ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 15/1 стр. 32
  • Нејзините напори биле наградени

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нејзините напори биле наградени
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „ОЧЕКУВАШЕ НЕКОЈ ПОВОЗРАСЕН“
  • Како треба да се молиме за Бог да нѐ чуе?
    Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
  • Тие се ставиле на располагање — во Норвешка
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Мали тела, големи срца
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • На 2 април ќе почнеме да делиме покани за Спомен-свеченоста
    Нашата служба за Царството 2011
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 15/1 стр. 32

Нејзините напори биле наградени

Марија Изабел е ревносна млада објавителка која живее во Сан Бернардо во Чиле (Јужна Америка). Нејзиното семејство, кое му припаѓа на индијанското племе Мапуче, имало голема желба да се основа ново собрание на нивниот јазик кој, освен мапуче, се нарекува и мапудунгун.

Кога добиле известување дека Спомен-свеченоста по повод Христовата смрт ќе се одржи и на мапудунгун, и дека се отпечатени 2.000 покани на овој јазик, Марија Изабел почнала да размислува како би можела да подели повеќе покани. Се сетила на искуствата на други млади Сведоци кои успешно им проповедале на своите соученици и наставници. Затоа разговарала со своите родители, и заедно одлучиле таа да размисли како би можела да подели покани во училиштето. Што решила да направи?

Најпрво, Марија Изабел ги прашала претпоставените во училиштето дали може да закачи една покана на главниот влез. Тие ѝ дозволиле, и ја пофалиле за тоа. Дури и директорот дал известување за поканата преку училишниот разглас!

Потоа Марија Изабел замолила да ѝ дозволат да помине во сите училници. Откако наставниците се согласиле, ги прашала учениците во секој клас дали некој од нив е од племето Мапуче. Таа вели: „Мислев дека во целото училиште има само 10-15 ученици од моето племе, но имаше многу повеќе — на крајот дадов вкупно 150 покани!“

„ОЧЕКУВАШЕ НЕКОЈ ПОВОЗРАСЕН“

Една жена ја видела поканата на влезот од училиштето, и прашала кој може да ѝ даде повеќе информации за тој настан. Замисли си колку била изненадена кога ја упатиле да разговара со десетгодишно девојче! „Очекуваше некој повозрасен“, вели Марија Изабел со насмевка. Таа ѝ дала покана на жената и кратко ѝ објаснила за што се работи. Потоа ја побарала нејзината адреса за да може да ја посети заедно со своите родители и да разговараат повеќе за Божјето Царство. Дваесетте објавители кои служат во групата на мапудунгун биле пресреќни кога таа жена и 26 други заинтересирани лица дошле на Спомен-свеченоста. Сега таму има напредно собрание на овој јазик.

Без оглед на твојата возраст, дали можеш и ти да поканиш некои твои соученици или колеги на Спомен-свеченоста, на некое јавно предавање или, пак, на некој конгрес? Би можел да истражуваш во нашите публикации за да најдеш некои искуства кои ќе ти дадат идеја како да го направиш тоа. Исто така, моли го Јехова да ти даде свет дух за да имаш храброст да сведочиш за Него (Лука 11:13). Ако правиш така, можеби и ти ќе се изненадиш и ќе се охрабриш кога ќе видиш како ќе бидат наградени твоите напори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели