ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/10 стр. 30-31
  • Немој да бидеш амбициозен!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Немој да бидеш амбициозен!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Сличен материјал
  • Уништувањето на Содом и Гомор
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Исус им одолеал на искушенијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Мојсеј добива посебна задача
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Исус лекува со чуда
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/10 стр. 30-31

Катче за младите

Немој да бидеш амбициозен!

Упатство: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си ги околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на ликовите. Живо претстави си ги настаните.

Главни ликови: Давид, Авесалом и Јоав.

Кратка содржина: Авесалом се обидува да го преземе престолот на својот татко.

АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ 2. САМОИЛОВА 14:25-33; 15:1-17; 18:9-17, 30-33.)

Како си го замислуваш Авесалом? (Повторно прочитај 2. Самоилова 14:25, 26.)

Како се однесувал Авесалом и каков му бил тонот на гласот додека се обидувал да ги придобие срцата на луѓето што доаѓале да бараат правда кај царот? (Повторно прочитај 2. Самоилова 15:2-6.)

Што дознаваш за личноста на Авесалом од случката запишана во 2. Самоилова 14:28-30?

РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.

Што направил Авесалом за да седне на престолот? (Мала помош: Прочитај 2. Самоилова 13:28, 29. Амон бил најстариот син на Давид, па според тоа и наследник на престолот.)

И покрај својата амбиција и обидите да стекне слава за себе, како начинот на кој бил погребан Авесалом покажува каков бил навистина? (Повторно прочитај 2. Самоилова 18:17.)

Што мислиш, зошто Авесалом станал амбициозен? (За споредба прочитај што пишува за Диотреф во 3. Јованово 9, 10.)

Како се чувствувал Давид поради постапките на Авесалом? (Мала помош: Прочитај го 3. Псалм, кој Давид го напишал во времето кога Авесалом се побунил.)

ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...

опасноста од амбициозноста

болката што нечии постапки можат да ја предизвикаат кај другите, вклучувајќи ги и родителите

ДРУГИ ПОУКИ.

Како може да паднеш во замката да станеш амбициозен?

Што можеш да направиш за да не станеш претерано горд?

ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?

Предлог: Замисли си поинаков крај на оваа случка! Што ќе се случело ако Авесалом бил скромен наместо амбициозен? (Изреки 18:12).

Посети ја веб-страницата www.jw.org

Читај ја Библијата на Интернет

Преземи ја или отпечати ја оваа статија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели