ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 15/6 стр. 3-6
  • Дали моето дете треба да се крсти?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали моето дете треба да се крсти?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Најважно барање — да се биде Христов ученик
  • Како се гледа дали детето е Христов ученик
  • Младите можат да го фалат Јехова
  • Родители, дали им помагате на децата да се крстат?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Крштавањето — важен чекор за некој да стане христијанин
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Додаток
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Млади, дали сте спремни да се крстите?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 15/6 стр. 3-6

Дали моето дете треба да се крсти?

„ПРЕСРЕЌЕН СУМ што ќерка ми сега му служи на Јехова, а знам дека и таа е многу среќна“, рекол Карлос,a Сведок од Филипините. Еден друг татко од Грција напишал: „Јас и жена ми многу се радуваме што нашите три деца се крстија како Јеховини сведоци уште кога беа тинејџери. И понатаму напредуваат во духовен поглед и среќни се што му служат на Јехова“.

Христијанските родители навистина имаат добра причина да се радуваат кога нивните деца ќе се крстат. Сепак, освен радост, понекогаш чувствуваат и одредена загриженост. „Бев многу среќна, но и по малку се плашев“, рекла една мајка. Зошто се чувствувала така? Таа вели: „Знаев дека сега син ми сноси целосна одговорност пред Јехова за своите постапки“.

Секој млад човек треба да има цел да се крсти и да му служи на Јехова. Сепак, некои родители што се Сведоци можеби си мислат: ‚Знам дека моето дете добро напредува, но дали ќе има сила да им се спротивстави на притисоците и да остане морално чисто во Божји очи?‘ Други, пак, се прашуваат: ‚Дали ќе успее да му одолее на материјализмот и да продолжи ревносно и со радост да му служи на Бог?‘ Да видиме кои библиски совети можат да им помогнат на родителите да сфатат дали нивните деца се спремни да се крстат.

Најважно барање — да се биде Христов ученик

Божјата Реч не кажува на колку години некој може да се крсти. Наместо тоа, наведува еден услов кој треба да го исполни секој што сака да го направи овој чекор. Исус им ја дал следнава задача на своите следбеници: „Правете ученици од луѓето од сите народи, крштавајќи ги“ (Мат. 28:19). Според тоа, можат да се крстат оние што веќе станале ученици на Христос.

Што значи да се биде ученик на Христос? Во книгата Увид во Светото писмо (Insight on the Scriptures) е дадено следново објаснување: „Овој израз, пред сѐ, ги опишува оние што живеат според Христовите учења, а не оние што само веруваат во нив“. Дали еден прилично млад човек може да биде вистински ученик на Христос? Една сестра што повеќе од 40 години служи како мисионер во Латинска Америка, го напишала следново во врска со себеси и своите две сестри: „Иако бевме доста млади кога се крстивме, знаевме дека сакаме да му служиме на Јехова и да живееме во рајот. Тоа што му го заветувавме животот на Бог ни помогна да не им попуштиме на искушенијата во младоста. Никогаш не зажаливме што донесовме таква одлука на толку рана возраст“.

Од каде ќе знаеш дали твојот син или ќерка станале ученици на Христос? Библијата вели: „Детето се познава по она што го прави, дали е неговото дело чисто и исправно“ (Изр. 20:11). Да разгледаме кои работи ги прави детето кое веќе е ученик на Христос (1. Тим. 4:15).

Како се гледа дали детето е Христов ученик

Дали твојот син или ќерка те слуша? (Кол. 3:20). Дали ги извршува домашните обврски? Библијата вели дека Исус „им бил послушен“ на своите родители кога бил мал (Лука 2:51). Се разбира, ниту едно дете денес не може да им биде совршено послушно на родителите. Сепак, вистинските христијани треба ‚во сѐ да одат по Христовите стапки‘. Затоа, младите што сакаат да се крстат треба да бидат познати како деца кои им се послушни на родителите (1. Пет. 2:21).

Размисли за следниве прашања: Дали твоето дете ‚го бара најнапред Царството‘ со тоа што учествува во службата? (Мат. 6:33). Дали спремно разговара за добрата вест со другите или ти мора да го молиш да оди во служба и да зборува со станарите? Дали е совесен некрстен објавител? Дали сака повторно да ги посети луѓето што покажале интерес? Дали неговите соученици и наставници знаат дека е Јеховин сведок?

Дали му се важни собраниските состаноци? (Пс. 122:1). Сака ли да коментира на Проучувањето на Стражарска кула и на Собраниското проучување на Библијата? Дали учествува во Теократската школа за служба, и дали сериозно ги сфаќа своите задачи? (Евр. 10:24, 25).

Се труди ли да остане морално чисто со тоа што избегнува лошо друштво на училиште и во други прилики? (Изр. 13:20). Каква музика слуша? Какви филмови и ТВ-програми гледа? Какви видеоигри избира, и како го користи интернетот? Дали начинот на кој зборува и постапува јасно покажува дека сака да се држи за библиските мерила?

Колку добро ја познава Библијата? Може ли со свои зборови да го раскаже она што го учи во текот на Семејната вечер посветена на Јехова? Може ли да ги објасни основните библиски вистини? (Изр. 2:6-9). Сака ли да ја чита Библијата и да ги проучува публикациите од верниот и разборит роб? (Мат. 24:45). Дали поставува прашања во врска со библиските учења и стихови?

Овие прашања можат да ти помогнат да увидиш како стои твоето дете во духовен поглед. Откако ќе размислиш за нив, можеби ќе утврдиш дека треба да се подобри на некое поле пред да се крсти. Меѓутоа, ако од неговиот живот се гледа дека станало Христов ученик и ако веќе лично му се заветувало на Бог, можеби ќе заклучиш дека е спремно да се крсти.

Младите можат да го фалат Јехова

Многу слуги му биле верни и лојални на Бог како млади, па дури и како деца. Некои од нив се Јосиф, Самоил, Јосија и Исус (1. Мој. 37:2; 39:1-3; 1. Сам. 1:24-28; 2:18-20; 2. Лет. 34:1-3; Лука 2:42-49). Освен тоа, и четирите ќерки на Филип, кои пророкувале, сигурно биле многу добро поучени уште од мали нозе (Дела 21:8, 9).

Еден Сведок од Грција рекол: „Се крстив на 12 години, и никогаш не зажалив за тоа. Оттогаш поминаа 24 години, од кои 23 служам полновремено како пионер. Љубовта кон Јехова секогаш ми помагаше да се справам со проблемите во младоста. На 12 години, не ја познавав Божјата Реч толку добро како сега. Но, знаев дека го сакам Јехова и дека сакам да му служам засекогаш. Среќен сум што тој ми помага и понатаму да ја вршам неговата волја“.

Без оглед на возраста, секој што живее како вистински Христов ученик треба да се крсти. Апостол Павле напишал: „Со срцето се верува, и така се постигнува праведност, а со устата се објавува верата, и така се постигнува спасение“ (Рим. 10:10). Кога некој млад ученик на Христос ќе се крсти, тоа е голем успех и за него и за неговите родители бидејќи со тој чекор постигнале една важна цел. Затоа, не дозволувај ништо да те спречи ни тебе ни твоите деца да ја доживеете таа огромна радост!

[Фуснота]

a Некои имиња се сменети.

[Рамка на страница 5]

Исправно гледиште за крштавањето

Некои родители сметаат дека крштавањето на нивните деца е важен и корисен, но донекаде и ризичен чекор — исто како што е земањето возачка дозвола. Но, дали крштавањето и службата за Јехова навистина можат некому да му ја загрозат иднината? Библијата вели дека не можат. Во Изреки 10:22 стои: „Благословот од Јехова збогатува, и Бог не задава никаква болка притоа“. А Павле му го напишал следново на младиот Тимотеј: „Несомнено, оддаденоста на Бог е извор на голема добивка, кога човек е задоволен со она што го има“ (1. Тим. 6:6).

Точно, не е секогаш лесно да му се служи на Јехова. Еремија доживеал многу тешкотии додека служел како Божји пророк. Сепак, во врска со она што го правел за вистинскиот Бог, тој го рекол следново: „Твојата реч ме израдува и ми го развесели срцето, зашто јас го носам твоето име, Јехова, Боже над војските“ (Ерем. 15:16). Еремија знаел дека службата за Бог е извор на радост. А светот на Сатана е извор на проблемите. Родителите треба да им помогнат на децата да ја увидат оваа битна разлика (Ерем. 1:19).

[Рамка/слика на страница 6]

Дали моето дете треба да почека пред да се крсти?

Дури и кога децата ги исполнуваат условите за да се крстат, некои родители сепак сметаат дека треба малку да почекаат пред да го направат тој чекор. Зошто можеби мислат така?

Ако моето дете се крсти, се плашам дека подоцна може да направи тежок грев и да биде исклучено. Разумно ли е да се верува дека едно младо лице кое го одложува крштавањето нема да одговара за своите постапки пред Бог? Следниве зборови на Соломон важат за сите млади: „Знај дека... вистинскиот Бог ќе те изведе на суд [за твоите постапки]“ (Проп. 11:9). Освен тоа, и на младите и на старите, Павле им го дава следново потсетување: „Секој од нас ќе положи сметка за себе пред Бог“ (Рим. 14:12).

Сите што го познаваат Бог, сеедно дали се крстени или не, ќе положат сметка пред него. Не заборавај, Јехова ги штити своите слуги со тоа што ‚не дозволува да бидат искушани повеќе отколку што можат да поднесат‘ (1. Кор. 10:13). Сѐ додека размислуваат ‚трезвено‘ и се борат со искушенијата, тие можат да бидат уверени дека Бог ќе им помага (1. Пет. 5:6-9). Една мајка која е Сведок пишува: „Децата што се крстени имаат уште повеќе причини да не ги прават лошите работи на кои ги наведува светот. Син ми, кој се крсти на 15 години, смета дека крштавањето е еден вид заштита. Тој вели: ‚Не ти паѓа на памет да правиш нешто што е спротивно на Јеховиниот закон‘. Крштавањето е силен поттик некој да постапува исправно“.

Ако и со збор и со пример си ги поучил своите деца да го слушаат Јехова, биди уверен дека ќе продолжат да го прават тоа и откако ќе се крстат. Изреки 20:7 вели: „Праведникот живее непорочно. Среќни се неговите синови по него“.

Би сакал моето дете најпрво да постигне нешто во животот. Младите треба да научат да работат за да можат еден ден сами да се издржуваат. Но, опасно е да ги поучиш дека е поважно да стекнат повисоко образование и материјално да се обезбедат отколку да му служат на Бог. Во врска со едно симболично „семе“ — односно речта за Царството — кое не расте, Исус рекол: „Она што е посеано меѓу трње, тоа е оној што ја слуша речта, но грижите од овој свет и примамливото богатство ја задушуваат речта, па тој останува без плод“ (Мат. 13:22). Ако родителите ги поттикнуваат да си поставуваат световни наместо духовни цели, децата би можеле да ја изгубат желбата да му служат на Бог.

Осврнувајќи се на младите што ги исполнуваат условите за крштавање, но чии родители не им даваат да се крстат, еден искусен старешина рекол: „Ако родителите го спречуваат детето да се крсти, тоа може да се обесхрабри и да престане духовно да напредува“. А еден патувачки надгледник напишал: „Младиот човек би можел да помисли дека не е доволно близок со Бог или дека не е доволно добар да му служи. Поради тоа би можел да отиде во светот мислејќи дека таму ќе биде успешен“.

[Слика]

Дали треба прво да заврши факултет?

[Слика на страница 3]

Едно дете може да покаже дека веќе станало ученик на Христос ако...

[Слики на страница 3]

...се подготвува и учествува на состаноците

[Слика на страница 4]

...ги слуша родителите

[Слика на страница 4]

...им проповеда на другите

[Слика на страница 4]

...му се моли на Бог

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели