ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 1/12 стр. 10
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Сличен материјал
  • Дали трите цара отишле кај Исус во Витлеем?
    Разбудете се! 2000
  • Раѓање што треба да се памети
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дали кај Исус навистина дошле тројца мудреци?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 1/12 стр. 10

Дали сте знаеле?

Кои биле познавачите на ѕвездите што отишле кај малиот Исус?

▪ Според извештајот за раѓањето на Исус, што го запишал Матеј во своето евангелие, некои посетители „од исток“ кои ја виделе ѕвездата на новиот цар, му однеле подароци на малиот Исус. Во грчкиот текст на евангелието, тие луѓе се наречени ма́ги (Матеј 2:1, фуснота). Што знаеме за нив?

Најстарите веродостојни информации се записите на грчкиот историчар Херодот. Тој живеел во петтиот век пр.н.е. и напишал дека тие посетители припаѓале на една персиска свештеничка класа што се занимавала со астрологија, толкување соништа и правење уроци. Во времето на Херодот, официјална религија во Персија бил зороастризмот. Значи, тие ма́ги за кои зборувал тој веројатно биле зороастриски свештеници. „Општо земено“, вели една библиска енциклопедија, „во древна Грција еден ма́г имал познавања за натприродни работи, поседувал натчовечки способности и понекогаш се занимавал со магија“ (The International Standard Bible Encyclopedia).

Некои рани „христијански“ писатели, како што биле Јустинијан Маченик, Ориген и Тертулијан, ги нарекле астролози ма́гите што отишле кај Исус. На пример, Тертулијан напишал: „Знаеме дека магијата и астрологијата се тесно поврзани. Според тоа, познавачите на ѕвездите биле први... што му однеле ‚подароци‘ на [Исус]“ (За идолопоклонството — On Idolatry). Во склад со ова разбирање, во многу преводи на Библијата зборот ма́ги е преведен со „познавачи на ѕвездите“ или „астролози“.

Зошто Матеј му ги припишал на пророкот Еремија зборовите од книгата Захарија?

▪ Се работи за зборовите од Матеј 27:9, 10, каде што писателот ги спомнал парите што ги добил Јуда Искариот за предавството на Исус. Таму пишува: „Тогаш се исполни она што беше кажано преку пророкот Еремија: ‚И ги зедоа триесетте сребреници, цената за проценетиот... и ги дадоа за грнчаревата нива“. Меѓутоа, пророштвото за 30-те сребреници го кажал Захарија, а не Еремија (Захарија 11:12, 13).

Изгледа дека понекогаш во збирката книги наречена „Пророците“, прва била книгата Еремија, а не Исаија (Матеј 22:40). Затоа, кога Матеј го спомнал „Еремија“, мислел на еден дел од Светото писмо наречен според името на првата книга. Во тој дел била вклучена и книгата Захарија.

Слично на тоа, Исус ги нарекол ‚Псалми‘ библиските книги што се познати и како Списи. Затоа, кога рекол дека морало да се исполни сѐ што било напишано за него „во Мојсеевиот закон, во Пророците и во Псалмите“, тој мислел на сите пророштва што се наоѓале во Хебрејските списи (Лука 24:44).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели