Учи од Божјата Реч
Што ќе се случи со религиите?
Во оваа статија се разгледани прашања за кои можеби си размислувал. Таа ќе ти покаже каде можеш да го најдеш одговорот во твојата Библија. На Јеховините сведоци ќе им биде мило да разговараат со тебе за овие прашања.
1. Дали сите религии се добри?
Во секоја религија има искрени верници. Бог мисли на нив и многу му се важни. Сепак, жално е што некои луѓе во името на религијата прават лоши работи. Во минатото, верските водачи дури и ги малтретирале оние што не ги прифаќале нивните учења (2. Коринќаните 4:3, 4; 11:13-15). Според новинските извештаи, и денес некои верски водачи се вмешани во тероризам, војни и злоупотреба на деца. (Прочитај Матеј 24:3-5, 11, 12.)
Библијата вели дека има вистинска и лажна религија. Лажната религија не ја кажува вистината за Бог. Но, Јехова Бог сака луѓето да ја знаат вистината за него. (Прочитај 1. Тимотеј 2:3-5.)
2. Што ќе се случи со религиите?
Бог не сака луѓето да бидат измамени од религиите кои тврдат дека го сакаат, но го претставуваат во погрешно светло. Всушност, припадниците на тие религии сакаат да бидат пријатели со светот, кој е под власта на Сатана, Ѓаволот (Јаков 4:4; 1. Јованово 5:19). Религиите што им се приврзани на човечките влади наместо на Бог, Божјата Реч ги споредува со блудница. Во Библијата оваа блудница е наречена „Големиот Вавилон“, според древниот град кој станал лулка на лажната религија по Потопот во времето на Ное. Наскоро, Бог сосема ненадејно ќе им стави крај на религиите што ги заведуваат и ги угнетуваат луѓето. (Прочитај Откровение 17:1, 2, 5, 17; 18:8, 23, 24.)
3. Како ќе завладее радост по целата Земја?
Добра вест е дека наскоро лажната религија ќе биде уништена. Тоа ќе донесе олеснување од нејзиниот стисок. Никогаш повеќе лажната религија нема да ги заведува ниту да ги разединува луѓето. Сите обединето ќе му служат на единствениот вистински Бог. (Прочитај Исаија 11:9; Откровение 18:20, 21; 21:3, 4.)
4. Што треба да направат искрените луѓе?
Јехова не ги заборавил искрените поединци кои припаѓаат на лажните религии низ целиот свет. Тој ги обединува овие луѓе со тоа што ги поучува за вистината. (Прочитај Михеј 4:2, 5.)
На Јехова му се важни луѓето кои сакаат да му служат. Можеби на нашите пријатели и роднини не им се допаѓа тоа што сме почнале да му служиме на Јехова. Но, не вреди поради тоа да ја изгубиме можноста Бог да ни биде пријател, да имаме ново и прекрасно „семејство“, како и надеж да живееме вечно. (Прочитај Марко 10:29, 30; 2. Коринќаните 6:17, 18.)
Нешто повеќе можеш да прочиташ во поглавја 15 и 16 од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци
[Извор на слика на страница 16]
The Complete Encyclopedia of Illustration/J. G. Heck