ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/2 стр. 26-27
  • Зошто Бог има организација?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто Бог има организација?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Зошто Бог има организација?
    Добра вест од Бог!
  • Божјата видлива организација
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Дали Бог има организација?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Потребна ли е организирана религија?
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/2 стр. 26-27

Учи од Божјата Реч

Зошто Бог има организација?

Во оваа статија се разгледани прашања за кои можеби си размислувал. Таа ќе ти покаже каде можеш да го најдеш одговорот во твојата Библија. На Јеховините сведоци ќе им биде мило да разговараат со тебе за овие прашања.

1. Зошто Бог ги организирал Израелците?

Бог ги организирал потомците на Авраам во народ и им дал закони. Ги нарекол Израелци и им дал одговорност да го зачуваат чистото обожавање и неговата Реч, Светото писмо (Псалм 147:19, 20). Од тоа имаат корист луѓе од сите народи. (Прочитај 1. Мојсеева 22:18.)

Бог ги избрал Израелците да му бидат сведоци. Кога биле послушни, Божјите закони служеле за нивно добро (5. Мојсеева 4:6). Ако дознаеме нешто повеќе за историјата на Израелците, подобро ќе го запознаеме вистинскиот Бог. (Прочитај Исаија 43:10, 12.)

2. Зошто се организирани вистинските христијани?

Со текот на времето, Израелците ја изгубиле Божјата милост. Затоа, Јехова ги заменил со христијанското собрание (Матеј 21:43; 23:37, 38). Порано, Израелците му биле сведоци на Бог. Денес како сведоци на Јехова служат вистинските христијани. (Прочитај Дела 15:14, 17.)

Исус ги организирал своите следбеници да сведочат за Јехова и да прават ученици од сите народи (Матеј 10:7, 11; 24:14; 28:19, 20). Денес, тоа дело е во полн ек. За првпат Јехова обединил милиони луѓе од сите народи за да му служат на вистинскиот Бог (Откровение 7:9, 10). Вистинските христијани се организирани и за да можат да се охрабруваат и да си помагаат. Низ целиот свет, на нивните состаноци се добива истата библиска поука. (Прочитај Евреите 10:24, 25.)

3. Кои се современите почетоци на Јеховините сведоци?

Денешната организација на Јеховините сведоци започнала во 1870-тите. Една мала група Истражувачи на Библијата почнала да ги открива библиските вистини кои долго време биле паднати во заборав. Знаеле дека Исус го организирал христијанското собрание да проповеда. Затоа почнале едно меѓународно дело на проповедање за Царството. Во 1931 год., го усвоиле името Јеховини сведоци. (Прочитај Дела 1:8; 2:1, 4; 5:42.)

4. Како се организирани Јеховините сведоци денес?

Во првиот век, христијанските собранија во многу земји добивале водство од едно водечко тело што го признавало Исус како Глава на собранието (Дела 16:4, 5). Слично и денес, Јеховините сведоци го признаваат Исус како свој Водач (Матеј 23:9, 10). Исто така, ги следат упатствата од едно Водечко тело од искусни старешини кои им даваат духовно охрабрување и водство на повеќе од 100.000 собранија. Во секое собрание, обучени мажи служат како старешини, или надгледници. Тие со љубов се грижат за Божјето стадо. (Прочитај 1. Петрово 5:2, 3.)

Јеховините сведоци се организирани да ја проповедаат добрата вест и да прават ученици. За да им помогнат на луѓето во целиот свет, тие преведуваат, печатат и дистрибуираат публикации за проучување на Библијата на преку 500 јазици. Исто како апостолите, проповедаат од куќа до куќа (Дела 20:20). Оние што искрено ја бараат вистината можат бесплатно да ја проучуваат Библијата со нив. Бидејќи Јеховините сведоци сакаат да му угодат на Бог и да им помагаат на другите, тие претставуваат една организација која се состои од среќни луѓе. (Прочитај Псалм 33:12; Дела 20:35.)

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 19. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели