ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 15/12 стр. 16-20
  • Царот воден од Божјиот дух ни носи благослови!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Царот воден од Божјиот дух ни носи благослови!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Бог го оспособил Исус да владее
  • Овластен од Бог да ја примени откупнината на нас
  • Овластен да суди
  • Стекни ги благословите што ќе ги донесе Христос!
  • Кој е Исус Христос?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Исус Христос — дали е испратен од Бог?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Порака што мораме да ја објавуваме
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Исус ја возвишува Божјата праведност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 15/12 стр. 16-20

Царот воден од Божјиот дух ни носи благослови!

„Врз него ќе почива Јеховиниот дух“ (ИСА. 11:2)

1. Каква загриженост изразиле некои во врска со светските проблеми?

ВО 2006 год., астрофизичарот Стивен Хокинг прашал: „Во свет кој се наоѓа во политички, општествен и еколошки хаос, како би можел човечкиот род да опстане во следните 100 години?“ А во статија од едно списание стоело: „Не ѝ ставивме крај на сиромаштијата ниту воспоставивме светски мир. Напротив, изгледа дека го постигнавме сосем спротивното. Не е дека не се обидовме. Испробавме сѐ — од комунизам до капитализам, од Лигата на народите до трупање на нуклеарно оружје за да ги спречиме војните. По толку многу војни што ги водевме ‚за да ѝ ставиме крај на војната‘, сега веќе е јасно дека сме немоќни да го сториме тоа“ (New Statesman).

2. На кој начин Јехова, како Севишен Владетел, наскоро ќе преземе контрола над Земјата?

2 Ваквите изјави не ги изненадуваат Јеховините слуги. Библијата ни кажува дека луѓето не биле создадени да владеат над други луѓе (Ерем. 10:23). Единствено Јехова има право да биде Севишен Владетел и да ни поставува мерила. Само тој може да ни каже што треба да биде целта на нашето постоење и само тој може да ни го покаже патот до неа. Освен тоа, Бог наскоро ќе преземе контрола над Земјата и ќе ги отстрани сите човечки влади кои безуспешно се обидувале да владеат над луѓето. Истовремено, ќе ги уништи и сите други што одбиваат да го признаат за свој Владетел и така покажуваат дека би сакале луѓето да останат под ропството на гревот и несовршеноста, како и под власта на „богот на овој свет“, Сатана Ѓаволот (2. Кор. 4:4).

3. Што прорекол Исаија во врска со Месијата?

3 Во новиот свет, кога целата Земја ќе стане рај, Јехова со љубов ќе владее над луѓето преку своето месијанско Царство (Дан. 7:13, 14). Во врска со Царот на ова Царство, Исаија прорекол: „Фиданка ќе изникне од пенушката на Јесеј, подник од неговиот корен ќе донесува плод. Врз него ќе почива Јеховиниот дух, духот на мудроста и разборитоста, духот на советот и на силата, духот на знаењето и на стравот од Јехова“ (Иса. 11:1, 2). На кои начини Бог, со својот свет дух, го оспособил и овластил Исус Христос — ‚фиданката од пенушката на Јесеј‘ — да владее над луѓето? Какви благослови ќе донесе неговото владеење? Што мора да сториме ние за да ги добиеме тие благослови?

Бог го оспособил Исус да владее

4-6. Што ќе му помогне на Исус да ги исполни улогите на мудар и сочувствителен Цар, Првосвештеник и Судија?

4 Јехова сака неговите поданици на Земјата да станат совршени под водството на еден навистина мудар и сочувствителен Цар, Првосвештеник и Судија. Токму затоа го избрал Исус Христос, кого го оспособил со светиот дух за овие многу важни одговорности. Да разгледаме некои причини зошто тој совршено ќе ги исполни улогите што му ги дал Бог.

5 Исус најдобро го познава Бог. Единородниот Син го познава Таткото многу подобро од кој и да е друг. Тој соработува со Бог веќе многу долго — најверојатно милијарди години. Во текот на сиот овој период, Исус толку добро го запознал Јехова што за него можело да се каже дека е „сликата на невидливиот Бог“ (Кол. 1:15). Самиот Исус рекол: „Кој ме видел мене, го видел и Таткото“ (Јован 14:9).

6 Од сите Јеховини творби обдарени со разум, Исус најдобро го познава сето создание, вклучувајќи ги и луѓето. Во Колошаните 1:16, 17 стои: „Преку [Божјиот Син] е создадено сѐ на небесата и на земјата, видливо и невидливо... Тој е пред сѐ друго и преку него настанало сѐ“. Замисли си! Исус, како Божји „вешт градител“, учествувал во создавањето на сѐ друго. Значи, тој го знае секој детаљ за материјалниот свет — од најситните честички од кои се состои атомот до чудесниот човечки мозок. Христос е вистинско отелотворение на мудроста! (Изр. 8:12, 22, 30, 31).

7, 8. Како Бог со својот дух му помагал на Исус додека служел на Земјата?

7 Исус бил помазан со Божјиот свет дух. Тој рекол: „Јеховиниот дух е врз мене, зашто Бог ме помаза да им објавам добра вест на сиромасите, ме испрати да проповедам ослободување на заробените и враќање на видот на слепите, да ги пуштам на слобода здробените, да ја проповедам Јеховината година на милоста“ (Лука 4:18, 19). По сѐ изгледа, кога Исус се крстил, светиот дух му помогнал да се сети на работи што ги научил пред да се роди како човек. Во тоа спаѓала и задачата што Бог сакал тој да ја изврши на Земјата во текот на својата служба како Месија. (Прочитај Исаија 42:1; Лука 3:21, 22; Јован 12:50.)

8 Бидејќи бил воден од светиот дух и имал совршено тело и ум, Исус не бил само најголемиот човек што некогаш живеел на Земјата туку и најголемиот Учител. Всушност, оние што го слушале биле „восхитени од неговото поучување“ (Мат. 7:28). Тој им открил на своите слушатели дека во сржта на проблемите што го мачат човештвото лежат гревот, несовршеноста и непознавањето на Бог. Исто така, можел да види што имаат луѓето во срцето и да постапува со нив во склад со тоа (Мат. 9:4; Јован 1:47).

9. Зошто твојата доверба во Исус како Владетел може да се зајакне ако размислуваш за она што го доживеал на Земјата?

9 Исус живеел како човек. Тоа што и самиот се родил како човек и бил во блиско друштво на несовршени луѓе, многу му помогнало на Исус да ги исполни условите да биде Цар. Апостол Павле напишал: „[Исус] мораше во сѐ да стане како своите ‚браќа‘, за да биде милосрден и верен како првосвештеник во Божјата служба, за да принесе жртва помирница за гревовите на народот. А бидејќи и самиот страдаше кога беше искушуван, тој може да им дојде на помош на оние што се во искушенија“ (Евр. 2:17, 18). Поради тоа што ‚бил искушуван‘, Исус може да сочувствува со оние што се соочуваат со испити. Неговата сочувствителност можела јасно да се види додека служел на Земјата. Болните, сакатите, куците, угнетените, па дури и децата, се чувствувале слободни да му пристапат (Мар. 5:22-24, 38-42; 10:14-16). Кротките и оние што биле духовно гладни сакале да учат од него. Спротивно на тоа, гордите, вообразените и сите што ‚немале љубов кон Бог‘ го мразеле, му се противеле и го отфрлиле (Јован 5:40-42; 11:47-53).

10. На кој извонреден начин Исус докажал дека нѐ сака?

10 Исус го дал животот за нас. Веројатно најсилниот доказ дека нема подобар водач од Исус е тоа што тој спремно умрел за нас. (Прочитај Псалм 40:6-10.) Христос рекол: „Никој нема поголема љубов од оваа: да го даде својот живот за своите пријатели“ (Јован 15:13). Да, сосема спротивно на несовршените човечки водачи, кои честопати живеат луксузно на грбот на своите поданици, тој го жртвувал својот живот за луѓето (Мат. 20:28).

Овластен од Бог да ја примени откупнината на нас

11. Зошто можеме да имаме целосна доверба во Исус како наш Откупител?

11 Не е воопшто чудно што Јехова одредил токму Исус, како Првосвештеник, да ја има главната улога кога благословите од неговата откупна жртва во целост ќе бидат излеани врз нас. Всушност, додека служел на Земјата, тој покажал што ќе направи како наш Откупител во текот на своето илјадагодишно Царство, во кое ќе можеме да живееме ако му останеме верни на Бог. Исус ги лекувал болните и сакатите, ги подигал мртвите, ги нахранил мноштвата, па дури имал моќ и над временските непогоди (Мат. 8:26; 14:14-21; Лука 7:14, 15). Но, тој не го правел сето ова за да се фали со својата власт и моќ, туку за да ги покаже своето сочувство и љубов. Кога еден лепрозен човек го молел да го излекува ако сака, Исус рекол: „Сакам“ (Мар. 1:40, 41). Во илјадагодишното Царство, Исус ќе покаже исто такво сочувство кон сите луѓе на Земјата.

12. Како ќе се исполни Исаија 11:9?

12 Христос и неговите совладетели и во новиот свет ќе го надгледуваат делото со кое луѓето се поучувани за Бог, дело кое тој го започнал пред околу 2.000 години. Така ќе се исполнат следниве зборови од Исаија 11:9: „Земјата ќе биде полна со знаење за Јехова, како што морето е полно со вода“. Тие поуки од Бог сигурно ќе содржат и упатства за тоа како да се грижиме за Земјата и за безбројните суштества што живеат на неа — задача што во почетокот му била дадена на Адам. До крајот на 1.000-та години, ќе се исполни Божјата првобитна намера со Земјата, која е запишана во 1. Мојсеева 1:28, а луѓето ќе извлечат потполна корист од откупната жртва.

Овластен да суди

13. Како покажал Исус дека ја сака праведноста?

13 Христос е ‚оној кого Бог го поставил за судија на живите и на мртвите‘ (Дела 10:42). Колку е утешно што знаеме дека Исус никој не може да го подмити затоа што праведноста и верноста му се како појас кој цврсто му е опашан околу колковите! (Иса. 11:5). Тој покажал дека ги мрази алчноста, лицемерството и другите лоши особини, и ги укорил оние што биле бездушни кон туѓото страдање (Мат. 23:1-8, 25-28; Мар. 3:5). Освен тоа, Исус покажал дека не може да го залаже ничија надворешност, ‚зашто самиот знаел што му е на човекот во срцето‘ (Јован 2:25).

14. Како денес Исус покажува дека ги сака праведноста и правдата, и што треба да се прашаме?

14 Исус и понатаму покажува дека ја сака праведноста и правдата со тоа што го надгледува најголемото дело на проповедање и поучување во човечката историја. Бог одредил колкаво сведоштво треба да им се даде на луѓето, и нема човек, ни човечка влада, ниту, пак, зол дух што може да ја осуети таа негова намера. Затоа можеме да бидеме потполно уверени дека уништувањето што ќе настапи во Армагедон ќе биде сосема оправдано од Божја гледна точка. (Прочитај Исаија 11:4; Матеј 16:27.) Прашај се: ‚Дали имам ист став како Исус кон луѓето на кои им проповедам? Дали му го давам своето најдобро на Јехова иако можеби здравјето и личните околности ме спречуваат да правам во службата колку што би сакал?‘

15. Што треба да имаме на ум за да му го даваме на Бог своето најдобро?

15 Ќе ни биде полесно да му служиме на Бог со сета душа ако имаме на ум дека проповедањето е негово дело. Тој го заповедал, тој го води преку својот Син, и тој им помага преку својот свет дух на оние што учествуваат во него. Ја цениш ли честа да служиш како Божји соработник заедно со неговиот Син кој е воден од светиот дух? Кој друг освен Јехова би можел да поттикне повеќе од седум милиони луѓе да ја проповедаат пораката за Царството во 236 земји, иако на повеќето од нив се гледа како на „неуки и обични“? (Дела 4:13).

Стекни ги благословите што ќе ги донесе Христос!

16. На што укажува 1. Мојсеева 22:18 во врска со Божјите благослови?

16 Јехова му рекол на Авраам: „Преку твоето потомство ќе се благословат сите народи на земјата затоа што го послуша мојот глас“ (1. Мој. 22:18). Ова укажува дека оние што ја ценат честа да му служат на Бог и на неговиот Син можат со доверба да ги очекуваат благословите што ќе ги донесе ветеното потомство, односно Месијата. Имајќи ги овие благослови на ум, тие уште денес се зафатени во службата.

17, 18. Што ветил Јехова според 5. Мојсеева 28:2, и што значи тоа за нас?

17 На Израелците, кои биле телесни потомци на Авраам, Бог еднаш им го рекол следново: „Сите овие благослови [наведени во сојузот на Законот] ќе дојдат врз тебе и ќе те стигнат ако го слушаш гласот на Јехова, својот Бог“ (5. Мој. 28:2). Истото може да се каже и за Божјите слуги денес. Ако сакаш Јехова да те благослови, слушај го неговиот глас. Тогаш неговите благослови сигурно ќе „дојдат врз тебе и ќе те стигнат“. Но, како можеш да го „слушаш“ Бог?

18 Така што ќе го земеш присрце она што го пишува во неговата Реч и во духовната храна што тој ни ја дава (Мат. 24:45). Но, треба и да му бидеш послушен — нему, а и на неговиот Син. Исус рекол: „Не секој што ми вели: ‚Господару, Господару‘, ќе влезе во небесното царство, туку оној што ја врши волјата на мојот Татко, кој е на небесата“ (Мат. 7:21). Ќе го слушаш Бог и така што спремно ќе се подложиш на христијанското собрание кое го основал тој, како и на именуваните старешини кои ги дал „како дарови“ (Еф. 4:8).

19. Што треба да правиме за да бидеме благословени?

19 Во тие „луѓе како дарови“ спаѓаат и членовите на Водечкото тело кои служат како застапници на целото христијанско собрание (Дела 15:2, 6). Всушност, ставот што го покажуваме кон Христовите духовни браќа ќе има многу големо влијание врз тоа каков суд ќе добиеме во претстојната голема неволја (Мат. 25:34-40). Според тоа, може да бидеме благословени ако, меѓу другото, верно им помагаме на Божјите помазаници.

20. а) Која главна одговорност ја имаат оние што Јехова ни ги дал „како дарови“? б) Како ќе покажеме дека ги цениме овие браќа?

20 Во луѓето што Бог ни ги дал „како дарови“ спаѓаат и членовите на Одборите на подружниците, патувачките надгледници и собраниските старешини. Сите тие се поставени од светиот дух (Дела 20:28). Нивна главна одговорност е да го изградуваат Божјиот народ сѐ „додека сите ние не постигнеме единство во верата и во доброто познавање на Синот Божји, додека не станеме возрасни луѓе, додека не пораснеме до Христовата полнота“ (Еф. 4:13). Се разбира, како и сите други, и тие се несовршени. Сепак, ќе бидеме благословени ако ја цениме и прифатиме грижата што со љубов ја покажуваат кон нас (Евр. 13:7, 17).

21. Зошто мора без одложување да му бидеме послушни на Божјиот Син?

21 Наскоро Христос ќе се крене против Сатановиот злобен свет. Кога ќе се случи тоа, нашите животи ќе бидат во негови раце, бидејќи тој е овластен од Бог да го води прореченото „големо мноштво луѓе“ на „извори на води на животот“ (Отк. 7:9, 16, 17). Затоа, да дадеме сѐ од себе за спремно и благодарно да му се подложиме на Јеховиниот Цар кој е воден од светиот дух!

Што научи од...

• Исаија 11:1-5?

• Марко 1:40, 41?

• Дела 10:42?

• 1. Мојсеева 22:18?

[Слика на страница 17]

Исус покажал сочувство кога ја воскреснал ќерката на Јаир

[Слика на страница 18]

Исус Христос го надгледува најголемото проповедничко дело во човечката историја

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели