ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 1/4 стр. 16-17
  • Каква е Божјата намера со Земјата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Каква е Божјата намера со Земјата?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Каква е Божјата намера со Земјата?
    Добра вест од Бог!
  • Која е Божјата намера со Земјата?
    Што бара Бог од нас?
  • Каква е Божјата намера со Земјата?
    Што навистина учи Библијата?
  • Каков ќе биде новиот свет кој е на прагот?
    Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 1/4 стр. 16-17

Учи од Божјата Реч

Каква е Божјата намера со Земјата?

Во оваа статија се разгледани прашања за кои можеби си размислувал. Таа ќе ти покаже каде можеш да го најдеш одговорот во твојата Библија. На Јеховините сведоци ќе им биде мило да разговараат со тебе за овие прашања.

1. Каква е Божјата намера со Земјата?

Земјата им е дом на луѓето. Откако ги создал ангелите за да живеат на небото, Бог го создал човекот за да ужива на Земјата (Јов 38:4, 7). Јехова го сместил првиот човек во еден прекрасен рај наречен еденска градина. Во тој рај луѓето можеле да живеат вечно на Земјата (1. Мојсеева 2:15-17; прочитај Псалм 115:16).

Рајската градина опфаќала само еден мал дел од Земјата. Првата двојка, Адам и Ева, требало да имаат деца. Кога човечкото семејство ќе се зголемело, требало да ја обработуваат Земјата и да ја претворат во рај (1. Мојсеева 1:28). Земјата никогаш нема да биде уништена. (Прочитај Псалм 104:5.)

2. Зошто денес Земјата не е рај?

Адам и Ева не го послушале Бог и затоа биле истерани од рајската градина. Рајот бил изгубен, и ниеден човек потоа не успеал да го обнови. Во Библијата пишува дека ‚Земјата е предадена во рацете на злиот‘ (Јов 9:24; прочитај 1. Мојсеева 3:23, 24).

Но, Јехова не ја заборавил својата првобитна намера со луѓето ниту, пак, е можно Бог да доживее неуспех (Исаија 45:18). На луѓето ќе им овозможи да живеат во истите услови што ги замислил во почетокот. (Прочитај Псалм 37:11.)

3. Како Бог ќе го обнови мирот на Земјата?

За да можат луѓето да живеат во мир, Бог мора прво да ги отстрани злите. Во војната Армагедон, Божјите ангели ќе ги уништат сите што му се противат на Бог. Сатана ќе биде затворен во период од 1.000 години, а луѓето што го сакаат Бог ќе продолжат да живеат во едно ново општество на Земјата. (Прочитај Откровение 16:14, 16; 20:1-3; 21:3, 4.)

4. Кога ќе им дојде крај на страдањата?

Во текот на тие 1.000 години, Исус ќе владее од небото над Земјата и таа повторно ќе стане рај. Исто така, ќе ги избрише гревовите на оние што го сакаат Бог. На тој начин, Исус ќе ги отстрани болестите, староста и смртта. (Прочитај Исаија 11:9; 25:8; 33:24; 35:1.)

Кога Бог ќе го уништи злото од Земјата? Исус дал еден ‚знак‘ според кој ќе се види дека крајот е близу. Условите во светот што владеат денес му се закануваат на опстанокот на човештвото и покажуваат дека живееме во „свршетокот на овој поредок“. (Прочитај Матеј 24:3, 7-14, 21, 22; 2. Тимотеј 3:1-5.)

5. Кој ќе живее во рајот што го ветува Бог?

Исус им рекол на своите следбеници да прават ученици и да ги учат другите да покажуваат љубов како Божјата (Матеј 28:19, 20). Низ целиот свет, Јехова подготвува милиони луѓе за живот во еден нов поредок на Земјата (Софонија 2:3). Во Салите на Царството на Јеховините сведоци, многу лица учат да бидат подобри сопрузи и татковци, сопруги и мајки. И децата и родителите дознаваат зошто можеме да веруваме дека ќе има подобра иднина. (Прочитај Михеј 4:1-4.)

Во Салата на Царството ќе запознаеш луѓе што го сакаат Бог и имаат желба да научат како да му угодат. (Прочитај Евреите 10:24, 25.)

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 3. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели