никаков одговор од Бог.

Еден пример за таква употреба е кога Давид му рекол на Авијатар да му го донесе свештеничкиот ефод, во кој се наоѓале Урим и Тумим. Давид му поставил на Јехова две прашања: ‚Дали Саул ќе ме гони?‘ и ‚Дали жителите на Кеила ќе ме предадат во негови раце?‘ На двете прашања одговорот бил потврден, па така Давид можел да донесе соодветни одлуки (1. Самоилова 23:6-12).

Претходно, цар Саул ги употребил Урим и Тумим за да утврди две работи. Прво, дали вината лежела во народот или, пак, во него и Јонатан, и второ, дали бил виновен тој или, пак, неговиот син (1. Самоилова 14:40-42). Подоцна, кога Саул ја изгубил Божјата милост, Бог повеќе не му давал водство „ниту преку сонови, ниту преку Урим, ниту преку пророците“ (1. Самоилова 28:6).

Според еврејските преданија, Урим и Тумим престанале да се користат кога Јеховиниот храм бил уништен во 607 год. пр.н.е.

[Слика на страница 27]

„Амин“, Откровение 3:14. Александриски кодекс, 5 век од н.е.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели