ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/7 стр. 3
  • Дали некој ги слуша молитвите?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали некој ги слуша молитвите?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто некои се сомневаат?
  • Молитвата може да ти помогне да се зближиш со Бог
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Приближување на Бог во молитва
    Што бара Бог од нас?
  • Вовед
    Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
  • Зближи се со Бог преку молитва
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/7 стр. 3

Дали некој ги слуша молитвите?

„Порано се сомневав дека постои Бог. И покрај тоа, понекогаш се молев. Не знаев дали некој воопшто ме слуша, но потајно се надевав дека горе на небото има некој. Бев несреќна и немав никаква смисла во животот. Се плашев да верувам во Бог затоа што си мислев дека само оние што се несигурни во себе веруваат во него“ (ПАТРИШАa ОД ИРСКА).

ДАЛИ и ти некогаш си се чувствувал како Патриша? Се молиш ли, иако можеби се сомневаш дека постои Бог? Ако да, не си единствениот. Размисли за следново.

◼ Една анкета спроведена меѓу 2.200 Британци открила дека само 22 отсто од испитаниците веруваат дека постои Бог кој го создал светот и ги слуша молитвите. Сепак, 55 отсто од испитаниците се молат барем понекогаш.

◼ Една друга анкета спроведена меѓу 10.000 луѓе од различни земји, покажала дека се молат речиси 30 отсто од испитаниците кои се изјасниле како атеисти.

Зошто некои се сомневаат?

Ален од Англија рекол: „Порано велев дека не верувам во Бог затоа што мислев дека религијата е измислена само за да го контролира народот и за да прави профит. Освен тоа, си размислував дека, ако постои Бог, не би имало толку многу неправди. Сепак, понекогаш ќе седнев и ќе му зборував на ‚некој или на нешто‘. Исто така, се прашував: ‚Зошто постојам?‘“

Секој човек што размислува вака си има свои причини да се сомнева во тоа дали некој ги слуша молитвите. Во многу случаи сомнежите може да се јават поради некои неодговорени прашања, како на пример:

◼ Постои ли Творец?

◼ Зошто религијата толку често влијае лошо врз луѓето?

◼ Зошто Бог ги допушта страдањата?

Ако го дознаеш одговорот на овие прашања, ќе бидеш ли поуверен дека некој ги слуша твоите молитви?

[Фуснота]

a Некои имиња во овие статии се сменети.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели