ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 1/6 стр. 24-25
  • Луѓето што пишувале за Исус

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Луѓето што пишувале за Исус
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Сличен материјал
  • Тие пишувале за Исус
    Поучете ги своите деца
  • Еден голем учител појасно ни го покажува Творецот
    Постои ли Творец кој се грижи за тебе?
  • Марко не се откажал
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Христос од десната страна на Бог
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 1/6 стр. 24-25

Поучете ги своите деца

Луѓето што пишувале за Исус

ДАЛИ сакаш да читаш со некого за животот на Исус?—a Некои луѓе се изненадени кога ќе дознаат дека Исус не напишал ништо од Библијата. Сепак, осум библиски писатели ни кажале многу за него. Сите тие живееле во времето кога живеел и Исус, и ни откриваат за што поучувал тој. Знаеш ли кои биле тие осум души?— Некои од нив биле Матеј, Марко, Лука и Јован. Другите четворица се викале Петар, Јаков, Јуда и Павле. Што знаеш за нив?—

Најпрво да кажеме нешто за тројцата писатели кои биле и меѓу 12-те апостоли на Исус. Знаеш ли како се викале?— Петар, Јован и Матеј. Петар им напишал на своите соверници две писма. Им кажал за некои работи што знаел дека ги направил и ги рекол Исус. Сврти во Библијата во 2. Петрово 1:16-18 и прочитај како го опишал Петар моментот кога чул како Јехова Бог му зборувал на Исус од небото (Матеј 17:5).

Апостол Јован напишал пет библиски книги. Тој седел до Исус на последната вечера што ја јаделе учениците со својот Господар. Јован бил со него и кога Исус умрел (Јован 13:23-26; 19:26). Тој е писател на еден од четирите библиски извештаи за Исусовиот живот, наречени евангелија. Го напишал и Откровението што му го дал Исус, како и трите писма што го носат неговото име (Откровение 1:1). Третиот библиски писател што станал апостол на Исус се викал Матеј. Тој претходно бил даночник.

Двајца од библиските писатели го познавале Исус на еден посебен начин. Тие му биле помлади полубраќа, деца на Марија и Јосиф (Матеј 13:55). Во почетокот не биле негови ученици, па дури и си мислеле дека е малку луд затоа што ревносно проповедал (Марко 3:21). Кои биле тие браќа?— Едниот се викал Јаков. Тој ја напишал библиската книга Јаков. А другиот бил Јуда. Тој ја напишал библиската книга Јуда (Јуда 1).

Другите двајца ученици што пишувале за животот на Исус се викале Марко и Лука. Мајка му на Марко, Марија, имала голема куќа во Ерусалим, каде што се состанувале првите христијани, меѓу кои бил и апостол Петар (Дела 12:11, 12). Со години пред тоа, ноќта кога Исус ја прославил последната Пасха со апостолите, веројатно Марко тргнал по нив додека оделе во градината Гетсиманија. Кога бил уапсен Исус, војниците го зграпчиле Марко, но тој избегал оставајќи ја својата облека (Марко 14:51, 52).

Лука бил образован лекар кој, по сѐ изгледа, станал ученик дури по смртта на Исус. Тој внимателно го истражил животот на Исус и напишал јасен, точен извештај за него. Подоцна, Лука одел со Павле на неговите проповеднички патувања, а ја напишал и библиската книга Дела на апостолите (Лука 1:1-3; Дела 1:1).

Павле е осмиот библиски писател што пишувал за Исус. Тој се школувал кај прочуениот правник Гамалиел. Воспитан и поучен од фарисеи, Павле, кој во тоа време се викал Савле, ги мразел учениците на Исус и гледал како ги убивале (Дела 7:58 — 8:3; 22:1-5; 26:4, 5). Знаеш ли како ја дознал вистината за Исус?—

Павле бил на пат за Дамаск за да ги апси учениците на Исус, кога одеднаш бил заслепен од силна светлина од небото. Тогаш чул еден глас што го прашал: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш?“ Тоа бил Исус! Му рекол да продолжи во Дамаск, а потоа го испратил својот ученик Ананија да зборува со него, и така Павле станал Исусов ученик (Дела 9:1-18). Тој напишал 14 книги од Библијата — од Римјаните до Евреите.

Дали ги читаш библиските книги за Исус, или можеби некој друг ти ги чита?— Една од најубавите работи што можеш да ги направиш е да почнеш уште сега, додека си мал, да учиш што пишува во Библијата за Исус.

[Фуснота]

a Ако читаш со деца, долгата црта значи дека треба да запреш и да ги пуштиш децата да одговорат на прашањето.

ПРАШАЊА:

▪ Кои од апостолите на Исус станале библиски писатели?

▪ Кои двајца писатели на Библијата му биле полубраќа на Исус?

▪ Од каде знаеме дека Марко го познавал Исус, а дека Лука веројатно не го познавал?

▪ Како Павле станал ученик на Исус?

[Слики на страница 25]

Јуда

Марко

Петар

Матеј

Павле

Јаков

Лука

Јован

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели