ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 1/9 стр. 14
  • Тој ни дава слободна волја

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тој ни дава слободна волја
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Сличен материјал
  • Да учиме од... Езекија
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • ‚Цврсто се држел за Јехова‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Верата на еден цар е наградена
    Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво I
  • Бог му помага на цар Езекија
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 1/9 стр. 14

Приближи му се на Бог

Тој ни дава слободна волја

2. ЦАРЕВИТЕ 18:1-7

РОДИТЕЛИТЕ треба да им дадат добар пример на своите деца. Позитивното влијание од родителите може да му помогне на детето да стекне убави особини и да донесе мудри одлуки во животот. За жал, многу родители се лош пример за своите деца. Но, дали тие деца се осудени на неуспех? Одговорот го наоѓаме во утешната вистина дека Јехова Бог му дал на секого од нас еден скапоцен дар — слободната волја. Да го разгледаме примерот на Езекија, запишан во 2. Царевите 18:1-7.

Езекија му бил ‚син на Ахаз, царот на Јуда‘ (стих 1). Ахаз ги навел своите поданици да престанат да му служат на Јехова на исправен начин. Овој злобен цар го обожавал Ваал и извршувал обреди во кои принесувал човечки жртви. За жртва принел дури и еден или повеќе браќа на Езекија. Ахаз ги затворил вратите на храмот и ‚направил жртвеници на секој агол во Ерусалим‘. Со тоа го ‚навредил Јехова‘ (2. Летописи 28:3, 24, 25). Значи, Езекија имал навистина лош татко. Но, дали тоа значи дека му било судено да ги повтори грешките на татко му?

Откако по смртта на Ахаз станал цар, се видело дека не дозволил лошиот пример на татко му да го обликува како личност. Езекија ‚го правел она што е исправно во Јеховини очи‘ (стих 3). Имал доверба во Јехова ‚и како него немало друг меѓу сите цареви на Јуда‘ (стих 5). Во првата година од своето владеење, овој млад цар презел чекори да ја искорени лажната религија и ги отстранил обредните височинки, на кои се обожавале пагански идоли. Храмот бил повторно отворен, и луѓето почнале пак да му служат на вистинскиот Бог (стих 4; 2. Летописи 29:1-3, 27-31). Езекија ‚цврсто се држел за Јехова... и Јехова бил со него‘ (стихови 6, 7).

Што му помогнало да не се поведе по лошиот пример на татко му? Дали можеби врз него имала позитивно влијание мајка му Ави, за која не знаеме многу? Дали врз овој млад кнез извршил силно влијание добриот пример на Исаија, кој станал пророк уште пред да се роди Езекија?a Библијата не дава одговор на овие прашања. Како и да е, едно е сигурно: Езекија избрал да постапува спротивно од начинот на кој постапувал неговиот татко.

Езекија е охрабрувачки пример за сите што имале тешко детство поради лошото однесување на нивните родители. Минатото не можеме да го промениме ниту, пак, можеме да ги избришеме сите болни искуства кои сме ги доживеале. Но, тоа не значи дека сме осудени на неуспех. Денеска можеме да донесуваме одлуки кои ќе нѐ водат до среќна иднина. Исто како Езекија, и ние можеме да избереме да го сакаме и да му служиме на вистинскиот Бог, Јехова. Така ќе водиме исполнет живот уште сега и ќе добиеме вечен живот во Божјиот нов свет (2. Петрово 3:13; Откровение 21:3, 4). Навистина треба да му бидеме благодарни на Бог, кој со љубов му дал на секого од нас еден многу скапоцен дар — слободната волја!

[Фуснота]

a Исаија почнал да пророкува околу 778 год. пр.н.е. до некое време по 732 год. пр.н.е. Езекија, пак, почнал да владее во 745 год. пр.н.е., кога имал 25 години.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели