ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/2 стр. 3-5
  • Што велат некои за Армагедон?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што велат некои за Армагедон?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Што е Армагедон?
    Одговор на библиски прашања
  • Армагедон — крај на светот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Што вели Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Армагедон — среќен почеток
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/2 стр. 3-5

Што велат некои за Армагедон?

„И ги собра на местото наречено по еврејски Армагедон“ (ОТКРОВЕНИЕ 16:16, Превод на МПЦ)

НА ШТО помислуваш кога ќе го чуеш зборот „Армагедон“? Веројатно на сцени од некоја голема катастрофа. Иако овој збор се појавува само еднаш во Библијата, средствата за јавно информирање и верските водачи често го спомнуваат.

Дали денешните сфаќања за Армагедон се совпаѓаат со она што го учи Библијата? Вреди да го дознаеш одговорот. Зошто? Затоа што вистината за Армагедон може да те ослободи од непотребни стравови, да ти помогне да имаш позитивен став кон иднината и да влијае врз начинот на кој гледаш на Бог.

Размисли за следниве три прашања и спореди ги денешните сфаќања за Армагедон со она што го вели Библијата.

1. ДАЛИ АРМАГЕДОН Е КАТАСТРОФА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ЧОВЕК?

Новинарите и истражувачите честопати го користат зборот „Армагедон“ за да ги опишат катастрофите предизвикани од човечка рака. На пример, двете светски војни некои ги нарекуваат Армагедон. По нив, луѓето се плашеа дека Соединетите Држави и Советскиот Сојуз ќе употребат нуклеарно оружје една против друга. Медиумите го нарекоа тој можен конфликт „термонуклеарен Армагедон“. Денес, истражувачите кои стравуваат дека загадувањето ќе предизвика драстични промени во климата на Земјата, предупредуваат дека нѐ очекува еден „климатски Армагедон“.

Што би значело ова: Дека иднината на нашата планета и животот на неа целосно зависат од луѓето. Ако владите не дејствуваат мудро, Земјата ќе претрпи трајна штета.

Што вели Библијата: Бог нема да им дозволи на луѓето да ја уништат Земјата. Библијата нѐ уверува дека Јеховаa не ја создал Земјата „залудно“. Напротив, ја направил „за да биде населена“ (Исаија 45:18). Наместо да дозволи нашата планета да биде целосно опустошена од луѓето, Бог ќе ги ‚уништи оние што ја уништуваат земјата‘ (Откровение 11:18).

2. ДАЛИ АРМАГЕДОН Е ПРИРОДНА КАТАСТРОФА?

Понекогаш, новинарите го користат зборот „Армагедон“ кога се работи за големи природни катастрофи. На пример, во 2010 год., во еден извештај се зборуваше за „,Армагедон‘ на Хаити“. Во него беше објаснето колкаво страдање, штета и жртви предизвика силниот земјотрес што ја погоди таа земја. Новинарите и филмските режисери не го користат овој збор само за настаните што веќе се случиле туку и за настаните што мислат дека допрва ќе се случат. На пример, го употребија зборот „Армагедон“ за да ги опишат замислените последици од астероид што ја погодува Земјата.

Што би значело ова: Дека Армагедон е случаен настан во кој гинат и невини жртви. Не можеш да направиш ништо за да се заштитиш.

Што вели Библијата: Армагедон не е настан во кој случајно паѓа како жртва кој било. Наместо тоа, во Армагедон ќе бидат уништени само злите. Библијата ветува дека наскоро „злиот ќе го снема. Ќе го побараш на местото негово, а него ќе го нема“ (Псалм 37:10).

3. ДАЛИ ВО АРМАГЕДОН БОГ ЌЕ ЈА УНИШТИ ЗЕМЈАТА?

Многу религиозни луѓе веруваат дека ќе дојде до една решавачка битка меѓу доброто и злото, во која нашата планета ќе биде уништена. Една анкета спроведена во Соединетите Држави открила дека 40 отсто од анкетираните возрасни лица веруваат дека светот ќе заврши во „битката Армагедон“ (Институт за истражување на јавното мислење „Принстон“).

Што би значело ова: Луѓето не биле создадени за да живеат вечно на Земјата, ниту Земјата треба да трае вечно. Бог ги создал луѓето, но еден ден секој мора да умре.

Што вели Библијата: Библијата јасно покажува дека Бог ‚ја утврдил земјата на нејзините темели и дека нема да се разниша довека, за сета вечност‘ (Псалм 104:5). А за жителите на Земјата, Библијата вели: „Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“ (Псалм 37:29).

Јасно, Библијата го кажува спротивното од многуте општо прифатени сфаќања за Армагедон. Според тоа, која е вистината?

[Фуснота]

a Јехова е личното име на Бог кое е запишано во Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели