Катче за младите
Бог не е пристрасен
Упатство: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си ги околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на главните ликови. Живо претстави си ги настаните.
Главни ликови: Корнелиј и Петар.
Кратка содржина: Петар покажува дека е непристрасен како Бог со тоа што му проповеда на Корнелиј, кој не е Евреин.
1. АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ ДЕЛА 10:1-35, 44-48.)
Како си го замислуваш Корнелиј?
․․․․․
Според стиховите 3 до 6, што мислиш, како се чувствувал Корнелиј додека зборувал со ангелот?
․․․․․
Што мислиш, за што разговарале Корнелиј и неговите слуги, како што е запишано во стихови 7 и 8?
․․․․․
2. РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.
Од стиховите 10-16 гледаме дека Петар ги сфатил работите дури откако му биле објаснети со еден пример. Зошто тој пример му помогнал на Петар? (Мала помош: Земи предвид дека Петар по потекло бил Евреин, како што се гледа од 14. стих.)
․․․․․
Која особина на Корнелиј се гледа во 25. стих? Зошто таа особина е ретка кај луѓето што се на таква положба? (Мала помош: Види го 1. стих.)
․․․․․
Истражувај темелно и дознај од колку луѓе се состоела четата со која заповедал Корнелиј.
․․․․․
Зошто тоа што Корнелиј станал христијанин е од особено значење?
․․․․․
3. ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...
тоа зошто е добро да се користат примери:
․․․․․
Божјата непристрасност:
․․․․․
тоа како можеш и ти да бидеш непристрасен:
․․․․․
4. ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?
․․․․․
АКО НЕМАШ БИБЛИЈА, ПОБАРАЈ ОД ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ. ДРУГИ БИБЛИСКИ ПУБЛИКАЦИИ МОЖЕШ ДА НАЈДЕШ НА www.watchtower.org и на www.jw.org