Катче за младите
Поука за Божјата милост
ЈОНА — 2 ДЕЛ
Упатство: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си ги околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на главните ликови. Живо претстави си ги настаните.
1. АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ ЈОНА 3:1 — 4:11.)
Што мислиш, како се чувствувал Јона кога влегол во градот Ниневија?
․․․․․
Замисли си дека го слушаш гласот на Јона. Што мислиш, какви чувства го обзеле додека ја објавувал Јеховината пресуда?
․․․․․
Зошто Јона бил вознемирен додека седел надвор од градот? (Види Јона 4:5-8.)
․․․․․
2. РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.
Зошто Јона сакал Јехова сепак да го уништи градот Ниневија, како што имал проречено?
․․․․․
Истражувај во публикациите што ги имаш и дознај нешто за следново: 1) каква била тиквата, и 2) што значи тоа што царот на Ниневија се покрил со козина и седнал во пепел.
․․․․․
Иако во почетокот Јона се колебал да проповеда во Ниневија, зошто може да се рече дека тој бил верен и храбар пророк? (Матеј 21:28-31)
․․․․․
3. ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...
тоа дека лошите луѓе можат да се сменат:
․․․․․
Јеховината милост:
․․․․․
тоа дека и ние треба да бидеме милостиви:
․․․․․
4. ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?
․․․․․
Повеќе на оваа тема можеш да истражуваш во Стражарска кула од 1 април 2009, на страници 14-18.
ДРУГИ БИБЛИСКИ ПУБЛИКАЦИИ МОЖЕШ ДА НАЈДЕШ НА www.watchtower.org