ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 15/6 стр. 18-19
  • ‚Донеси ги свитоците, особено пергаментите‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ‚Донеси ги свитоците, особено пергаментите‘
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како христијаните ги користеле свитоците
  • Што учиме од примерот на Павле?
  • Која е вистината за Свитоците од Мртвото Море?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Свитоците од Мртвото Море — зошто треба да те интересираат?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Избрани стихови од Посланијата до Солуњаните и до Тимотеј
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Што е Судниот ден?
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 15/6 стр. 18-19

‚Донеси ги свитоците, особено пергаментите‘

СО ОВИЕ зборови, апостол Павле побарал неговиот соработник Тимотеј да му донесе некои списи. На какви свитоци и пергаменти мислел Павле? Зошто ги побарал? И што можеме да научиме од тоа?

До средината на првиот век од н.е., кога Павле ги напишал овие зборови, 39-те книги од Хебрејските списи биле поделени на 22 или на 24 книги од кои повеќето најверојатно претставувале посебни свитоци. Според професорот Ален Милард, иако овие свитоци биле скапи, сепак „им биле достапни на поимотните граѓани“. Некои поседувале барем еден свиток. На пример, етиопскиот дворјанин имал свиток во својата кола и ‚на глас го читал пророкот Исаија‘. Овој човек бил ‚висок достоинственик на кандакијата, етиопската царица, кој бил поставен над целата нејзина ризница‘. Според тоа, сигурно бил доволно богат за да поседува делови од светите списи (Дела 8:27, 28).

Во своето писмо до Тимотеј, Павле напишал: „Кога ќе дојдеш, донеси ја наметката што ја оставив во Троада кај Карп, а донеси ги и свитоците, особено пергаментите“ (2. Тим. 4:13). Ова покажува дека Павле имал повеќе книги од светите списи. Впрочем, што друго би му било поскапоцено од Божјата Реч? Во врска со зборот ‚пергаменти‘ во овој стих, библискиот изучувач А. Т. Робертсон рекол: „Со оглед на тоа што овој материјал бил поскап од папирусот, пергаментите [што ги спомнува Павле] веројатно биле преписи на книгите од Стариот завет“. Уште како млад, Павле бил „школуван... пред нозете на Гамалиел“, учител на Мојсеевиот закон кој бил почитуван од целиот народ. Затоа не е чудно што Павле имал свој примерок од свитоците на Божјата Реч (Дела 5:34; 22:3).

Како христијаните ги користеле свитоците

Сепак, повеќето луѓе немале личен примерок од овие свитоци. Тогаш, како повеќето христијани во тоа време имале пристап до Божјата Реч? Одговорот можеме да го дознаеме од првото писмо што Павле му го пратил на Тимотеј, во кое напишал: „Додека да дојдам, посвети се на јавното читање“ (1. Тим. 4:13). Меѓу другото, на христијанските состаноци што ги одржувале тогашните собранија имало и јавно читање на Божјата Реч. Тоа било обичај кај Божјиот народ уште од времето на Мојсеј (Дела 13:15; 15:21; 2. Кор. 3:15).

Како старешина, Тимотеј морал ‚да се посвети‘ на јавното читање, од кое извлекувале корист оние што немале свој примерок од светите списи. Кога јавно се читала Божјата Реч, сигурно сите присутни внимателно слушале за да не пропуштат ни збор, а кога ќе се врателе дома, родителите најверојатно разговарале со своите деца за она што се читало на состаноците.

Познатиот свиток на Исаија кој бил пронајден кај Мртвото Море е долг околу 7 метри. Со оглед на тоа што биле намотани на дрвени палки и завиткани во парче ткаенина или, пак, се чувале во глинени садови, свитоците биле прилично тешки. Веројатно повеќето христијани не можеле да носат со себе многу свитоци кога проповедале. Иако Павле поседувал свитоци, најверојатно не можел сите да ги земе на своите патувања. Очигледно некои од нив ги оставил кај својот пријател Карп во Троада.

Што учиме од примерот на Павле?

Павле ги побарал свитоците од Тимотеј кога по вторпат бил затворен во Рим. Во истото писмо, само неколку реда погоре, тој напишал: „Добро се борев, трката ја истрчав до крај... Отсега за мене се чува венецот на праведноста“ (2. Тим. 4:7, 8). По сѐ изгледа, тој ги запишал овие зборови некаде околу 65 год. од н.е., кога Нерон ги прогонувал христијаните. Павле повторно се наоѓал в затвор, но во многу посурови услови. Всушност, тој знаел дека наскоро го чека сигурна смрт (2. Тим. 1:16; 4:6). Со оглед на тоа, не е чудно што толку многу сакал да ги има свитоците кај себе. Иако бил уверен дека добро се борел до крајот, Павле сепак сакал и понатаму да се зајакнува проучувајќи ја Божјата Реч.

Кога го добил писмото од Павле, Тимотеј веројатно сѐ уште бил во Ефес (1. Тим. 1:3). Од Ефес до Рим, преку Троада, имало околу 1.600 километри. Во истото писмо, Павле му порачал: „Стори сѐ што можеш да дојдеш пред зимата“ (2. Тим. 4:21). Библијата не кажува дали Тимотеј успеал да најде брод кој пловел за Рим и да стигне навреме.

Што учиме од тоа што Павле ги побарал ‚свитоците, особено пергаментите‘? Дури и кога минувал низ најтешкиот период од животот, тој копнеел да ја чита и да ја проучува Божјата Реч. Токму тоа секогаш му помагало да остане близок со Јехова, ревносно да ја врши својата служба и да ги зајакнува другите.

За нас е навистина огромен благослов што можеме да имаме личен примерок од целата Библија! Некои имаат дури и повеќе примероци и различни изданија од неа. Исто како Павле, и ние треба да развиваме желба подобро да ја разбереме Божјата Реч. Од сите 14 писма што тој ги напишал под водство на светиот дух, второто писмо до Тимотеј му било последното. Молбата што Павле му ја упатил на Тимотеј да му ги ‚донесе свитоците, особено пергаментите‘ е запишана на крајот од писмото. Всушност, тоа била една од неговите последни желби за кои знаеме.

Дали и ти имаш горлива желба добро да се бориш за верата до крајот, исто како Павле? Дали сакаш да останеш духовно буден и ревносно да проповедаш сѐ додека Господарот го бара тоа од нас? Ако да, на место е да го послушаш следниов совет на Павле што важи за секој христијанин: „Добро внимавај како живееш и како поучуваш“. Овој совет можеш да го примениш така што редовно и длабоко ќе ја проучуваш Библијата. Таа сега им е достапна на повеќе луѓе од кога и да е порано, и тоа не како свиток, туку како книга која многу полесно се чита (1. Тим. 4:16).

[Карта/слики на страници 18 и 19]

(Види во публикацијата)

Ефес

Троада

Рим

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели