ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/12 стр. 8
  • Близу е ‚одреденото време‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Близу е ‚одреденото време‘
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Сличен материјал
  • Ќе му обрнеш ли внимание на Божјето предупредување?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Дали живееме во „последните денови“?
    Што навистина учи Библијата?
  • Вистината за Божјето Царство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
  • Дали навистина живееме во „последните денови“?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/12 стр. 8

Близу е ‚одреденото време‘

ИСТО како пророкот Авакум, и учениците на Исус копнееле да го видат крајот на сите страдања. Кога дознале што ќе направи Божјето Царство за да ги исправи работите на Земјата, тие го прашале Исус: „Кога ќе биде тоа и кој ќе биде знакот на твојата присутност [како Цар] и на свршетокот на овој поредок?“ (Матеј 24:3). Исус им одговорил дека само Јехова Бог го знае точното време кога Царството ќе завладее со целата Земја (Матеј 24:36; Марко 13:32). Меѓутоа, Исус и други негови следбеници прорекле конкретни настани што требало да покажат дека тоа време е близу. (Види ја рамката десно.)

Зар не се согласуваш дека сите овие работи сега се секојдневие? Исто така, Исус прорекол дека низ целиот свет ќе се извршува едно образовно дело. Тој рекол: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14).

Токму тоа се случува денес. Јеховините сведоци го извршуваат ова дело. Во 236 земји, повеќе од 7 милиони Сведоци им кажуваат на луѓето што ќе направи Царството и им помагаат да ги исполнат праведните барања на Бог, чија намера е да им стави крај на страдањата и на болката. Продолжи да учиш за Божјето Царство и еден ден ќе можеш да живееш во свет без страдања — и тоа вечно!

[Рамка на страница 8]

Библиски стихови што укажуваат на последните денови

МАТЕЈ 24:6, 7; ОТКРОВЕНИЕ 6:4

• војни како никогаш порано

МАТЕЈ 24:7; МАРКО 13:8

• големи земјотреси

• глад

ЛУКА 21:11; ОТКРОВЕНИЕ 6:8

• смртоносни зарази

МАТЕЈ 24:12

• сѐ поголемо беззаконие

• ќе олади љубовта

ОТКРОВЕНИЕ 11:18

• уништување на Земјата

2. ТИМОТЕЈ 3:2

• претерана љубов кон парите

• децата ќе бидат непослушни на родителите

• себељубивост

2. ТИМОТЕЈ 3:3

• луѓето ќе бидат бесчувствителни кон другите

• неспремни за каков и да било договор

• без самосовладување

• сѐ помалку љубов кон добротата

2. ТИМОТЕЈ 3:4

• луѓето повеќе ќе ги сакаат уживањата отколку Бог

2. ТИМОТЕЈ 3:5

• мнозина лицемерно ќе тврдат дека се христијани

МАТЕЈ 24:5, 11; МАРКО 13:6

• многу лажни пророци

МАТЕЈ 24:9; ЛУКА 21:12

• вистинските христијани ќе бидат прогонувани

МАТЕЈ 24:39

• луѓето нема да обрнуваат внимание на предупредувањата од Библијата

[Слика на страница 8]

Во целиот свет, Јеховините сведоци им кажуваат на другите за Божјето Царство

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели