ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/10 стр. 26-29
  • Библијата менува животи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Библијата менува животи
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/10 стр. 26-29

Библијата менува животи

КАКО еден човек кој имал тешко детство станал добар сопруг и среќен татко? Што поттикнало една жена со многу пороци да си го среди животот? Прочитај што имаат да ни кажат тие.

„Се чувствував безвредно“ — ВИКТОР УГО ЕРЕРА

  • РОДЕН: 1974

  • ЗЕМЈА: ЧИЛЕ

  • НЕКОГАШ: АЛКОХОЛИЧАР

МОЕТО МИНАТО

Роден сум во Ангол, во прекрасните предели на јужен Чиле. Никогаш го немам запознаено татко ми. Кога сум имал три години, мајка ми, јас и брат ми сме се преселиле во главниот град, Сантјаго. Таму живеевме во една мала соба во привремен камп за бездомници. Користевме јавен тоалет и се снабдувавме со вода од еден хидрант за пожар.

По отприлика две години, владата ни даде мала куќа. За жал, во нашата населба имаше многу дрога, алкохол, криминал и проституција.

Еден ден, мајка ми се запозна со еден човек, со кој по некое време се омажи. Мојот очув беше тежок алкохоличар. Многу нѐ тепаше мене и мајка ми. Јас често плачев кога никој не ме гледаше и копнеев да имам татко што ќе ме заштити.

Иако мајка ми напорно работеше за да нѐ прехрани, бевме многу сиромашни. Кога бевме гладни, понекогаш за јадење имавме само млеко во прав и шеќер. За разонода, јас и брат ми скришум гледавме телевизија преку прозорецот на една сосетка. Но, еден ден таа нѐ фати и тоа беше крај на нашата забава!

Кога мојот очув беше трезен — што се случуваше многу ретко — ни купуваше мене и на брат ми нешто за јадење. Еднаш ни купи и мало телевизорче. Тоа беше еден од ретките моменти кога памтам дека сум бил среќен.

Кога имав 12 години, научив да читам. По една година прекинав со школувањето и почнав да работам. Откако ќе завршев со работа, одев на забави со моите возрасни колеги, каде што пиевме и земавме дрога. Набргу станав зависник.

Кога имав 20 години ја запознав Кати, и по некое време се венчавме. Во почетокот сѐ беше добро, но потоа јас им се вратив на старите навики. Станав дури и полош од претходно. Конечно сфатив дека еден ден ќе завршам или в затвор или в гроб. Што е уште полошо, заради мене мојот син, Виктор, ги доживуваше истите страдања кои јас ги доживував како мал. Бев тажен, лут на себе и се чувствував безвредно.

Некаде во 2001 год., кај нас дојдоа две жени кои беа Јеховини сведоци, и Кати почна да ја проучува Библијата со нив. Ми кажуваше сѐ што научила. Од љубопитност и јас почнав да проучувам. Во 2003 год., Кати се крсти како Јеховин сведок.

КАКО БИБЛИЈАТА МИ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ

Еден ден ги прочитав зборовите од Рут 2:12, каде што пишува дека Јехова ги наградува оние кои верата ја покажуваат со дела и бараат засолниште кај него. Сфатив дека, ако направам промени во животот, ќе му угодам на Бог и тој ќе ме награди. Забележав колку често во Библијата се осудува пијанството. Врз мене многу влијаеја зборовите од 2. Коринќаните 7:1. Тој стих нѐ поттикнува „да се исчистиме од секоја валканост“. Затоа, почнав да ги менувам лошите навики. Отпрвин уште почесто избувнував, но Кати никогаш не престана да ми дава поддршка.

Ја напуштив работата затоа што таму бев под голем притисок да пушам и да пијам. Иако тоа што еден период останав без работа значеше дека ќе живееме со многу малку приходи, имав повеќе време да ја проучувам Библијата. Дури тогаш вистински почнав духовно да напредувам. Кати никогаш не бараше повеќе од она што можев да ѝ го пружам во материјален поглед, ниту ми префрлаше што мораше да живееме поскромно. Многу сум ѝ благодарен што со љубов продолжи да ме поддржува.

Малку по малку почнав повеќе да се дружам со Сведоците. Тие ми помогнаа да сфатам дека, и покрај тоа што немам световно образование, Јехова ја цени мојата искрена желба да му служам. Љубовта и единството што ги видовме во христијанското собрание многу влијаеја врз нашето семејство. На ниедно друго место немавме најдено таков мир. Во декември 2004 год., се крстив и јас.

МОЈОТ ЖИВОТ СЕГА

Искусив колку е вистинито она што го рекол Јехова во Исаија 48:17: „Јас, Јехова, сум твој Бог, кој те учи да го правиш она што е за твое добро, кој те води по патот по кој треба да одиш“. Мајка ми и брат ми беа толку одушевени од моите промени што сега и тие ја проучуваат Библијата. Дури и моите комшии се радуваат што сега сум многу поинаков и што имам среќен семеен живот.

Имам жена што го сака Бог и ме смета за доверлив пријател. Иако никогаш не го запознав татко ми, Библијата ме научи како да ги воспитувам моите три сина. Тие ме почитуваат. Што е најважно од сѐ, за нив Јехова е реална Личност и многу го сакаат.

„Иако никогаш не го запознав татко ми, Библијата ме научи како да ги воспитувам моите три сина“

Многу сум благодарен што и покрај моето несреќно детство, Јехова ми овозможи да станам среќен човек.

„Станав гневна и агресивна девојка“ — НАБИХА ЛАЗАРОВА

  • РОДЕНА: 1974

  • ЗЕМЈА: БУГАРИЈА

  • НЕКОГАШ: ДИЛЕР НА ДРОГА

МОЕТО МИНАТО

Родена сум во Софија, во семејство од средната класа. Татко ми нѐ напушти кога имав шест години. Тоа ми беше голем шок кој ми нанесе неопислива емоционална болка. Се чувствував отфрлена и недостојна некој да ме сака. Додека растев, тие чувства ме наведоа да се бунтувам. Станав гневна и агресивна девојка.

На 14 години, првпат избегав од дома. Често крадев пари од мајка ми, баба ми и дедо ми. На училиште секогаш имав проблеми поради мојот насилен карактер, и затоа за само неколку години сменив пет училишта. Три години пред матурата престанав да се школувам. Живеев многу неморално. Станав зависник од цигари и марихуана. Многу пиев, често одев по забави и бев вмешана во трговија со дрога. Ми немаше смисла животот во еден безнадежен свет каде што луѓето страдаат и умираат. Затоа живеев само за задоволствата што ги носеше денот.

Во 1998 год., кога имав 24 години, ме уапсија на аеродромот во Сао Пауло (Бразил) затоа што нелегално пренесував дрога. Ме осудија на четири години затвор.

КАКО БИБЛИЈАТА МИ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ

Во 2000 год., Јеховините сведоци почнаа да доаѓаат во затворот еднаш неделно. Маринес, која беше Јеховин сведок, беше многу љубезна. Таа разбуди во мене желба да дознаам нешто повеќе за Библијата. Бидејќи никогаш дотогаш немав чуено за Јеховините сведоци, ги прашав другите затворенички што знаат за нив. На мое изненадување, повеќето од оние што ги прашав ми кажаа лоши работи за Сведоците. Една затвореничка ми рече да ѝ се приклучам на која било религија, само не на Јеховините сведоци. Нејзините зборови уште повеќе ми ја разгореа љубопитноста да дознаам зошто овие луѓе беа толку омразени. Сметав дека причината беше тоа што се вистинската религија. Всушност, Библијата вели дека секој што искрено се труди да го следи Исус ќе биде прогонуван (2. Тимотеј 3:12).

Во тоа време имав задача да работам во административната зграда на затворот. Еден ден во магацинот најдов некои кутии со постари изданија на списанијата Стражарска кула и Разбудете се!a Ги зедов во мојата затворска ќелија и почнав да ги читам. Колку повеќе читав, толку повеќе се чувствував како човек во сува пустина кој штотуку нашол извор со питка вода. Бидејќи имав многу слободно време, секој ден со часови ја проучував Библијата.

Еден ден ме викнаа во канцеларијата на управникот на затворот. Очекував дека ќе ме пуштат од затвор, па затоа веднаш си ги собрав своите работи, се поздравив со другите затворенички и со трчање појдов во канцеларијата. Меѓутоа, кога стигнав таму, дознав дека против мене имало ново обвинение за поседување лажни документи. Затоа бев осудена на уште две години затвор.

Во почетокот бев скршена. Но, по неколку дена почнав да согледувам дека зад тоа што ми се случи лежи еден скриен благослов. Иако научив многу работи од Библијата, во срцето сѐ уште сакав да му се вратам на стариот живот откако ќе бидам пуштена на слобода. Ми требаше уште време за да се променам.

Понекогаш мислев дека е невозможно Бог да ме прифати. Но, размислував за некои стихови, како на пример 1. Коринќаните 6:9-11. Тие стихови покажуваат дека во првиот век од н.е., некои христијани биле крадци, пијаници и изнудувачи пред да почнат да му служат на Јехова. Сепак, тој им помогнал да се променат. Нивниот пример многу ме охрабри.

Од некои пороци ми беше многу лесно да се откажам. На пример, без проблем престанав да земам дрога. Но, сосема поинаку беше со цигарите. Повеќе од една година водев борба за сосема да престанам да пушам. Една работа што ми помогна беше тоа што се информирав колкава штета му нанесуваат цигарите на здравјето. Но, најголемата помош да ја победам таа навика ми беше тоа што постојано му се молев на Јехова.

„Го најдов најдобриот Татко — оној што никогаш нема да ме напушти!“

Додека се зближував со Јехова, малку по малку почнав да ги надминувам чувствата на безвредност кои ме мачеа откако нѐ напушти татко ми. Длабоко ме трогнаа зборовите од Псалм 27:10. Таму пишува: „И да ме остават татко ми и мајка ми, Јехова ќе ме прифати“. Сфатив дека го најдов најдобриот Татко — оној што никогаш нема да ме напушти! Мојот живот доби смисла. Во април 2004 год., шест месеци откако ме пуштија од затвор, се крстив како Јеховин сведок.

МОЈОТ ЖИВОТ СЕГА

Многу сум среќна. Ослободена од лошите навики, имам подобро физичко и емоционално здравје отколку кога бев помлада. Сега имам среќен брак и мојот небесен Татко, Јехова, ми е близок пријател. Меѓу луѓето што му служат најдов многу татковци, мајки, браќа и сестри (Марко 10:29, 30). Благодарна сум што во мене видоа нешто добро — дури и пред тоа да го видам јас.

Понекогаш ме преплавуваат чувства на вина поради минатото. Но, утеха наоѓам во мислата дека во новиот свет што го ветува Бог, лошите спомени ‚нема да доаѓаат во сеќавање‘ (Исаија 65:17). Во меѓувреме, она што го доживеав ми помага да бидам сочувствителна кон луѓето што се соочуваат со слични проблеми. Во таа смисла минатото ми е голема предност. На пример, додека сум во служба на проповедање, прилично лесно ми е да разговарам со луѓе што земаат дрога, многу пијат или се криминалци — и тоа без да имам никакви предрасуди кон нив. Уверена сум дека, штом јас можев да направам промени за да му угодам на Јехова, тоа може да го направи секој!

a Издадени од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели